- Член од
- 22 ноември 2011
- Мислења
- 376
- Поени од реакции
- 454
Јас разбирам дека сите коментираат по форуми во афект, ама токму во оваа ситуација треба да се гледа на работите со ладна глава. Како прво, јас никаде не реков дека се помалку опасни кучињата по градовите, единствената разлика е што ако ја имаш таа несреќа да бидеш нападнат од кучиња во градот - да ќе бидеш исплашен, каснат и слично, а во истата ситуација на село можеш сосема сигурно и да го загубиш животот, како што и се докажа. Понатаму, некој мислам некаде стави некоја статистика за тоа колку случаи на каснати од кучиња има во последнава година/години. Но, кога ќе ја разгледаме подлабоко таа статистика, всушност излегува дека само 10% од нив се од скитници.
Лично мислам дека се многу ниски изјави од типот абе не знаете вие, отине е на ваше дете и слично, и дека вината се бара наместо во тие што се вистинските кривци, во здруженијата што навистина се борат да тргнат голем број кучиња од улица на било кој начин.
Барање вина во скитниците е многу кукавички неможеш по магарето па удри по самарот размислување. Во најголем број случаи, зад ваквите инциденти, има некој кој треба да одговара, и тоа не општината, не институциите, туку тие што ги “чуваат“ кучињата. Ова го тврдам од аспект што до пред некоја година јас работев во ветеринарна станица и собирав кучиња скитници по улици. Знаете кај е проблемот? Џабе е да се успијат скитниците, оти секогаш ќе има нови. Колку пати по мене фрлале дрва и камења, демек остави го кучето јас си го хранам пред куќа, ништо не прави, мое е, па утре тоа исто куче кога ке касне некого - ааа не е мое, од улица е, јас само му фрлам лепче понекогаш. И тука е вистинскиот проблем - кога ќе стане проблем сите се кријат ко глувци по дупки и бегаат од одговорност.
Скитниците никаде не ги убиваат после месец дена ако не се вдомат, здруженијата ги чуваат се додека не се вдомат, јас работам моментално во две такви здруженија, и не не сме финансирани од државата, туку донации, клиники и продажни центри.
Скитниците не треба да се улиците, но не треба да се убијат. Но мора да се стори нешто за опасните кучиња кои нападнале, искасале, убиле човек или друго животно, без разлика дали се работи за скитник или куче со сопственик. Јас лично сум на мислење дека ако некој редовно храни улично куче на одредена локација, без разлика дали си го носи дома или не, треба и да одговара за тоа куче.