Темава е за ладна фузија, а во воведот едвај и да се спомнува нешто за неа. Мислев да започнам нова дискусија, ама ајде ќе го оставам моето мислење т.е вовед од темата која ја имам отворено и по други форуми во врска со ладната фузија.
...
Процесот би требало да се одвива во вакуумски канистер исполнет со тешка вода или хемиски позната како деуториум-изотоп од хидроген. Освен ова , во канистерот е сместена и прачка од паладиум, метал сличен на платиниумот кој се однесува како катода и позитивно наелектризирани електроди кои се однесуваат како аноди. Имено најпрво се внесува струја преку електродите, а таа предизвикува реакција при која позитивно наелектризираните атоми на деуториумот се оделуваат и се спојуваат со атомите на негативно наелектризираната прачка , односно паладиумот. Кога ќе дојде до критичната точка или презаситеност од премногу атоми на деуториум , прачката почнува да вибрира и да дава отпор. Ваквиот отпор доведува до ненадејно исчезнување на овие атоми и нивно претварање во изотоп од хелиум со по два протона и неутрона. Таквите молекули генерираат големо количевство на топлина кое потоа се конвертира во електрична енергија. Целта на секое решение е да се придобие што е можно повеќе енергија од вкупната внесена во самиот процес.