Креирање на квалитетно гејмерско списание во Македонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Возраст
39
Локација
Париз, Франција
Добив една идеа дечки инспириран од многу гејмерски списанија низ цел свет и заклучив дека во Македонија такво списание нема. Има полно гејмери (од што нема работа
0012tongue.gif
dd.gif
) а нема списание.

Мислите дека е добра идејата за креирање на такво списание?

Еве вие како гејмери (верувам 90% сте) би го купувале тоа списание ако е квалитетно?
Ама дали навистина би го купувале не само да се залагате...
Цена ~100 денари, можда да има во него и DVD со демо игрици (јбг, не се смее торенти да се продаваат
0012smile.gif
)

Какви идеи имате за такво списание?

Ако мислите дека може да успее да се фатиме за работа
0012smile.gif
сакам да инвестирам во такво нешто.
 
Имаше бе, само 1 број искочи. :)
Play или како му беше името, не ми текнува. Рецензиите беа аматерски, сликите од нет вадени и слично...

Пример за успешно списание е PC Play во периодот од 2001-2005, како и OXM британското во поново време. Двете имаат едно нешто заедничко, луди рецензенти, начитани, наиграни, полни со смисла за хумор кои ти е мерак да ги читаш. : )

И кај нас има вакви луѓе, идејата е тука секогаш, ама нема кој да ја реализира. Повеќето го купуваа Ентер ради делот со игрите, кој реално беше тешка глупост, па верувам би имало побарувачка за вакво специјализирано списание. Впрочем, PCPlay е 350 ама е аматерско до даска, а другите странски и квалитетни се по 700-900 денари, па нема зашто да не би успеало едно квалитетно списание - кога нема конкуренција.
 
Добив една идеа дечки инспириран од многу гејмерски списанија низ цел свет и заклучив дека во Македонија такво списание нема. Има полно гејмери (од што нема работа
0012tongue.gif
dd.gif
) а нема списание.

Мислите дека е добра идејата за креирање на такво списание?

Еве вие како гејмери (верувам 90% сте) би го купувале тоа списание ако е квалитетно?
Ама дали навистина би го купувале не само да се залагате...
Цена ~100 денари, можда да има во него и DVD со демо игрици (јбг, не се смее торенти да се продаваат
0012smile.gif
)

Какви идеи имате за такво списание?

Ако мислите дека може да успее да се фатиме за работа
0012smile.gif
сакам да инвестирам во такво нешто.

Ако успеете да правите рецензии пред да излегуваат нови игри (за конзоли и за ПЦ) тогаш би го купил.
 
За рецензии треба да имаш добар тим за сите гејминг платформи. Значи начитани гејмери кој знаат да состават реченица и да напишат добар текст. Не преведувачи туку буквално интелегентни адикти. Излегва демо верзија, се игра играта, се пиши рецензија и уште 300 други информации околу неа.

Со пишување за гејмингот во Македонија мислам дека уште поќе би привлекол читатели. За проблемите, споредби во квалитет и услови пример меѓу нас и финците ете. Па интерјвуа такви работи. Промоција на мкд тимовите. На крај краева скоро секој месец има по некој турнир низ државата, можи и за то да се пиши надолго и нашироко.

Гејминг опреми, спонзори, нов пач од некоја игра, wcg, eswc бла бла .. информации колку сакаш има.

Дали е добра идејата ? Дефинитивно.
Дали ќе ти се исплати ? Ризично е, јас лично сум песимист за ваква работа кај нас.
Дали би го купил ? Првиот број сигурно.
 
Икрено кажано, добар осмислен website со интересен концепт би успеал повеќе од списание. Значи сите работи кои се наброени овде т.е квалитетни оригинални рецензии од прва рака (не преведени), најнови проверени вести, доволно рецензенти за сите конзоли итн, но наместо да ја сместиш содржината во списание, стави ја на website. Помала инвестиција и каде каде пореална реализација на самиот проект. Луѓето многу поретко купуваат физички списанија во денешно време (освен оние кои сакаат да серат и да читат во исто време но со лаптопите и тој проблем е решен :) ).
 
Можеби би се постигнало поголем успех со веб-страна, и се сложувам дека е многу полесно, али кој е ќарот? Ништо. Вака, за списание, ќе си собереш тим од луѓе кои се разбираат, ќе се помачиш малце, и толку е. Би се завршувало работа за месец дена (ако списанието искача еднаш месечно).
 
и јас сум за тоа: дека повеќе би успеало креирање на web сајт за гејмери.
У последно време ретки се читачите на списанија, а и плус тоа дека скапо му се гледа на секој да прежали 100-тина денари за едно списание, кога има се` на интернет.
 
