Кучка сум, браво за мене!

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
wow ..neznam dali ti e namenet postov za mene ali ja voopsto ne se staviv vo nikakva grupa na devojki...znaci rekov citaj vnimatelno

podobro kucka otkolku mifka...ako bi trebalo da biram od ovie 2 bi odbrala kucka,no neznaci deka sum :pos2:

pozz i do tebe
Значи си мифка? Мора да е тоа дека не кажа и трета категорија.
А во врска со сите постови погоре да кажам дека ми е излитен муабетот со тежок момент во животот кој те прави кучка. Бљак!!!
Според тоа испаѓа дека тие всушност се за жалење, дека не се свесни за тоа дека се кучки, дека животот тоа им го наметнува и бла бла бла. Демек само одреден број жени биле повредени, им се случила некоја трагедија или имале тежок живот.
А бидејќи не е така, бидејќи секој човек или конкретно жена има нешто што барем еднаш ја повредило, значи дека сите горе - долу имаме или сме имале проблеми, а после нив сами избираме како ќе се прикажеме на светот. Дали како кучки со што болно сакаме да привлечеме внимание или сожалување и да продолжиме да живееме со повредување на сите други околу нас, или како нормални единки кои се соочиле со се`, преминале преку тоа и со таква лекција никогаш нема да се сетат да бидат лоши за себе или за другите... да глумиме мифки де ...:icon_lol::nesvest:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.132
Пред 2-3 недели запознав класичен пример за ваква. После 20 минути разговор а прв пат ја гледам отворено си изјави Јас сум кучка. Во мода е сега да си кучка. Освен ако не се ептен интелигентни (природна реткост) и добро глумат во принцип се лесно препознатливи и со малку по јак став имаш Ctrl+Alt+Del. На крај секогаш прибегнуваат кон најмоќното оружје меѓуножјето што е опасно функционално. Ги имало и ќе ги има бидејќи се мултиплицираат со пандемски размери. А караванот си врви... На крај најчесто завршуваат кај опасни газди кои ќе ги плеснат по муцето ако заржат или оние попаметните кај класични типчиња 10.00 просек на факултет на кои најлесно ќе им го свртат паметот и паразитски ќе се цицаат цел живот. Принцип на стравопочит, само будали паѓаат на тоа.
 

Fatty

Режи :)
Член од
2 јуни 2006
Мислења
427
Поени од реакции
5
Паааа коа ќе видам од страна и јас многу пати за себе сум си кажала “Леее каква кучка сум, како можев така да МУ напраам?“ (коа станува збор за некој со кој сум била). Ама тргнувајќи од фактот дека тоа сум го рекла само у момент, а не сум таква, тоа е веќе друга работа... Од друга страна, сум се понашала како кучка, не викам не, ама сето тоа било од оправдани причини... Можеби сум била повредена од некое такозвано “куче“ :) па така сум се однесувала у афект на самоодбрана, да не бидам пак сјебана и на некој начин сум се чувала... Сметам дека таквото мое понашање е оправдано... :helou:Незнам... може грешам... нека ме поправи некој ако е така...
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
според мене има врска со сексот, понашањето на кучките, пошто задоволена исполнета жена со љубов и секс некоја интелегентна и умерена и те како знае да го води бродот во мирни води...

значи следува дефиниција у мој стил...

не постојат жени кучки, има само неонадени и недоонадени жени:smir:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.749
Поени од реакции
1.855
Паааа коа ќе видам од страна и јас многу пати за себе сум си кажала “Леее каква кучка сум, како можев така да МУ напраам?“ (коа станува збор за некој со кој сум била). Ама тргнувајќи од фактот дека тоа сум го рекла само у момент, а не сум таква, тоа е веќе друга работа... Од друга страна, сум се понашала како кучка, не викам не, ама сето тоа било од оправдани причини... Можеби сум била повредена од некое такозвано “куче“ :) па така сум се однесувала у афект на самоодбрана, да не бидам пак сјебана и на некој начин сум се чувала... Сметам дека таквото мое понашање е оправдано... :helou:Незнам... може грешам... нека ме поправи некој ако е така...
Си кажала во себе, но не си го извикала тоа на сите други и не си се етикетирала како таква. Друго е тоа. Секој човек се нашол во ситација да сфати дека згрешил и да си се опцуе сочно немајќи шанси да го поправи истото, но тоа не е исто со постојаното форсирање на терминов. И кога се наоѓаме во ситуации кога не повредуваат, нормално ќе си заземеме одбранбен став, но и тоа не е тоа за што разговараме тука.
Оправдано ти е, не си кучка.:wink:
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
.А ако го кажам на глас, значи дека сум кучка?
Јас имам кажано и на глас пред другарките, зашто понекогаш ќе направам односно ќе се испонашам глупо и ќе речем нешто што не држи место :toe: А и понекогаш во себе. Зарем тоа ме прае кучка?
инаку под поимот кучка, можем да подразберем животно * се зезам ... сум го рекла тој збор за една девојка, или можда за повеќе ама моментално овој збор ме асоцира на една.Зашто? Зашто таа ти е ороспија која едноставно мисли е над свите а воедно секому сака да расипе врска. Сака секогаш да е она центар пажње и + увек збори што не треба. Дали добро го дефинирав зборот Кучка?
 
