Купување преку интернет (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Josifoskii
  • Време на започнување Време на започнување
Дали смее да се порачува од ибеј,амазон али метал детектор односно детектор за злато?
 
сакам да нарачам патики од странство (Данска) вредноста им е околу 100евра со превоз од DHL
сега незнам дали ке ги царинат дека еднаш нарачав патики од 80евра и без проблем ми ги донесоа на домашна адреса.
 
Последно уредено:
Дали знае некој кое е правилото со царинење на пратки од aliexpress? дали воопшто се царинат и ако се царинат над која сума и колку?
 
Дали е дозволено примање на пратка со алкохол од странство (1 шише) од регистрирана фирма ? Колкава царина се плаќа од прилика ?
 
Ја доби ли пратката ? Колку време се чека од Русија до Мк ?
Стигна во Србија и уште се процесира во Србија. Нема ништо ново од 18 април. Дали некој знае за колку време се процесира?
 
Да споделам искуство со германски сајт за спортска опрема кој испорачува интернационално па и кај нас. Нарачката ја платив онлајн на 23.Април, веднаш стигна меил дека е платено и за ден или два код за следење на пратката со фактура во атач. Пратката веќе на 28.Април беше стигната во МК, но денес ја земав пратката во Пакетско Пошта2.
На сајтот пишува дека поштарината е 15.99еу испорака 2-5 дена за NonEU, ја порачав 2 производа и поштарината вкупно остана 15.99 (по тежина се качува цената).
Транспортот на сајтот е наведено дека го врши ДХЛ меѓутоа тоа не е брзиот ДХЛ експрес туку Дојче Пост ДХЛ или укратко тоа е германска пошта затоа е и толку ефтин транспортот. Меѓутоа ДојчеПост од Фракфурт авионски ги прака преку ДХЛ до МК и овде брзо стигаат, меѓутоа тие пратки овде ги презема МК пошта а не ДХЛ и затоа се чека подолго.
Сепак сум задоволен што стигна, беа и празници па оправдано деломично..и пак ке порачам производите се топ квалитет.
IMG_20210517_203743.jpg
 
Последно уредено:
Како си го наоѓате крајот со димензиите од Алиекспрес?

Сакам да купам палто, и според нивните димензии ракавите ми се 66 цм и спаѓаат во 4XL, а обемот на градите ми е 110 цм и спаѓаат во ХL. Иди најди си крајот сега. :LOL:

Да изградиш толкава империја со 60 милијарди долари приход годишно, и да неможеш да усогласиш димензии за европски пазар, катастрофа. Сите шо купија и споделија искуство или им се премали, или вреќи за компир. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom