деновиве повеќе спиев, а кога спијам прекувремено, сонувам побистри сонови. Не ми текнува на цел, но од почетокот уживав во море со огромни бранови.. а потоа одеднаш се најдов на висока зграда, во внатрешна страна (како шуплива), и стојам само на дрвени греди кои лесно се мрдаат. Бевме многу и имаше некоја брканица. Мене ми текна дека е сон. И решив да направам нешто што не сум направил. Беше толку високо, надоле погледот беше многу застрашувачки и ете ми го предизвикот.
Решив да скокнам доле, на цименто хаха. Не се мислев многу, имав страв ама сакав да го осетам чувството кога паѓаш од висока зграда, и скокнав исто ко да скокам во базен, и тоа со финта, нозете пред мене и наеднаш главата ми доаѓа надоле нозете горе. Чувството кога паѓаш беше НАЈУБАВО. хаха, и наеднаш лупнав на подот и ми се изгуби сликата. И одма ми текна на техниката spinning, врти кругови во место со телото и наеднаш пак се најдов горе на зградата ! И пак се фрлив.. и неколку пати го направив тоа се додека не се разбудив.
Луцидниве сонови се многу јака работа, kога знаеш да ги контролираш
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 23:43 ---
кога ќе станеш во 9 , испиј витамин б12 или може и дијезапам од 5 мg, резултати гарантирани