А

Александра Д.

Гостин
Овие рани утрински часови си ги посветив на разно разните профили по сите "пријателски" страни за "дружење" и морав да ја отворам темава за да продискутираме околу една многу модерна појава - "Кучка сум, браво за мене!"
Или јас сум глупава што не сфаќам или има нешто во девојките кои сами си го лепат тој епитет со кој дури и се гордеат.
Па, еве неколку почетни прашања:
Што значи за вас поимот "кучка"? Дали може зависно од ситуацијата да биде крајно негативен, крајно позитивен или претставува само едно нешто?
Дали значењето на тој збор е исто кога некој сам така се нарекува или го добива тоа второ име од останатите?
Зошто воопшто некој човек има потреба да се нарече така? Премногу е критикуван од околината, па одлучува сам да се именува така со што си ја олеснува болката, се труди да привлече некакво поголемо внимание или нешто трето?
Што мислите за таквите личности?
За машките посебно - би можеле или сте биле со некоја таква девојка?
Што може да постигне една самонаречена "кучка" во животот? Според вашите мислења во врска со сите погоре поставени прашања, што мислите дека очекува да добие од животот една "кучка", што гласно се нарекува така?

Имав уште многу прашања, но сите ги заборавив додека се гнасев од "кучките", па за почеток повелете започнете муабет со овие ... :toe::smir:
Под кучка луѓето најчесто мислат на некоја која е ладна, ги остава дечковците, просто како да не е чуствителна ни малку. според мене нема ништо убаво во тоа...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Овие рани утрински часови си ги посветив на разно разните профили по сите "пријателски" страни за "дружење" и морав да ја отворам темава за да продискутираме околу една многу модерна појава - "Кучка сум, браво за мене!"
Или јас сум глупава што не сфаќам или има нешто во девојките кои сами си го лепат тој епитет со кој дури и се гордеат.
Па, еве неколку почетни прашања:
Што значи за вас поимот "кучка"? Дали може зависно од ситуацијата да биде крајно негативен, крајно позитивен или претставува само едно нешто?
Дали значењето на тој збор е исто кога некој сам така се нарекува или го добива тоа второ име од останатите?
Зошто воопшто некој човек има потреба да се нарече така? Премногу е критикуван од околината, па одлучува сам да се именува така со што си ја олеснува болката, се труди да привлече некакво поголемо внимание или нешто трето?
Што мислите за таквите личности?
За машките посебно - би можеле или сте биле со некоја таква девојка?
Што може да постигне една самонаречена "кучка" во животот? Според вашите мислења во врска со сите погоре поставени прашања, што мислите дека очекува да добие од животот една "кучка", што гласно се нарекува така?

Имав уште многу прашања, но сите ги заборавив додека се гнасев од "кучките", па за почеток повелете започнете муабет со овие ... :toe::smir:
Кучката е особа(не е докажано), која милува себеси да се издигнува над сите со својот потенцијал да биде посакувана, влијателна, вип персона како и да биде супериорна над другите. Оваа дефиниција, ја дознавам од оние во мојот видеокруг се нарекувани "кучки".Или има уште позаебана варијација на дефиницијата, кога "кучката", се трансформира во "цура на која никој не смее да и противречи, на која и е дозволено да угнетува, понижува, да биде лукава, неискрена енд соу он". Најтрагичното, не започнува тука... Туку во останатиот свет, кој и дозволува на горенаведената да ги извршува "целите на своето постоење".Кучка е збор кој е крајно негативен.Девојка која себеси се нарекува кучка, мислам дека тоа го прави за да се докаже како супериорна над некого, во контекстот горенабројан, во смисла дека "заебала" некого. Според мене, за да се наречеш себеси со тој збор, мора или мајка ти да е кучка, а татко ти куче(но бидејќи ова биолошки е невозможно) мора да патиш од потреба за издигнување над другите, како и "рејтинг". Една "кучка", во животот, со гаранција и по дефиниција, добива богат и глуп маж, кој ќе ја покажува низ град, како и многу колекции за разубавување за 8ми март. Но никогаш нема да добие почит, вреднување, незамаскиран живот и искрена љубов, бидејќи истите не ги дава на околината која ја опкружува. :back:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Една "кучка", во животот, со гаранција и по дефиниција, добива богат и глуп маж, кој ќе ја покажува низ град, како и многу колекции за разубавување за 8ми март. Но никогаш нема да добие почит, вреднување, незамаскиран живот и искрена љубов, бидејќи истите не ги дава на околината која ја опкружува. :back:
:cuc: Браос.

И само би додал, таа девојка никогаш во животот нема да признае дека не дава и не добива љубов, па дури и ќе биде убедена во таа лага. Од едноставна причина што не е способна да разграничи љубов од секс пропратен со поклон. :helou:
 
С

Сатори

Гостин
Оххх, понекогаш ми е лесно да го оправдам она што дел од животот го имам величано како идеологија која што треба да пружи заштита, да создаде слика и проекција на „опасна“ и „силна“ цура која што може да добие се што сака и да не се грижи што другите мислат, but hey, никогаш не можев да ја истерам улогата до крај.
Нема да продавам филозофија на добрина, ама ќе се обидам да подвалам теорија на свесност, да останеш нормален и здрав пред да потонеш во круг од кој што одвај се излегува (јас знам дека сеуште се обидувам), затоа што не се сите скроени за таа улога, искрено, верувам дека ретко кој е.
Зошто да умртвиш се во себе е проклето глупаво, фембот, ладна, рационална логика која што на крајот ќе те уништи повеќе од се друго.Се‘ е маска.
Она што денес мене ми го рече една девојка која што реално и не ме сака многу, дека сум помека отколку што се претставувам дека сум и дека ни сум ни блиску до злобна, само сакам да бидам.

Но иронијата е, кога ќе живееш во една улога толку време, на крајот ќе се претвориш во улогата и ќе можеш слободно себеси да си речеш, Честито самоубиството!
 

Valerija

I'm like an Angel
Член од
23 октомври 2008
Мислења
211
Поени од реакции
5
да нема срце да не чувтсвува „топло-ладно“, само кружи наоколу и ги повредува луѓето без малку да се запраша што праи.Си мисли дека е у центар пажње и светот се врте околу неа, си мисле може да го има секој шо ке го начека а не сваќа дека никој не ја мо*а..Не разбира што значе зботрот љубов, а живее со цел да му наштети некому и да не му дозволи да биде среќен.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
По таквите пријателски профили самите си го ставаат тој епитет поради сликите на кој појќе се слечени отколку облечени. Исто така и околината зависи, како ти се однесуваш кон неа и како другите те доживуваат како индивидуа. Нормално не секоја која ја нарекуваат кучка е навистина тоа, доволен е само еден да прокоментира нешто за тоа и сите други да му се надоврзат а без да размислат со своја глава и да ги погледнат работите од друга преспектива, а не да потпаѓаат толку лесно под туѓо влијание. Сепак на секој му е подобро да го грди некого т.е. озборува , а тоа озборување најчесто и не е точно како што кажав претходно еден е доволен да започни и другите да му се надоврзат без претходно свој став.
Некои кучки стварно неможам да сфатам шо толку им е добро да се нарекуваат така и другите да ги нарекуваат. Таквите најчесто се доживуваат како совршенства и никој не смее да се обиде да им го наруши филмот во кој се влезени. Високо летаат, не е секој компетентен за нивно друштво, ама тој што високо лета, ниско ќе падни.
 
А

Александра Д.

Гостин
Бев на пријатели.ком.мк и така одам низ профили...и ќе цитирам еден дел од профил, ваљда тоа е копи паст...али еве :
"Што значи да бидеш кучка...Се борам за себе и своите верувања,се борам за оние што ГИ САКАМ,го зборувам она што вистински го мислам и ПРАВАМ СЕ НА МОЈ НАЧИН.Го живеам животот КАКО ШТО САКАМ ЈАС,не ДОЗВОЛУВАМ некој да ГАЗИ ПО МЕНЕ,одбивам да толерирам неправда. Тоа значи имам XРАБРОСТ И СИЛА,да си дозволам на себе си,да бидам ЈАС.Ако тоа ме прави кучка,така нека биде.Го прифаќам и сум ГОРДА КУЧКА!"
Според мене и една буква не го опишува зборот“Кучка“...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom