Далечните 80-ти, кога јас бев дете имаше само Телевизија Скопје 1 и 2 (сега МТВ)
Имаше и Микијев забавник, Микијев Алманах, кога потпораснав и Политикин забавник, но и Алан Форд, Дилан Дог, Марти Мистерија, Мистер Но, Капетан Мики, Блек Стена...
Растев во маалото, со другите нешто поголеми и нешто помали деца од мене.
Трчавме, игравме по цел ден...и ни беше супер.
Сега сум и самиот татко на четиригодишно дете...
И...си седи на компјутер...Барби нешто, Disney.com и слични работи...но ја носам и долу, со децата да си игра...
Времето е такво, технологијата оди напред...
Јес да онлајн животот го убива нормалниот меѓучовечки живот, но треба баланс...
Треба и Гугл, но треба и партија баскет со пријатели...и кантер но и на по едно пиво...
Мене лично исто ми се фаќа...и да има, и да нема интернет...еписибир.