Кучиња скитници

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    606
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Јас разбирам дека сите коментираат по форуми во афект, ама токму во оваа ситуација треба да се гледа на работите со ладна глава. Како прво, јас никаде не реков дека се помалку опасни кучињата по градовите, единствената разлика е што ако ја имаш таа несреќа да бидеш нападнат од кучиња во градот - да ќе бидеш исплашен, каснат и слично, а во истата ситуација на село можеш сосема сигурно и да го загубиш животот, како што и се докажа. Понатаму, некој мислам некаде стави некоја статистика за тоа колку случаи на каснати од кучиња има во последнава година/години. Но, кога ќе ја разгледаме подлабоко таа статистика, всушност излегува дека само 10% од нив се од скитници.
Лично мислам дека се многу ниски изјави од типот абе не знаете вие, отине е на ваше дете и слично, и дека вината се бара наместо во тие што се вистинските кривци, во здруженијата што навистина се борат да тргнат голем број кучиња од улица на било кој начин.
Барање вина во скитниците е многу кукавички неможеш по магарето па удри по самарот размислување. Во најголем број случаи, зад ваквите инциденти, има некој кој треба да одговара, и тоа не општината, не институциите, туку тие што ги “чуваат“ кучињата. Ова го тврдам од аспект што до пред некоја година јас работев во ветеринарна станица и собирав кучиња скитници по улици. Знаете кај е проблемот? Џабе е да се успијат скитниците, оти секогаш ќе има нови. Колку пати по мене фрлале дрва и камења, демек остави го кучето јас си го хранам пред куќа, ништо не прави, мое е, па утре тоа исто куче кога ке касне некого - ааа не е мое, од улица е, јас само му фрлам лепче понекогаш. И тука е вистинскиот проблем - кога ќе стане проблем сите се кријат ко глувци по дупки и бегаат од одговорност.
Скитниците никаде не ги убиваат после месец дена ако не се вдомат, здруженијата ги чуваат се додека не се вдомат, јас работам моментално во две такви здруженија, и не не сме финансирани од државата, туку донации, клиники и продажни центри.
Скитниците не треба да се улиците, но не треба да се убијат. Но мора да се стори нешто за опасните кучиња кои нападнале, искасале, убиле човек или друго животно, без разлика дали се работи за скитник или куче со сопственик. Јас лично сум на мислење дека ако некој редовно храни улично куче на одредена локација, без разлика дали си го носи дома или не, треба и да одговара за тоа куче.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Доколку не се реши проблемот со скитнициве во град или овчарските по селата ќе мораме да им подариме отровче :) Жал ми е, но премногу се агресивни.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.999
Поени од реакции
12.580
Дечки, не е отровот решение. Тоа продавање отров на кој било мора да се регулира. Мене едно куче три пати ми го труеа, кучето чувано дома во двор, ниту агресивно беше ниту лаеше, не сметаше на никого. Два пати го спасивме, третиот пат веќе беше многу касно. Греота се, живи суштества се, никој не заслужува така да умре. Имаше слики од зимава од Велес мислам, отруени кучиња и ЗАМРЗНАТИ оставени на улица. Па само луѓе со психопатско нарушување можат да сторат такво нешто.
Луѓето се највиновни за кучињата скитници, нели не постои некоја Дева Марија и кај кучињата што раѓа така на жими мајка, сите ги парат милениците и после не ги интересира каде ќе завршат потомците. Ние немаме никаква регулација на миленици, сите ваѓаме од тие книшките за вакцини нели, си пишува таму име на сопственик, адреса, сте зеле куче, бујрум утре инспекција нека дојде, да провери дали е вакцинирано, дали е сеуште со семејството ( ако не е одма казна ). Не е ни толку тешко. Нема ни еден парк специјален за кучиња кај што ќе можеш да го пуштиш кучето да се истрча без да му сметаш на некој. Мене искрено ми е страв да го пуштам моето куче во парк каде што има деца, тој не е агресивен ама си игра, скока, утре задутре може да турне некое дете. Сум добивала коментари во смисла врзете си го кучето, бла бла, ама па јас го ваѓам него надвор за да се истрча, до паркот го носам врзан па го пуштам, сеа дај ако не да трчам со него со подводникот врзан.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
...Во нормален свет кога сакаш да погалиш куче прво треба да го прашаш сопственикот дали може. А не како овде одеднаш да му се пушти на кучето. И во таков случај кучето неминовно агресивно ќе реагира-се брани...
Моето куче кога го шетам ем е на ланец, ем носи маска и тоа посебно во околина каде има луѓе, а и расфрлени отрови. И не е ништо тоа што родителите им дозволуваат на своите деца без да прашаат да дојдат да го погалат кучето, туку уште поголем проблем е што им дозволуваат на своите деца да му се доближуваат на моето куче и да го с'скаат, да имитираат лаење на куче или да наоѓаат други начини за провокација на кучето. Дури има такви родители кои своите деца од 3 - 4 години ги пуштаат да трчаат по улица каде шетаат кучиња. А и да не заборавиме на несовесните сопственици кои ги шетаат своите кучиња пуштени и без маска. Без разлика дали кучето им е агресивно или не, посебно кога ќе дојде во контакт со друго куче од истиот пол може да стане агресивно и да го нападне. Во мојов случај тоа се случилно неколку пати и моето куче едвај можам да го одбранам, затоа што е на ланец и има маска, додека сопственикот на другото куче само си стои, гледа и го вика по има своето куче демек да се тргне.

