МАРнет - пререгистрација, нови регистари и искуства?

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Сите што се занимаваат со регистрација на домејни, хостинг и општо веб дизајн, се израдувавме на промената на МАРнет од државна во приватно (засега 4 регистари, најверојатно ќе има уште допрва: http://marnet.mk/registrari/ ).

Како што прочитав, досегашните процедури за регистрација кои ги правевме во МАРнет, сега ќе треба да се направат наново (по пошта, со документи, печати и 300 срања) кај еден од 4-рите регистари. Многу „благорарен“ сум за „промената“ („накратко“, единствена информација прочитав на http://mkhost.com.mk/preregistracija/ , засега фаворит иако се немам одлучено), за сега наново да ги спремам сите документи за сите домејни (кои голем дел се на различни фирми клиенти, без многу познавање од ИТ светот, а сега јас морам да им ги пополнам формуларите, па да удрат печати, па да ги пратам по пошта во новите регистрари за пререгистрација), и сето тоа ќе се наплаќа (бар така разбрав, од ценовниците на сајтовите).

Како врвот на задоволството, јаготката на шлагот, цените за нов домејн и продолжување на домејн, се од 800 денари па нагоре (секој регистар си има посебни цени). МКХост не најдов цена, претпоставувам ќе бидат најскапи. Општо, цената е далеку над таа на .com домејн на пример (8 до 10 долари), и иако досега препорачував .мк домејн, ради ниската цена на обнова (310 денари), отсега ќе биде обратно.

Значи, можда ќе се подобри квалитетот на услугата (да може онлајн да се сменат НС сервери од сменет хостинг итн), ама сепак сум песимист дека ќе се направи лесно да се регистрира нов домејн (со едноставно кликање, пополнување податоци и кредитна картичка и плаќање). Мислам дека од добар секс, со променава ќе ни направат одличен секс (извинете на изразот, си кажувам мислење), слично како со книговодствените услуги, кога квалитетот на услугата не се смени, се сменија цените (за 2 до 3 пати поскапи).

Сепак, иако почнав со мрчење, темата ја отварам да споделиме искуства, кои од приватните регистари се најдобри во однос на цена/услуга/квалитет.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.425
Од приватните регистрари можам да речам дека според моето досегашно искуство - МКХост се најдобри.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704

Со оглед дека неколку години хостирав страна кај МКхост, па поради „квалитетот“ на услугата се префрлив кај Т-хоме, сега се решив за пререгистрација на доменот од Марнет во Ухост (за кои воопшто немам никакви информации). Кај нив цената е 690 ден. за пререгистрација и за правата година, додека за обновување на доменот од втората година ќе се плаќа по 750 ден годишно. За сега од нивната услуга сум задоволен - а тоа е поради тоа што иако имав направено грешка во барањето за пререгистрација на доменот, од Ухост ми се јавија телефонски и ги замолив да ги променат тие информациите и да ја исправат тие грешката наместо мене. Тоа и го сторија и уште ми рекоа дека не мора потпишаните документи да им ги праќам преку пошта, туку да им дадам адреса на која нивни агент ќе ги подигне документите на нивни трошок. Така и постапија :)
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057

Ова е многу јако, по пошта и со уплатница да регистрираш домен. Ја да сум на твое место, би им напишал писмо, на излитена пожолтена хартија, во ракопис (и тоа лош), со кое барам да ми го регистрираат доменот
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Со оглед дека неколку години хостирав страна кај МКхост, па поради „квалитетот“ на услугата се префрлив кај Т-хоме, сега се решив за пререгистрација на доменот од Марнет во Ухост (за кои воопшто немам никакви информации). Кај нив цената е 690 ден. за пререгистрација и за правата година, додека за обновување на доменот од втората година ќе се плаќа по 750 ден годишно. За сега од нивната услуга сум задоволен - а тоа е поради тоа што иако имав направено грешка во барањето за пререгистрација на доменот, од Ухост ми се јавија телефонски и ги замолив да ги променат тие информациите и да ја исправат тие грешката наместо мене. Тоа и го сторија и уште ми рекоа дека не мора потпишаните документи да им ги праќам преку пошта, туку да им дадам адреса на која нивни агент ќе ги подигне документите на нивни трошок. Така и постапија :)
Баш ме интересира дали и во Битола би ми направиле таква услуга, претпоставувам само за Скопје е ова. Како и да е, благодарам за споделеното искуство, ќе ги земам и Ухост во предвид.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Баш ме интересира дали и во Битола би ми направиле таква услуга, претпоставувам само за Скопје е ова. Како и да е, благодарам за споделеното искуство, ќе ги земам и Ухост во предвид.
Претпоставувам дека и во битола би ти ја направиле таа услуга, со оглед дека јас сум од Охрид и во Охрид ја добив таа услуга, не во Скопје :) Инаку, не би сакал да испадне дека ги рекламирам бидејќи како што кажав и погоре, не знам ама баш ништо за нив, само го споделувам моето искуство со нив и претходно со МКхост.
 
DarkoG

Better then ever before.
Член од
19 август 2008
Мислења
701
Поени од реакции
81
многу набиени цени ставиле МКХОСТ и УХОСТ да не мислат дека некој ќе се излаже да им купи .МК домени со оглед на тоа дека има други компании кои што ги продаваат 20-30% поевтино
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
26
Поени од реакции
16
Што е со цениве од 310 на 800 денари, а промена освен што марнет си расчитија обврските никакви! Уште една превара со домејниве! Зошто да плаќаме скоро три пати повеќе за домејн сега кога пак треба да се испраќат договори по пошта итн итн.. ??

Какви глупости невидени. Знам дека Марнет требаше одамна да се расчисти со овие обврски како што е во секоја држава во светот, но ова е нелогично. Цената рипа х 3, а промена никаква. Ова значи дека хостинг компаниите кои добиле лиценца освен што ќе си нудат свој сопствен хостинг пакет, сега плус ќе имаат ќар и од 500+ денари од регистрација/обнова на домејн.
 
Bidikov

Server guru
Член од
25 јануари 2005
Мислења
2.680
Поени од реакции
693

Разгледај ги понудите на регистрарите ... има и такви кај кои разликата во цена е минимална ... (пример нова регистрација за 800+ДДВ, обнова/пререгистрација за 400+ДДВ)
Една од предностите е токму тоа правото на избор на регистрар согласно пазарната логика ...
 
Член од
14 јули 2007
Мислења
21
Поени од реакции
7
Знам дека отварам стара тема, али има некои промени во вашите мислења? Во моментов правам пререгистрација и се одлучив за МКхост. Некој да ми го смени мислењето? Не прашувам од аспект на цена, туку ми треба квалитетна услуга.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom