Ливадари и ливадарки

Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.556
Поени од реакции
9.607
Се согласувам во целина. Знаеш со кој дел не се согласувам? Ултиматумот што го поставуваш до 25. Да, животот е борба и понекогаш борбата трае подолго, што значи дека додека ти се снајдеш финансиски да се образуваш, ти дошло времето да створиш фамилија, што не значи дека нема да успееш да се школуваш, ама ќе биде потешко.

И да, МНОГУ РЕТКО примаат без искуство, или јас и ти сме имале тотално различни искуства. Што те прави тебе... привилегиран? :)
Не е никој привилегиран што треба сам да си го турка патот нагоре, без разлика дали порано или подоцна се има „снајдено“, а исто тука е моментот на подеми и падови пошто ничиј живот не е права линија кон успех или неуспех - јинг, јанг.

Муабетот ми беше не во смисла ултиматум, можда и не се имаме разбрано. Таа возраст е обично границата на која горе-долу секој може да заврши факултет (дури и такви кои траат повеќе од „нормалните“ 4 години), а доколку не е факс доволно време е да научи занает или пак да се профилира со друг вид на курсеви (надоградба) - да не се повторувам.

Затоа го зедов како граница од каде тргаш во еден правец, кариера или фамилија.

Секако дека сечија приказна е приказна сама за себе и понекогаш има улога која ти е ѕвездата горе на небото, но во принцип секој мора индивидуално да гура за заеднички да успее и еден брак или било каква заедница. Па ако попатно остане сам, ќе има барем основа од каде да тргне и почни на ново.

За мене е сулудо едниот партнер да прогресира, а другиот да тапка во место и тоа не од позиција на „ускратување на права“ или „недадена шанса“ туку сметам дека секој треба сам да си го најде местото под сонцето и да се усмери кон нешто што во тој момент му претставува задоволство да го учи/работи.

Искрено, дури и кога ќе видам некои приказни на луѓе што (без разлика дали во МКД или надвор од неа) прогресираат на свои 40-50-60 години и едноставно го прават тоа затоа што се занимаваат со нешто што го сакаат (менуваат професии и интереси од корен) ми иди да си речам, па секогаш и сам можеш повеќе.
Оттаму и ваквите ми ставови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom