Мажјаци / Женки

L

Lu

Гостин
Јас кога би зимала некое кученце или маченце секогаш би одбрала да биде машко затоа што машките не се толку проблематични како женските.
Па јас сакам и машки и женски, ама кога го зимавме моето куче моите сакаа мажјак затоа што е полесно да се чува отколку женско.
Па секогаш гледам, мажјак да земам, затоа што за женките има повеќе обврски отколку за мажјаците, мада женките ми се некако помили ама сепак сум за мажјак.
Мажјак во секој случај е полесно за чување.
Бре се експерти на темава :LOL:
Дајте луѓе немојте да тресете глупости што сте ги чуле од рекла-казала муабети.
Ај сега малку подетално да ви објаснам некои работи ...

Гледам на темава се изјасниле повеќето дека мажјаците биле полесни за чување од женките.
Сите што мислат дека мажјак куче е полесно за чување од женка се во една голема заблуда.

Женките се многу поприврзани за семејството, а циклусот што е 2 пати годишно и што трае по 15_тина дена не е ама баш никаков проблем или изговор за да не чувате женка.

Со мажјаците е многу потешко затоа што ако осетат женка во циклус им се исклучуваат сите жици во главата и веќе не размислуваат трезвено, па ти викај како будала по него да се врати али џабе ти е, едноставно не те ферма.

А покрај тоа што ако помирисаат женка во циклус ќе побегнат по неа, уште полошо што може да ви се случи е тоа ако се погодат на исто место двајца возрасни и зрели мажјаци и женка во циклус.
Е тек тогаш доаѓа до општа тепачка за да се знае чија е женката, а особено што мажјаците си имаат некое свое его па и кога нема женка во нивна близина они сепак сакаат да си се докажат кој е поголем фраер.
И секогаш има можност двајцата мажјаци крвнички да се степаат и да едвај ги одвоите и да има последици од тепачката.

На женките циклусот им трае 15_тина дена и добиваат на 6 месеци, значи женките треба да ги пазите само 30_тина дена во годината, а додека мажјаците треба да ги пазите да не ви избегаат и да не се здават со друг мажјак 365 дена во годината тоест нонстоп.

Затоа мојот избор секогаш ќе биде женка, бидејќи многу полесно и поедноставно е да чуваш женка :)
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
76
Поени од реакции
43
Јас сум секогаш повеќе за женка,попаметни ми се некако побрзо ми созреваат,а и поприврзани се.Кога го зимав азијатот сакав женско ама немаше.До сега сум чувала 4 женки и 2 мажјаци и ќе кажам дека сепак сум за женка.Иако го сакам овој мајмун највеќе на свет,ама женка си е женка,нека не ве плаши тоа што имаат добиено или што треба да раѓаат.Зошто секогаш кога ќе кажам подобро женка,сите одма еј ќе ти крвари па треба да раѓа па не знам што,наш менталитет
 
L

Lu

Гостин
Женките кога прв пат добиваат циклус?
Помалите раси на околу 6 - 7 месечна возраст, а поголемите раси знаат покасно да добијат циклус ... од 7 - 8 па се до 1 годишна возраст ... нема некое правило, се е индивидуално.
 
Член од
24 мај 2014
Мислења
3.923
Поени од реакции
3.940
Jas da bi imal uslovi bi cuval i masko i zensko kuce licno mene maskite mi se poubavi pogolemi rastat posilni se i red drugi raboti ali i zenkite si imaat prednost po poslusni se poveke podlezat na dresura pa ragjaat i malecki ako e dobro legloto i kutrinjata se so pedigre mozes i nekoja para da zarabotish se si ima svoe... definitivno jas sum za masko kuce eden dobar silen golem mazjak Rotvajler :cool:
 

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
762
Поени од реакции
786
Па, зависи кое е животното. Ако е куче, тогаш женка, зошто женките се помили и поприврзани од мажјаците.(затоа и одбрав да земам женско куче) Ако е мачка, тогаш мажјак зошто женките не толерираат толку колку и мажјаците. Јас имам мачка, женка. Многу е приврзана за мене. Премногу, гласот ми го препознава од 2 км. Но, многу брзо се нервира и не сака да биде галена од непознати луѓе. Сум чувала и мажјак предходно (нејзин син) и помило маче не сум видела. Секој сакаше, кај секој се галеше и не му се случило да ме изгребе. Сакавме да го кастрираме, ама не успеавме... го отрул некој нечовек... И за мачките (женки) најдобро е да се стелиризираат. Од кога е стелиризирана мојата мачка, многу е приврзана за мене.
 
На врв Bottom