Ајде кажи ми, како е докажано дека нечиј период на полураспаѓање е 5500 г.? Кој и со која метода ги добројал и ги дочекал тие години?
А еве го еволуцинистичкиот пристап: ако немаш одговор, стај едно...хммммм...4,5 милј. години од формирањето на Вселената и сите процеси во таа Вселена ќе имаат доволно временска фора за да се случат, па дури во тој невидено долг временски период, кој со ниедна научна метода не е докажан (каков јаглерод, каков бутур...сега и на јаглеродот му го издолживте периодот на полураспад само за да се вклопи во Вашата шпекулација..) „нешто„ може и да еволуира....Не?
Што се однесува ди твоето барање за доказот дека Бог го створил човекот, одговорот го имаш во себе: твојот образ и подобие, твојата совест, твојот осет за праведност, твојот осет за добро и зло, твојата желба за бесмртност...Само, полесно ти е да прифатиш лаги, спакувани во сциентистичка „фирма„ именувана како „еволуција„, така?
Ај, изгледа ќе морам полека да ти го надробам:
Нормалниот јаглероден атом се состои од 6 протони, 6 неутрони и 6 електрони. Јадрото е составено од првите две, протони и неутрони. Стабилноста на атомот зависи од јадрото. Е сега, изотопот Ц14, содржи плус два неутрони или 6 протони и 8 неутрони. Таквото јадро е нестабилно и со тек на време се распаѓа.
Во еден грам материја се содржат огромен број атоми.
Значи, за одредено количество материја Ц14 може да се одреди периодот на полураспаѓање, а тој е околу 5500 години.
За еве 1 грам Ц14 да се полураспадне ќе поминат 5500 години. Потоа ќе остане пола грам Ц14. За и тој пола грам да се полураспадне ќе поминат уште 5500 години. Тоа се вкупно 11000 години. Потоа ќе остане 1/4 Ц14, и за тоја да се распадне ќе поминат уште 5500 години и така натака...
Е сега, покрај стандардниот јаглерод што се прима преку исхраната, дел содржи и од изотопот Ц14. Дел останува во коските. Коските не се распаѓаат како останатото ткиво, туку остануваат со милиони години.
Кога ќе се пронајде коска и ќе се земе примерок, се утврдува колку били вкупното количество Ц14 и колку е во тој момент и лесно се пресметува кога коската, т.е. суштеството на кое припаѓа коската престанало да зема храна. Или кога умрело.
На тој начин се утврдува пред колку години живеело тоа суштество.
Сега појасно е?
А постојат и елементи (изотопи) кои имаат далеку поголем период на полураспаѓање, како што го спомнав изотопот на ураниум 238.
На никој од научниците не му текнало да си стави билиони години, па да објаснува ова, она. Се се базира на истражување.
И да, сликата не е целосна, постои уште многу истражување.
Што се однесува на Бог и неговата креација човекот, може ли да обезбедиш барем еден доказ, наод за тоа?
Тие што ги наброја погоре не се докази.
--- надополнето ---
Ти ги криеш доказите за тебе , не ме прашуј мене.
Тоа е субјективна работа на секој .
Тоа бара сопствено искуство и доживување.
End of the line.
И уште би додал
Jesus said, "Those who seek should not stop seeking until they find. When they find, they will be disturbed. When they are disturbed, they will marvel, and will reign over all."
ОК, кое е тоа сопствено искуство и доживување? Дали тоа може да се смета како доказ? Дали ти тоа го имаш доживеано?
Кога некој халуцинира змејови и притоа доживува некое искуство, дали тоа е доказ дека постојат змејови?
--- надополнето ---
Пак верглање со Луси која ја составувале од фосили најдени на 2км квадратни површина и до 60 м длабочина копање...абе научна метода упм...
Ефтина лага,не е пронајден никаков целосен фосил туку е составуван од разно-разни делови наоѓани на десетици локации со цел конечно ама баш она...конечно да свршат догматичарите дарвинистички во гаќи...
Уште еден феил да се најде преодната врска,како и пилтдаунскиот човек кој пола век важел за научен доказ...хехех
Него...
За креационистите - како кенгурите стигнале до Австралија?
За дарвинистите - како луѓето стигнале до Австралија?
Земи прочитај како се пронаоѓани скелетите (коска по коска) на диносаурисите.
Луѓето стасале во Австралија исто онака како што стасале во Америка.
--- надополнето ---
Хахах...... open your eyes.
Тури им пепел на сите догми , посебно на сатанизмот.
Не давај да те осакатат.
Знам дека не ти одговара ова што го читаш ама
За твоја среќа уште не е касно
Игоре, ти ли си?