Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.967
Кога е бал, нека биде маскембал...
ПРИСТИГНАЛЕ ВО ВЕНЕЦУЕЛА
Ројтерс: Руски платеници го чуваат Мадуро
Платеници на приватна воена компанија, кои извршуваат тајни мисии за Русија, пристигнале во изминатите недели во Венецуела да го засилат обезбедувањето на претседателот Николас Мадуро поради протестите на опозицијата поддржана од САД, објави Ројтерс.
Русија, која ја поддржува социјалистичката влада на Мадуро со милијарди долари, неделава вети дека ќе остане покрај него откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се прогласи за претседател со поддршка од Вашингтон.
Ова е најновата меѓународна криза која ги подели големите сили, при што САД и Европа го поддржуваат Гуаидо, а Русија и Кина порачуваат дека не треба да се мешаат.
Евгениј Шабаев, лидер на локална гранка на паравоена група козаци поврзани со руски воени платеници, кажал дека во Венецуела можеби има околу 400 руски платеници.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека немаат такви информации.
Платениците се поврзани со таканаречената Вагнер група, чии членови, главно поранешни војници, се бореа на страната на руските сили во Сирија и Украина, според разговорите на Ројтерс со десетици платеници, нивни пријатели и роднини.
Повикувајќи се на контакти во руската државна безбедност, Шабаев кажал дека контингент отпатувал во Венецуела оваа недела, ден или два пред почетокот на протестите на опозицијата.
Тој кажал дека тие со чартер летови заминале за Хавана, од каде со редовни комерцијални летови биле префрлени во Венецуела.
Тој додал и дека задачата на платениците во Венецуела е да го чуваат Мадуро од обиди на симпатизерите на опозицијата во неговите безбедносни сили да го уапсат.
56-годишниот Мадуро, наследникот на Хуго Чавез, излегува на улица само во внимателно контролирани ситуации бидејќи се случувало масите да реагираат непријателски.
Еден од двата анонимни руски извори, близок до Вагнер и кој се борел во странски конфликти каде групата била активна, кажал дека платениците првпат стигнале пред претседателските избори во мај 2018, но втора група пристигнала „неодамна“.
На прашањето дали распоредувањето е поврзано со заштитата на Мадуро, изворот кажал дека е „директно поврзано“.
Ројтерс наведува дека јавно достапни податоци за летовите покажуваат дека неколку авиони на руската влада слетале во Венецуела или блиску до неа во изминатите неколку недели, иако нема докази дека тие летови се поврзани со војници платеници.
https://www.mkd.mk/svet/vesti/rojters-ruski-platenici-go-chuvaat-maduro