Можеби би се постигнало поголем успех со веб-страна, и се сложувам дека е многу полесно, али кој е ќарот? Ништо. Вака, за списание, ќе си собереш тим од луѓе кои се разбираат, ќе се помачиш малце, и толку е. Би се завршувало работа за месец дена (ако списанието искача еднаш месечно).

Има ќар, реклами. :)

Само фората е што со Gamespot, IGN, Gametrailers и слични, сега има и одлични видео рецензии. Сепак, друго е кога читам една рецензија по 20ти пат во PCPlay од 2003та, а пак ти е интересна. :)
 
Пропала инвестиција :) Дали 2 проценти ке го купат списанието, германија не ја гледете со 80м жители па 100к од цела држава ке има секак да го купат списанието само вакво списание со толку труд и ако има некоја игра нема да се продава по 100ден туку ке е до 500 денари а во македонија сите игри на човеците се слегнани од интернет, а во германија се е купано. До пред 2 месеци беа контролирани сите компјутери така да тоа беше строго забрането секој мора да си купа. Според мене таа идеа не е лоша ама во македонија нема иднина :smir:.
 
lol, се читаш ти што пишуваш? :tapp::tapp::tapp:
 
Зошто да плаќам пари за најмалце 2 недели стара информација која ќе ми се презентира на најаматерски и на најидиотски можен начин (кога читам списанија од типот на Ентер се смеам ко идиот), кога можам да отидам на интернет и да ја добијам информацијата од директниот извор, 1 секунда откако ја објавил?

Press is dead, long live the internet!
 
За рецензии треба да имаш добар тим за сите гејминг платформи. Значи начитани гејмери кој знаат да состават реченица и да напишат добар текст. Не преведувачи туку буквално интелегентни адикти. Излегва демо верзија, се игра играта, се пиши рецензија и уште 300 други информации околу неа.

Со пишување за гејмингот во Македонија мислам дека уште поќе би привлекол читатели. За проблемите, споредби во квалитет и услови пример меѓу нас и финците ете. Па интерјвуа такви работи. Промоција на мкд тимовите. На крај краева скоро секој месец има по некој турнир низ државата, можи и за то да се пиши надолго и нашироко.

Гејминг опреми, спонзори, нов пач од некоја игра, wcg, eswc бла бла .. информации колку сакаш има.

Дали е добра идејата ? Дефинитивно.
Дали ќе ти се исплати ? Ризично е, јас лично сум песимист за ваква работа кај нас.
Дали би го купил ? Првиот број сигурно.

Зошто да плаќам пари за најмалце 2 недели стара информација која ќе ми се презентира на најаматерски и на најидиотски можен начин (кога читам списанија од типот на Ентер се смеам ко идиот), кога можам да отидам на интернет и да ја добијам информацијата од директниот извор, 1 секунда откако ја објавил?

Press is dead, long live the internet!

Освен сајтот на Entity (што пишат каде играле и кога, и тоа многу сиромашно), и ентер од година на година што ке пишат за WCG, на интернет нема да најдеш за 1 година нешто околу гејминг во Македонија / тимови / спонзори, а не за 1 секунда...
Вие што очекувате?
100 страни (пример) за нови игри што излегле?!?!?

Идејата е супер, посебно идејата на Plux.. Но мислам дека ке има мал број на читатели.. Ги има на интернет, но друго е кога земеш во рака да читаш, друго е кога дремеш пред мониторот...
 
Абе не се заебавајте, не е туку така да се зафатиш да правиш списание, баш пред малце размислуев за ова. Ти треба место (редакција), па после којзнае си каква опрема за се и сешто, од кај овие пари? А и како што вика Сефирот, на интернет ќе најдеш стопати побрзо и подобро „објаснето“.. Пропала инвестиција ти е списание, посебно во Македонија. Најдобро би било да си се отвори сајт некој па секој да си работи по своја воља, немора да има никаков ќар. Башка што ќе може секој да си „работи“ од дома, кога може и колку сака. Парите за web-hosting би биле мал проблем, нели?
 
Хах..интересно..
Но кој би станал од столче да даде 100 ден за списание за нови информации за игри, кога може да седи и за 1 мин. да ги дознае сите потребни информации ... ?
 
lol, се читаш ти што пишуваш? :tapp::tapp::tapp:

Ако не сум у право поправи ме со 1 причина ке се предомислам..

--- надополнето ---

Хах..интересно..
Но кој би станал од столче да даде 100 ден за списание за нови информации за игри, кога може да седи и за 1 мин. да ги дознае сите потребни информации ... ?

Што ви кажав ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom