Еве едно искрено прашање, не го сфаќајте како навреда. Зошто толку напињате у врска?
На пример, си се видел на кафе со неа, и утредента ти се јавува и те прашува што има ново... Што може да има вчера се видовме. Или ти се јавува по еднаш-двапати секој ден, и ти врти безвезе муабети по дваесетина минути. А ти се лути ко којзнае што да си направил ако ти заборавиш (или не можеш, од оправдани причини) да и се јавиш ден-два.
Не може да се најде девојка што си кулира, мислам... Можеби се работи за парадокс, некоја што е флегматична па не се замара со дечковци, врски и глупости, и невозможно е со неа да бидеш во врска.