Го има некој пробано срањево?
Еве еден ритуал кој ќе можете на заобиколен начин да го употребите во љубовните магии.! Најдобро време за овој ритуал е ноќ со полна месечина кој му дава додатна сила.
Потребни ви се : ритуален нож – може да послужи чист кујнски, подолг стап – најдобро од леска, парче чиста хартија.
Прво направете магичен круг заради заштита,и во него седнете, а на парчето хартија напишете ја вашата желба. Свиткајте ја хартијата неколку пати и ставете ја во центар на кругот. Точно над неа држете го стапот вертикално во левата рака, а ножот во десна рака.
Завртете се кон југ држејќи го ножот во таа насока и изговарате:
“ Чувари на југот, духови на огнот,
Во име на Бог и Богиња,
Во име на силата на природата,
Ве повикувам и ве молам вас,
Оваа желба понесете ја,
Со вашата моќ остварете ја!”
Завртете се кон запад држејќи го ножот во таа насока и изговарате:
“ Чувари на западот, господари на водата,
Во името на Бог и Богиња,
Во име на сила на природата,
Ве повикувам и ве молам,
Оваа желба остварете ја,
Сите препреки отклонете ги!”
Завртете се кон север дежејќи го ножот во таа насока додека изговарате:
“ Чувари на северот, низ моќта на земјата,
Во име на Бог и Богиња,
Во име на сила на природата,
Ве повикувам и ве молам,
Желбата моја преземете ја,
Со вашата енергија остварете ја! “
Завртете се кон исток држејќи го ножот во таа насока и изговарате:
“Чувари на истокот, јавачи на ветровите,
Во име на Бог и Богиња,
Во име на сила на природата,
Ве повикувам и ве молам,
Вивнете се во висините и желбата моја исполнете ја!”
Потоа излезете надвор со хартијата во раце и изговарајте:
“Оган, вода, земја, воздух
Соединетесе во пентаграм,
(нацртајте пентаграм на хартијата)
Во име на Бог и Богиња,
Во име на светлото и темнината,
Моите посакувања ќе бидат исполнети,
Низ следните денови остварени!”
Сега едноставно запалете ја хартијата и пуштите целосно да изгори!
Тоа е тоа и се надевам дека некому ќе помогне ! Среќно