Лор Манаду се повлече

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Француската хероина ја прекина кариерата
Наутро кога ќе се разбудам тренингот не ми паѓа на памет. Животот ми е исполнет и без пливање. Во базените освоив се што може да се освои, сето она што го сонував стана јаве, вели 23-годишната Манаду

Поранешната олимписка победничка, тројна светска и деветкратна европска првенка во пливање, Французинката Лар Манаду само 20 дена пред својот 23 роденден објави дека ја прекинува пливачката кариера.
- Одлуката ја донесов после повеќемесечно, внимателно преиспитување на самата себеси. Пливањето е дел од мојот живот, уште од мали нозе, но мислам дека во базените во последниве месеци не наоѓам задоволство. Затоа решив да престанам да ги измамувам сите оние кои ме сакаат, вели Манаду.
Французинката на Олимписките игри во Атина во трката на 400 м слободно и го донесе на својата земја првото злато после далечната 1952 година (Жене Боите). Најдобрата светска пливачка во 2007 година лани, на Олимписките игри во Пекинг, ги преживеа најтешките моменти во кариерата. Седмото место на 200 м слободно, осмото на 400 м слободно, наметнаа да се појават првите сомневања за нејзината иднина, спортска кариера.
- Наутро кога ќе се разбудам тренингот не ми паѓа на памет. Животот ми е исполнет и без пливање. Во базените освоив се што може да се освои, сето она што го сонував стана јаве, додава Манаду.


Извор: Вечер.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Одамна се зборуваше за ова и конечно и тоа се случи. Сепак веќе не беше во таа форма во која што беше пред некоја година:toe:Како и да е жената освои се што можеше да се освои, ќе остане запаметена во светот на пливањето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom