Листа на теретани (локација, цени, рецензии)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки кажете некоја теретана Автокоманда, Маџари, Ченто. Да не биде скапа оти не сум про, одам да се испукам само.
Оваа во капитол ја затворија, а баш ми одговараше со цена.
Како е затворена Капитол? Мислам дека само привремено заради реновирање, иако некако долго оди тоа.
 
Како е затворена Капитол? Мислам дека само привремено заради реновирање, иако некако долго оди тоа.
Пишува дека реновираат, ама вистината е дека немаат платено кирија и капитол им ги зема машините. Што како ќе биде не знам.
Автоматски споено мислење:

Автокоманда остана само една теретана и еден Кросфит, ФИД се вика во пензионерски зградата, 1200ден месечно или 3 месеци за 3000денари унапред ако ги платиш 3те. Има во Маџари само не знам како се вика, на главната улица на Благоја Стефковски и мислам дека е поефтина од оваа во Автокоманда.
Оваа во Маџари кај киното? Пишува дека дуќанот се издава, не знам дали се преместени или затвориле?
 
Пишува дека реновираат, ама вистината е дека немаат платено кирија и капитол им ги зема машините. Што како ќе биде не знам.
Автоматски споено мислење:


Оваа во Маџари кај киното? Пишува дека дуќанот се издава, не знам дали се преместени или затвориле?
Progressive Gym мислам се вика.
Инаку Боби и Флекс во Автокоманда така си ја затвори, демек реновира, јас имав уплатено уште месец и пол и ми пропадна уплатата, некои членови одеа до Капитол таму ги пушташе со истата претплата.
 
Истата фора ја направи и во Автокоманда, го користеше просторот не плаќаше кирија и сметки додека не го избркаа, па се префрли во Капитол и ете иста превара...значи она типичен македонски бизнисмен, заеби што можеш повеќе.
Progresiv Gym е на главната Благоја Стевковски после маџари во Хиподром. Таа карши киното не работи 5 години.
 
Wow. Толку време така да бричиш народ е за честитки.
 
Сепак овој пат станувало збор за реновирање, стави газдата пред неколку часови на стори дека повторно е отворен.
kapitol.jpg
 
Nov sum vo Skopje, moze li nekoj predlog za teretana vo blizina na Amerikan koledz 1200 do max 1500 den? Znam deka ima vo kulite na Dzevahir no ne mi odgovara cenata.
 
Бил некој во Профитнес? дали е добра теретана? слушнав дека навечер имало премногу гужва, вака денски добро
 
Како одат месечните членарини низ Битола за мажи и жени (по можност да не се прескапи)...
 
Дечки, знаете колку е чланарина во стронг теретанава шо е?
 
Здраво луѓе,барам теретана во близина на плоштад сто работи во текот на целиот ден
 
Здраво дечки, ме интересира една информација во врска со цените во теретаната Терминатор во Ново Лисиче, и какви се условите, има ли простор, многу гужва или не?
Фала ви многу :)
 
Здраво.
За вежбање во аеродром/центар
Почетник сум и не ми требаат некој теретани што се wow
 
Аеродром најефтини ти се Капитол и ТЦ Бисер (и двете имаат акции скоро секој месец, пример 3 месеци за 2000 денари), троа подобри Терминатор и Атлета, а повисока класа Синерџи и Јане Сандански.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom