Леб и Сол

Член од
29 август 2008
Мислења
152
Поени од реакции
5
Најголемите легенди на балканов и пошироко. Секој член на бендов си е 100% професионален мајстор за својот инструмент и тешко дека некогаш ќе постои уште еден ваков бенд во Македонија. А најмногу ме радува што ја преработија старата позната македонска народна музика во понова верзија за да ја слушаат и младите генерации.
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
19.366
Поени од реакции
46.384
Damn, најлегендарниот бенд од Македонија, а толку малку мислења на форумов :( Влатко, Бодан, Кокан и Гаро, повремено Ѓуричиќ и Кирил Џајковски, тоа е таа екипа :). Рок, Етно Рок, Џез, Блуз, мешавина од музички жарнови...Можеа да изградат подобра кариера и надвор од тогашна Југославија, али ради преголемите несогласувања внатре во бендот, никогаш не го искачија тоа скалило погоре и не излегоа од рамките на бифша Ју. За најдобри албуми им се сметаат Леб и Сол 1 и 2, Ручни Рад и Као Какао.
Последен пат се собраа во оргинална постава во 2006, и не верувам дека некогаш повторно би го направиле тоа... какошто реков преголемото его на некои од членовите си го направи своето. Сеедно, мое мислење е дека се повеќе ценети надвор од земјава, ние овде како да ги подзаборавивме малце (n)

Абер дојде Донке
Дикијева игра
Кумова Слама
Бистра Вода
Таласна Дружина
Као Какао
Скопје
Чукни во Дрво
Учи ме мајко, карај ме
Можеби единствениот бенд од бифша Југославија заедно со Смак, што навистина знаеа како да извадат максимум од инструментите на кои свиреа...

Една од моите поомилени нивни дела, навистина потценета од нивниот колаж на прекрасни песни... уште една преработка од доајенот на македонската народна песна Кирил Манчевски(y)

 

EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
966
Поени од реакции
726
Мене првите три нивни албуми ми се врв, се рамнат во квалитет со италијански, француски, германски и британски прог-рок/џез-рок бендови од тоа време.
 
На врв Bottom