Не се разбирам во технологијата, па ќе ти одговорам онака лаички од памет... Не може да се копира зашто нов биткоин се креира само со 'копање' и решавање на тие математички проблеми и енкрипции... Веројатно секој нов создаден биткоин си има уникатен код кој може да се тракира во блокчејнот, сега за сега е практични невозможно да се хакне мрежата поради таа сложена енкрипција...
Само квантум компјутер може да го хакне блокчејнот но засега има само 30-тина квантум компјутери во сопственост на ИБМ кои може да ги користат само одредени институции и високо образовни установи за сложени пресметки и истражувања со претходна најава. Кога квантум компјутерот ќе може да се користи пошироко, веројатно ќе има и квантум енкрипции.