Летно или Зимско сметање на времето по укинување на сезонската промена во 2021 ?

Дискусија во форумот 'Македонија' започната од kekoman1234, 15 април 2019 во 13:52.

?

Целогодишно летно ( ГМТ +2) или целогодишно зимско ( ГМТ +1 ) сметање на времето по 2021 ?

  1. Летно сметање (ГМТ +2 )

    88,9%
  2. Зимско сметање ( ГМТ +1)

    11,1%
  1. kekoman1234

    kekoman1234

    Член од:
    18 јануари 2018
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    23
    Од 2021 година во ЕУ се укинува поместувањето на стрелките на часовникот

    Европскиот парламент гласаше дека од 2021 година ќе се укине поместувањето на часовникот кое со децении се практикуваше во март и во октомври.
    Последната промена на времето требаше да биде на 31 март 2019 година. Но, европските министри за транспорт, кои се состанаа на 3 декември 2018 година, ја разгледуваа можноста, датум за напуштање на овој систем, да биде одреден дури во 2021 година. На крајот од координативното дејство, секоја земја-членка ќе мора да избере дали да остане на летното или зимското сметање на времето.

    Согласно укинувањето на промена на времето, ако како целогодишно се прифати зимското (ГМТ +1) или средноевропско време, во летните месеци (1 Јуни- 31 Август) со зимно сметање би се разденувало во 3:45-4:45 , а најкасно би се стемнувало 18:20-19:30 .



    Ако како целогодишно се прифати летното (ГМТ +2), во периодот од 10 Ноември до 25 Фебруари би се разденувало 7:00-7:45 , a најрано би се стемнувало 17:20-18:30.
    Преку пролет и лето ќе биде исто како и до сега.


    КОЕ Е ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ ?
     
  2. dace@mkd

    dace@mkd

    Член од:
    7 април 2015
    Мислења:
    1.202
    Допаѓања:
    599
    Стандардно време или ете "зимско" како што е наведено во анкетата, мислам дека нема потреба да скокаме временска зона, но ако ова е глобален тренд, а не Европски, пошто на некој не му се допаѓа моменталната временска зона и му е попривлечна временската зона на комшијата, тогаш може да се разгледа, најдобро решение е да се дели без дескриминација, директно да се сечат земјите на пола како во САД.
     
  3. Che59

    Che59

    Член од:
    28 февруари 2017
    Мислења:
    2.325
    Допаѓања:
    2.210
    Генерално се е ствар на навика! Го имам живеано и фиксното и мењањето на часовникот, првата варијанта е понормална за мене. Еднаш ќе пребродиш промена после си раат.
     
  4. kekoman1234

    kekoman1234

    Член од:
    18 јануари 2018
    Мислења:
    30
    Допаѓања:
    23
    Сликата е фотографирана денеска, 20 минути пред да изгрее сонцето т.е во 5:30 и истата е употребена за да се види кога ќе се разденува и стемнува во зимската сезона НОЕМВРИ-МАРТ без да се користи зимското сметање на времето доколку се укине сезонската промена на времето во 2021.
    TWILIGHt.jpg


    Временскава зона ГМТ+1 што се користи во зимска сезона на нашава територија нема никаква логика и причината зошто се користи е дека така останало од времето на Југославија и чисто поради политички причини , иако територијава си е за ГМТ+2 зона, ако веќе ја споредуваме со Калининградската област,Делови од Финска,Западна Литванија,Делови од Западна Романија, и практично 50 % од територијата на Грција.Башка и сликите си кажуваат колку само беспотребно се скратува денот во Фебруари, Март и Ноември со користење на сегашново ЗИМСКО СМЕТАЊЕ.

    Не ми е јасно зошто и со кој разум некој луѓе имаат мислење дека со целогодишно користене на зимското сметање ќе биде подобро, кога со користење на зимското сметање, деновите ќе почнуваат прерано (преку лето ненормално рано)
    @22.png и ќе нема доволно сончева светлина во попладневниот период , а со тоа денот автоматски ќе биде скратен во текот на целата година,особено во пролетните и летните месеци кога денот е зголемен, ама бидејќи Унгарците,Хрватите и најголем дел од Западна Европа се за ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ на времето, автоматски нема шанси во Македонија да се вратиме на ЗИМСКО СМЕТАЊЕ за цела година, како што било пред 1983.
    Последен пат кога се користело ЛЕТНОТО СМЕТАЊЕ во Македонија во зимска сезона било во 1941 до 1942.


    Mоже само да се потенцира дека во 2013 Државава згрешила што не ја променила часовната зона за +1 час понапред.

    Untitledwdwddwd.png
    Се гледа дека намерно е наметната оваа часовна зона што сега се користи.

     
    Последно уредено: 17 април 2019 во 09:22
    На moongoses му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: