eve vi eden Primer...... Симе Стојчевски
http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=53149
И додека хотелите се реновираат, извори за А1 тврдат дека продажбата на „Европа” е изведена во нејасни должничко доверителски односи меѓу неколку фирми зад кои стојат ресенски моќници.
Пред 4 години хотелот под закуп го земала фирмата „Евротурс мако”, која во судот се регистрирала само 15 дена пред да склучи договор за закуп.
За 3 години „Евротурс мако” заедно со уште една фирма, „Борис и Борис”, прикажуваат побарувања од „Европа” од дури 410.000 евра.
Со судско рочиште си го наплатуваат долгот така што „Борис и Борис” го купува хотелот „Југославија” со придружните објекти за вкупно 250.000 евра.
Фирмата „Евротурс мако” ги добива автокампот во Отешево со спортските терени за само 100.000 евра.
Во „Евротурс мако”, покрај 9 физички лица кои вложиле по 100 евра, како основач се јавува и туристичката агенција „Авиотурс”.
После 3 месеци од сопственичкиот влез во најатрактивниот туристички комплекс во Преспанскиот регион, „Југославија” и „Европа” изгореа.