Лично сметам дека се обидуваш да релативизираш.
QAnon, колку што знам генерално се организираа(т) на Твитер (пробаа и на Парлер, па и на Телеграм нешто). Ако ја пресечеш таа организациона мрежа, движењето може да се распадне или да отиде во заборав. Да, Медгар Еверс рекол "можеш да го убиеш човекот, но не и идејата". Но таа идеја нема да може лесно да се шири. Од друга страна БЛМ и Антифа се веќе глобални трендови. Тежат милијарди и имаат милиони поддржувачи. Дури и скоро сите, ако не и сите, сенатори и конгресмени од Демократската партија го поддржуваат движењето БЛМ. И ок, QAnon има една конгресменка која го поддржува отворено. Мислам дека беше од Џорџија. Гледај дека ниту Републиканската партија во целост не и е наклонета.
И да, ККК ги сметам за терористичка организација, исто како и БЛМ и Антифа. Читам дека ФБИ го третира QAnon како терористичка организација.
Околу твоите цитати на Трамп кои поттикнале насилство. Пуси граб и Кунг флу. Тоа е нормален разговор во машко друштво. Помрсни работи имам прочитано и на кајганава (види подфорум "Љубов и секс"), ништо невообичаено.
Од друга страна имаш став на Џо кон Ромни (според мене Џо мислеше на политиките на Ромни за банките) дека повторно ќе ги врати во окови! И став на Берние дека ако си белец не знаеш што е тоа сиромаштија! Интересно.
Можам да продолжам со цитатите за опколувањето на политичките противници или за отворените закани кон Врховните судии номинирани од Трамп од страна на неколку конгресмени и сенатори од Демократската партија. Тие резултираа исто со насилство. Плус ставовите за Израел од страна на АОК+3.
За Прауд Бојс. Се сеќавам на Гевин, еден од водачите на ова движење, уште кога беше во Ребел Медиа. Најчесто правеше клипчиња каде ги исмеваше феминистките во Канада, но нивните новинари беа често напаѓани, вербално и физички, дури и добиваа закани по живот од толерантната левица. Ако добро се сеќавам, газдата на Ребел Медиа е Евреин. Ова ми е непроверена информација, но Лорен, исто беше новинарка таму, тоа го кажа на едно интервју.