Доколку не се реши проблемот со скитнициве во град или овчарските по селата ќе мораме да им подариме отровче :) Жал ми е, но премногу се агресивни.
Тогаш зошто и на агресивните луѓе штетници не им подаруваш отровЧе? Проблемот лежи кај сопствениците кои не ги воспитуваат своите кучиња и за истите не се грижат, било тоа градски или селски/овчарски кучиња. Вината лежи и кај државата што неможе да се погрижи истите да ги вдоми, сите да ги вакцинира или да ги стави во стационар. Ако тргнуваш да решаваш проблеми на несовесен нечовечки безмилостен начин со труење со отровЧе на штетни работи, прво треба да елиминираш многу други работи кои се многу поштетни од кучињата скитници, меѓу кои има и кучиња кои се 100 пати подобри од некои луѓе.
 
Последно уредено:
Член од
22 ноември 2011
Мислења
376
Поени од реакции
454
Само дали ќе се јават сите овие “спасители“ од кучиња што расфрлаат отров или што сакаат да спроведад хајки ѕа отстрел на кучиња, да одговараат јавно и лично со име и преѕиме кога ќе настрада нечие дете хм??? Или “ловџииве“ што поставиле стапици ѕа кучиња? И дали ќе бидат доволно храбри па лично да им се обратат на тие родители???
Од сите овие душегрижници ѕа родителиве на кутрото детенце, нешто не видов некој да им се најде, да помогне ѕа нешто..... само лицемерие и пропаганда.....
 
Z

Zona Pelucida

Гостин
Доколку не се реши проблемот со скитнициве во град или овчарските по селата ќе мораме да им подариме отровче :) Жал ми е, но премногу се агресивни.
Шо ти е бе на тебе? Глеам колку ти е жал, абе срцка он/она, па уште и отровче ќе подарувал/а. Ако мислиш дека тоа е вистинското решение, неам што повеќе да додадам освен само да те сожалам колку си ти само едно обично мрачно суштество.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
569
може место отров да се вдоми некое кученце , 1000 куќи да вдомат по едно куче нема да се шлаат низ градовиве, ама тоа е просечен македонски мозок оди одма на отров ,турбофолк или теории на завери
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Шо ти е бе на тебе? Глеам колку ти е жал, абе срцка он/она, па уште и отровче ќе подарувал/а. Ако мислиш дека тоа е вистинското решение, неам што повеќе да додадам освен само да те сожалам колку си ти само едно обично мрачно суштество.
Ти/Таа пишав и ПОВТОРНО ќе пишам, доколку нема соодветни СЛУЖБИ да го решат тој проблем ќе најдеме решение (само да не дојде до тоа). Е кога ќе бидеш каснат/а ти или било кој близок твој (не дај боже) пиши тука да кркам сеир ;) Се гледа дека си од Анима Дунди (немаат леб да јадат ама кучето мора 'шарска плескавица' да здипли) смешни луѓе.
 
Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.999
Поени од реакции
12.580
Ти/Таа пишав и ПОВТОРНО ќе пишам, доколку нема соодветни СЛУЖБИ да го решат тој проблем ќе најдеме решение (само да не дојде до тоа). Е кога ќе бидеш каснат/а ти или било кој близок твој (не дај боже) пиши тука да кркам сеир ;) Се гледа дека си од Анима Дунди (немаат леб да јадат ама кучето мора 'шарска плескавица' да здипли) смешни луѓе.
Цитирано од ФБ:
Купи куче, учи го на агресија, не го кастрирај, фрли го на улица, и криви ги Анима Мунди за скитници, ама викај ги Дунди зашто толку ти сече.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Не е убаво да се убиваат кучиња. ОК. Но не е пријатно ни кога кучиња растргнуваат деца. Посебно не ако се вашите. Легендата вели дека кај нас има некакви служби, дека постоеле некакви цивилизирани решенија и методи како да се излезе на крај и да се оствари соживот, односно мирољубива коегзистенција со овие најдобри пријатели на човекот, а поготово на децата. Не знам колку има вистина во тоа, ама знам дека секогаш пред влез ме испраќаат и пречекуваат 3-4 кучиња (различни по големина, боја и табиет), а наоколу, во нешто поширока околина, се вртка уште поголем број пцишта. Фини животни. Дружељубиви. Освен ако не те знаат. Или ако возиш точак. Или ако се нешто вознемирени (не им треба многу да се вознемират).
Не знам од каде доаѓаат, која служба или поединец ги носи и истоварува (по некогаш ќе се истопори и по некој возрасен расен примерок). Периодично нивниот број се зголемува. Очигледно е дека не се окучени тука и им треба извесно време да се адаптираат, па има мали недоразбирања, ржења, по некој напад, гриз и други ситници, кои можат да ви го направат денот ептен возбудлив.
Има и луѓе кои се врткаат околу кучињата, им фрлаат надвор остатоци од храна (во кесички, фолии, хартии), ама никогаш не сум видел да подзачистат малку зад себе. Ним им е најубаво. Ем дома немаат куче кое секојдневно мора да го шетаат, да го носат по ветеринари и да одговараат за него, ем си имаат фан клуб и се (не)официјален дел од глутница. Овие се најгласните и најагресивните суштества во целата приказна, и мислам дека нивното заловување би решило дел од проблемот.
Друг дел од маката се пишман кучкарите, оние што не ги носат пците на стерилизација, па после иде мрзливиот, но снаодлив шинтерски еснаф.
На крајот испаѓа дека проблемот со кучињата останува нерешен. Очигледно периодичните апели нешто да се преземе никој не ги есапи, па некој пристапува кон, исто така периодични, порадикални мерки, изразени низ давање храна која била вратена од Аушвиц поради хумани побуди. И тоа не е убава глетка. Јас не сум нешто многу по труење и тепање кучиња, мачиња и друга живина, но има луѓе кои си немаат таков проблем, ама затоа си имаат реална, често и трајно видлива мака.
 
RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Цитирано од ФБ:
Еве ти еден пример па види дали тие мундовци се ок.
Се возам со воз Скопје-Битола и еден луд на почеток се расправа за да седне, а откако обезбеди место за седење (седиште) замисли не седна тој туку постави кафез со куче на (седиште бе) и тоа кучето мирисаше како МАМУТ. Откако една постара госпоѓа му рече (дечко ако не ти е проблем на надворешната страна од купето имаш метални шипки каде можеш да го оставиш кафезот мириса во купето) овој (дундава) на цел глас и се развика на женичката. Ало не сме ние хитлеровци или бог знае ти што само при еден напад и неодговорност на службите ќе игра ОТРОВОТ. Луѓе, се групираат кучињата во ЧОПОР не е до тоа дека јас не сакам животни но такви глудници ми сметаат. ;)
 
Ми сметаат и мене чопорите, мене ми е страв да излезам со КУЧЕ мое пошо тек тогаш се дешаваат несакани ситуации, многу повеќе се осеќаат загрозени од куче него од човек па одма напаѓаат.
Муабетот ми е дека не се работи на тоа да се спречи причината која носи до толкав голем број скитници ( тоа е да има соодветни служби кои ќе се справуваат со нив, ветеринарна инспекција ), туку на некој нехуман начин се справуваме со последиците.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.249
Да не знае човек што да каже. Нефункционални институции, страдаат и луѓе и животни.

http://prizma.mk/vo-tsentarot-na-skopje-kuche-ubieno-sekira/

Во близина на кафулето „Радио Бар“ во Дебар Маало, еден од жителите на населбата излегол надвор и му зарил секира во глава на куче кое што лежело на тротоарот.
http://www.brif.mk/foto-chovekot-koј-so-sekira-ubi-kuche-e-vo-politsiska-stanitsa-graѓani-se-sobraa-na-mestoto-na-zlostorot/
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Да не знае човек што да каже. Нефункционални институции, страдаат и луѓе и животни.

http://prizma.mk/vo-tsentarot-na-skopje-kuche-ubieno-sekira/

Во близина на кафулето „Радио Бар“ во Дебар Маало, еден од жителите на населбата излегол надвор и му зарил секира во глава на куче кое што лежело на тротоарот.
http://www.brif.mk/foto-chovekot-koј-so-sekira-ubi-kuche-e-vo-politsiska-stanitsa-graѓani-se-sobraa-na-mestoto-na-zlostorot/
Кога ја прочитав оваа вест и кога ја видов сликава се шокирав. Незнам колку треба да е човек болен и психопат за да направи такво нешто. Денес убил куче, утре ќе убие човек.

И некаде низ Интернетов пишуваше дека вечерта се собрале луѓе околу неговата зграда за да протестираат. За таков не треба протестирање, туку треба да се исфрли од станот и пред зграда, пред сите комшии да се претепа, до полициска станица со шутирање да се однесе.

Само жално за кучето што умрело од гнасната човечка рака и што никој од присутните не се потрудил да му помогне. И се надевам дека убиецот ќе го фрлат во затвор со години да скапува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.249
Што ќе преземат здруженијата во врска со ова и другите случаи- соопштение со осуда, пријава за скитниците, за нивните "несовесни газди" или за општината. Претпоставувам само соопштение со "осуда".
ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Чопор кучиња ги искасапиле сите пајки во паркот кај судот (ВИДЕО)
 
Mr.MisteryMan

Шарлатан по природа
Член од
4 март 2017
Мислења
90
Поени од реакции
45
Што ќе преземат здруженијата во врска со ова и другите случаи- соопштение со осуда, пријава за скитниците, за нивните "несовесни газди" или за општината. Претпоставувам само соопштение со "осуда".
ХОРОР ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП: Чопор кучиња ги искасапиле сите пајки во паркот кај судот (ВИДЕО)
Едно прашање, од каде тоа дека кучиња ги искасапиле сите пајки? Имало сведоци, виделе што се случува, видел некој дали кучињата ги искасапиле пајките?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom