Како да се изреагира кога веќе ќе дојдеш во контакт со куче скитник, ( смирено, да маваш по него или што?) пошто нели никогаш не можеш да знаеш што те очекува, а и не знаеш дали кучето е агресивно или ете како што прочитав погоре дека скитниците се помили од домашните кучиња и поретко напаѓаат?
Вчера попладнето излегов да прошетам, и на пешачки чекам да се запали зелено светло. И додека чекав, само нешто ме "удри" по дланката. Како се сецнав, се вртам гледам куче до мене. Ме душка. Се потргнав смирено, поминувам пешачки, кучево поминува со мене. На тротоар одам, држам дистанца од него и ова само доаѓа и скокна на мене

и мрда со опашката, со муцката отворена, со шепите на јакната, нејќе да се тргне. Значи се исплашив у п.матер. Јас се поместувам тоа уште на мене

Пошто никад се немам најдено у таква ситуација, само останав смирена, не го допирам, или удирам пошто не знам каква реакција ќе му предизвикам. Позади мене беа еден пар, женава ми вика смирено: Абе гледаш само си игра... Аха, само си игра и викам, а срцево у петици. И еден човек му викна на кучево, тропна силно со нога и ова си замина.
Обожавам кучиња, дома чуваме едно, ама овие скитнициве не ги можам. Секаде ги има. Ете вчера помогна тоа што бев смирена, а и кучево не беше агресивно ( ама од кај да знам ), ама па што ако почнеше да каса... Значи минутка може траеше настанов, а мислам дека 5 години ми скрати од животов. Од сеа и безбол палка ќе носам во ранец