Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Крај на коалицијата ДУИ-ПДП. Ова е еден од заклучоците на претседателството на ПДП, кое попладнево заседаваше во проширен состав, со претседателите на ограноците.
Имајќи го во предвид неуспешното дејствување на коалицијата во изминатите шест месеци и нереализирањето на волјата на мнозинството од албанскиот електорат, претседателството заклучи автономно и независно да дејствува во политиката, се вели од партијата по седницата. Тоа ќе значи дека ПДП ќе соработува со сите политички субјекти на Албанците, но и со оние од македонскиот блок за интересите за кои се залага партијата - политичкиот дијалог, стабилноста и евроинтеграциите.Високи партиски функционери на ПДП велат дека внимателно се одбира терминологијата. Преку автономното дејствување раководството ќе се обиде да ги смири припадниците на струјата која е против раскинувањето со коалицијата со ДУИ.
Во ДУИ официјално не ја коментираат одлуката на претседателството на ПДП. Ќе се огласат по празниците. Неофицијално, во ДУИ велат дека одлуката е донесена без двајца од тројцата пратеници на ПДП, кои не присуствувале на седницата.
Првите реакции од ДПА се позитивни. Во одлуката за автономно и независно дејствување на ПДП препознаваат волја, партијата да се вклучи во политичкиот дијалог и во стабилизацијата на политичката клима во земјата.
Уште еден доказ дека политиката е курва.