Кремљ го затвори протокот на земјен гас кон Украина

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Кремљ ја прекина испораката на гас за Украина
Руската државна компанија „Гаспром“ вчера ја прекина испораката на гас за Украина, но соопшти дека ќе продолжи и понатаму да им испорачува гас на земјите од Европската Унија.Според Алексеј Олеиниченко, претставник на компанијата за пренос на гас „Гаспром-Трансгас-Москва“, наместо 1,6 милион кубни метри гас на час, испораката се намалила на 400.000 кубни метри. Украинската државна компанија „Нафтогас“, соопшти дека поради прекинот на испораката на руски гас ќе ги користи државните резерви.

Причина за руско-украинскиот спор е бенефицираната цена на гасот што досега ја добиваше Киев, бидејќи планот на Москва е од годинава Украина постепено да поминува на комерцијалната цена, која ја плаќаат останатите земји.Извршниот директор на „Гаспром“, Алексеј Милер, неодамна изјави дека пазарната цена на гасот за Украина може да се одреди на 418 долари за илјада кубни метри, додека украинскиот претседател Виктор Јушченко смета дека економски е оправдана цената од 100 долари. Украина досега добиваше руски гас по цена од 179,50 долари, додека цената за европските земји изнесува 500 долари за илјада кубни метри.

Прекинот на испораката на гас за Украина следува непосредно по пропаѓањето на преговорите меѓу Киев и Москва за намирување на украинскиот долг кон „Гаспром“ кој изнесува повеќе од 2 милијарди долари.Европа една четвртина од потребите за гас ги задоволува со увоз од Русија, кој главно се транспортира преку Украина. Иако „Гаспром“ соопшти дека европските земји нема да почувствуваат недостиг на гас поради прекинот на испораките за Украина, еврокомесарот Жозе Мануел Баросо ги повика обете страни што побрзо да го разрешат спорот.




Данас сречо нема млеко :pos2:
 

СрбоЛегенда

Сами против свих
Член од
24 декември 2008
Мислења
2.694
Поени од реакции
123
Песна од Рибља Чорба има со тоа име,вака ко за новогодишен поклон им го дадоа овоа
 

аце_шваба

ГОРД ВУЈКО
Член од
10 септември 2008
Мислења
1.512
Поени од реакции
45
ако мислиш на песната „Данас нема млека“ пријателе си отишол во офсајт..офтопик де
ова не е ништо ново, не е ни првпат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom