Мажјаци / Женки

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување

Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Дали кога земате било какво животно (куче, маче, рипки, зајаче и др.), внимавате каков пол е? Јас на пример, според мене, женските кучиња се помили од другите :) Како е кај вас? Дали ги бирате?
Едноставно, што мислите во врска со тоа? :)
 
Кога го купувавме мачето, сами си одбравме да биде мажјак.
Малце се зезнавме со тоа, пошто сега лудува низ дома секој пат кога ќе му дојде сезона за парење, ама нема везе :icon_lol:
Не сакавме женка затоа што не можеме да чуваме уште маченца (кога таа би се породила), а нема да имаме срце да ги продадеме :)

За кучево, баш и немавме избор. Непланирано го задржавме дома, така да немаше кога да бираме дали сакаме машко или женско. Ама тоа ми е тотално сеедно.
И машките и женските се прекрасни, иако мора да се признае дека мажјаците се попроблематични во период на парење, а женките околу бременоста.
 
PSYtisfaction напиша:
Кога го купувавме мачето, сами си одбравме да биде мажјак.
Малце се зезнавме со тоа, пошто сега лудува низ дома секој пат кога ќе му дојде сезона за парење, ама нема везе :icon_lol:
Не сакавме женка затоа што не можеме да чуваме уште маченца (кога таа би се породила), а нема да имаме срце да ги продадеме :)
И со женските мачиња е слично ... и на нив кога им доаѓа периодот за парење се однесуваат чудно и по цела ноќ мјаукаат.
 
Јас пак ко ќе земев некое куче, се се погаѓаше женско. И преку летото оти го чував надвор, во куќа, ко ќе надојдеа машки кучиња само лаеја оти неможеа да влезат кај неа :)
 
Првото куче сакавме да биде мажјак.
Никогаш не би собрала „храброст” да ги дадам малите и ко што се знам себеси, попрво ќе чувам 5-6 кучиња отколку да ги дадам:pos:
Плус, кога татко ми отиде да го купи малиов ѕвер мој, он беше последен од леглото.
Беше голем колку глувче, никој не го сакал, и татко ми реши да го земе. И направи прекрасен избор :)

Второто куче ни дојде непланирано, женка, но претходно беше кастрирана.
 
Јас сакам многу женка, али секогаш сме земале машки кучиња.
 
Јас кога би зимала некое кученце или маченце секогаш би одбрала да биде машко затоа што машките не се толку проблематични како женските.
 
Па секогаш гледам, мажјак да земам, затоа што за женките има повеќе обврски отколку за мажјаците, мада женките ми се некако помили ама сепак сум за мажјак.
 
Не е важно дали е куче или кучка, нека е живо и здраво и нека е машко LOL^
 
Јас и за куче и за маче секогаш одбирам мажјак.
 
Па јас сакам и машки и женски, ама кога го зимавме моето куче моите сакаа мажјак затоа што е полесно да се чува отколку женско.
 
Мажјак во секој случај е полесно за чување.
 
Секогаш сум чувала и ќе чувам женка, никогаш не би чувала машко куче.
 
Јас имам две женски мачиња и еден мачор. Јас и машко и женско маче сакам, но машките најчесто кога сакаат да се парат бегаат од домовите и се враќаат по неколку дена, па некогаш и по неколку недели ги нема.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom