- Член од
- 6 февруари 2005
- Мислења
- 9.722
- Поени од реакции
- 248
Кабул, 13 март (МИА) - Портпарол на талибански бунтовници соопшти дека се ликвидирани четворицата странци киднапирани викендов во јужниот дел на Авганистан. Тој додава дека четворицата киднапирани Авганистанци се ослободени.
Веста од Кабул ја пренесе германската новинска агенција ДПА. Нема потврда дека четворицата се македонски државјани.
Според Кари Јусуф Ахмади кој за себе тврди дека е портпарол на соборениот талибански режим, еден од ликвидираните е германски државјанин.
"Нашите муџахедини ги ликвидираја странците и нивните тела се оставени на патот што ги поврзува Кандахар и провинцијата Хелманд", ја пренесува ДПА изјавата на Ахмади кој додава дека Талибанците ќе ги убијат сите што ги поддржуваат Американците во Авганистан.
Авганистанските власти се уште на ги коментирале таквите тврдења. Во тек е полициска акција во провинцијата за потрага по киднапираните.