Кој ја создаваше „бугарштината“ во ВМРО

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Хаџи Димов со Ѓорче Петров тргнаа во итно обединување на сите сили од македонскиот народ. Дејците но и масите од Пиринско, емиграцијата од секаде поведоа кампања за барање од Мировната конференција во Париз да се применат во однос на Македонија и македонскиот народ, познатите и шумно прогласените Вилсонови точки за национално самоопределување на народите. Така се создаде во 1919 год. а по нивна иницијатива Привременото представништво на Обединетата бивша ВМРО. Ова преставништво го дигна гласот на широкиот македонски народен фронт со барање за обедината и самостојна држава на македонскиот народ. Токму заради ова Привременото преставништво испрати своја делегација во Париз со специјално изработена Петиција. И токму во Пиринска Македонија и по градовите на Бугарија каде имаше бројна емигрантска маса, се држеа митинзи со најупорна подршка на акцијата од Привременото представништво. Масовната патриотска психоза среде македонскиот народ особено беше силна кај емиграцијата. И повторно Бугарите беа во паника, ова не им одеше во прилог особено што подршка на овие барања имаше од се по значајни кругови низ Европа и светот. Притиснати од таа подршка, врховистите на чело со Каранџулов, Баждаров и Станишев го создадоа т.н.р – Исполнителен комитет на македонската емиграција во Бугарија, лажно декларирајќи дека се борат за – Автономна Македонија (?!). Повторно искрената македонска желба за самостојност, Бугарите ја злоупотребија за свои интереси а преку емигранти-платеници. Ставија рака на оваа идеја со цел нејзино канализирање но кон интересите на Бугарите и Бугарската држава. Така дури и терористичките орди на Тодор Александров и Александар Протуѓеров се самоназначуваа за “ Автономистички“. По којзнае кој пат волкот, навлече јагнешка кожа заради основното пропагандно правило – “Направи да ти поверуваат“. И одново стана за потребно да се објаснува поимот на автономијата, за да се одвои вистинскиот од лажниот автономизам. Пак Димо Хаџи Димов, беше перото кое ги рушеше пропагандите на Бугарите и мешањата во македонското дело. Во 1919 год. тој ја објавува брошурата “Назад кон автономија“, веднаш прифатена среде македонските маси низ Пиринско и по македонските братства од емиграцијата.

На почетокот се истакнува вистината за перфидната нововрховистичка пробугарска демагодија. Од една страна, врховистичкиот Исполнителен комитет декларира пред емиграцијата дека е за автономија, а од друга ги исполнува наредбите на Бугарите и нивната влада и тајно испраќа петиции до Париската мировна конференција за присоединување на Македонија кон Бугарија. Значи пред македонскиот народ со лажно месијанство го проповедаше сонот на Македонците за своја независност а зад него го спроведуваше неговиот кошмар, нови делби и туѓи владеења. Хаџи Димов за ваквата официјална политика на Бугарите преку своите инструменти, овде ќе запише: “И денес таа политика не сака ништо друго, освен да се реваншира, место да ги поднесе сите последици од својот пораз. И во иднина таа политика ќе сака да го запази своето минато и своите методи за идните поколенија, верувајќи дека бугарската општествена совест ќе ги преспие спокојно сегашните денови”. Па ќе продолжи: “Со притисок и заплашување бугарската официјлна политика се мачи да го парализира во македонскиот народ неговиот инстинкт за самозапазување, да го задуши и умртви никулецот на оние идеи што би го спасиле од непријателската поделба, да ја убие онаа моќна и жива формула што сама по себе родува во неговата свест и во неговата душа – формула за запознавање на неговата целост како самостојна државна единица на Балканот. Тоа чувство, таа вест, таа решеност, што се заеднички за целиот македонски народ, се во целосна противречност со целите на бугарската политика.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Изјава на Александар Протогеров:
„Македонското прашање е бугарско прашање, затоа што Македониjа во нејзиниот голем дел е населена со бугари и jас сум од тие бугари."

Инаку, како началник на бугарските воjски во Моравско, Србија, Протогеров добил три бугарски ордени: Орден "За храброст", Орден "Свети Александар" и Орден "За воена заслуга" 3-ти ред. Мора неговиот внук Мартин Протоѓер да е многу горд за овие успеси на дедо му!
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Исто како што Дедо Иљо Малешевски првин се борел на Српска страна, за подоцна да премине во Бугарските редови, за што исто така добива највисоко Бугарско одликување златен „Орден за храброст“.

Сега постави си го прашањето дали Беровци се гордеат со него.


Масоните во Македонија.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Исто како што Дедо Иљо Малешевски првин се борел на Српска страна, за подоцна да премине во Бугарските редови, за што исто така добива највисоко Бугарско одликување златен „Орден за храброст“.

Сега постави си го прашањето дали Беровци се гордеат со него.


Масоните во Македонија.
Кога реков дека сум слаб од делот на Историјата и така мислев...и така е...затоа реков бидеќи незнам нека ме демантира некој за овие неколку постови во кој од нив да поверувам...бидеќи во еден од нив се наведува Александар Протуѓеров како најголем непријател на национално ослободителната борба а во друг за некои наводно направени заслуги.Тоа ми беше...потоа ќе дебатираме колку сакаш за Беровци и Малешевски. Дај биди конструктивен и дај одговор ако имаш.
Респект.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Секогаш комунистите во недостаток на никакви идеи, а со цел да го нападнат ВМРО, се повикуваат на некое си бугарофилство. Кое не викам дека не постои, меѓутоа нивниот начин на презентација иритира и става све во едно со тоа етикетирајќи незнам колку илјади членови и симпатизери на истата партија, за гласачите ич муабет да не праиме.

Лично јас познавам повеќе симпатизери на СДС, вклучително и оние кои на пописите се изјаснуваат како Срби со бугарски пасош отколку други, но нема врска.

Со вакво етикетирање на цела еден слој од Македоснкиот народ уште еднаш како и многупати до сега се покажува на дело немакедонската определба на една шака луѓе, со што им идат од рака на нашите негатори.

И уште нешто кое мислам дека е многу важно да се истакне. Ако го земеме Ванчо Михајлов за пример на предавник на Македонскиот народ, меѓутоа ова е многу битно, тој го предал неговиот народ во недостаток и непостоење на своја сопствена држава Македонија. Тој ја предал само организацијата која дејствувала илегално или полуилегално во три моќни балкански држави. А како ли историјата ќе им суди на оние кои ја предадоа нивната штотуку формирана држава, Македонија? Значи некој ја предаде својата штотуку родена држава. После толку векови тежнение за своја држава некој се најде уште во старт да ја предаде со 150.000 дозволи за увоз, со бесрамната пљачка на својот сопствен народ, со континуираното однародување на истиот, со преименувањето, со неносењето на нејзиниот вековен земски грб запишан во европските грбовници од средниот век па наваму, со новата територијална организација, и така натаму и така натаму, списокот е долг и обемен. Така да ако зенит до сега во предавството на својот народ беше Ванче, мислам дека полека но сигурно првото место ќе му биде земено од оние кои ја предадоа својата сопстевна држава.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
VII-от општ редовен конгрес на ВМРО, откако го ислуша подробниот извештај на членот од ЦК Иван Михајлов, за сета досегашна дејност на А. Протогеров, а исто и објаснувањата на многу од делегатите на конгресо, установува:

1) А. Протогеров уште пред м. септември 1924 г., служејќи се со заблуди и интриги, постојано се стремел да го осрамоти чистиот лик на Т. Александров и, расолебувајќи ја верата во способностите, силите и достоинството на големиот вожд, отворено создавал расположение против него. Тоа расположение донесе раскол во Организацијата и потстрек на престапната мисла за отстранување на Тодор.

2) Од собраните податоци и автентични документи по VII-от редовен конгрес, претставени на сегашниот конгрес, несомнено е докажано, дека А. Протогеров е соучесник, како во подготовката за убиството, така исто и во самото устројство на тоа убиство.

3) По општиот конгрес во 1925 г., до денот на неговото убиство, А. Протогеров со своите престапни дејствија внесувал раскол во Организацијата и секогаш ја доведувал во опасност нејзината целост и самостојност. Со најнепростени средства тој се стремел да го осуети денешниот конгрес, за да ги избегне одговорностите, кои неминовно ќе ги поднесеше за својот престап.
Протогеров не само што не се замислил, дека со тоа свое дејствување го подготвува кутнувањето на македонската ослободителна борба, туку напротив, во тоа кутнување го гледал својот триумф и го очекувал својот спас.

Со оглед на гореизложеното, конгресот смета, дека членот на ЦК И. Михајлов, исполнуивајќи го решението на минатиот VI-ти општ редовен конгрес за пронаоѓање и казнување на сите соучесници во убиството на Т. Александров, сфаќајќи ја уште и апсолутната неопходност од запазување на застрашената целост и самостојност на ВМРО, го исполнил својот заповеден долг, кога решил и наредил А. Протогеров да биде убиен.

Конгресот еднодушно го одобрува решението на членот од ЦК Иван Михајлов за егзекутирањето на А. Протогеров и признава, дека со тоа свое дејствие тој ги запазил највишите интереси на Организацијата и му искажува благодарност од името на поробената Татковина како на него, затоа што ја имал доблеста да ја реши и заповеда егзекуцијата, исто така и на нејзините извршители.

Оргиналната резолуција е потпишана од бирото на конгресот и од сите делегати.



Ова го пишувал македонец т.е. член на тогашно ВМРО не некој припадник на комунизмот него далеку од тоа.



 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Секогаш комунистите во недостаток на никакви идеи, а со цел да го нападнат ВМРО, се повикуваат на некое си бугарофилство.
Не го изјавувам јас ова туку го пишува во историјата на вистинското ВМРО т.е. нашето де а незнам кај гледаш комунисти во редовите на тогашно ВМРО.
 
Член од
11 април 2007
Мислења
1.677
Поени од реакции
25
Не се секирај, историјата ќе ги искачи на пиедесталот во предаствата луѓето кои ја предадоа својата сопствена држава, за жал. Овие од некаква си револуционарена организација кои работеа за туѓи интереси на почетокот на 20-от век се детска градинка во споредба со предавствата на некои софистицирани типови, со пури и викси у рака.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Изјава на Александар Протогеров:
„Македонското прашање е бугарско прашање, затоа што Македониjа во нејзиниот голем дел е населена со бугари и jас сум од тие бугари."

Инаку, како началник на бугарските воjски во Моравско, Србија, Протогеров добил три бугарски ордени: Орден "За храброст", Орден "Свети Александар" и Орден "За воена заслуга" 3-ти ред. Мора неговиот внук Мартин Протоѓер да е многу горд за овие успеси на дедо му!
Toa go napisal bugarskiot propagator Hristo Tatarchev vo 1940 g. (26 godini po smrtta na Alex. Protuger), koj e dobro poznat bugarski platenik, od istite redovi kako i Vanco Mijalov. Toa e se` edna bugarska propaganda, kade sekoj Makedonec go pravat bugarin.
Inaku, Protugerov e ubien bas od taa predavnicka struktura od Vanco Mihajlov zosto 1924 g. go potpisal MAJSKIOT MANIFEST zaedno so VMRO Obedineta za formiranje nacionalna drzava na makedonskiot narod. Poradi toa bugarskiot platenik Mihajlov i zenamu mu Krnchu, gi proglasuvaat Protugerovi za neprijateli na Bugarija i go ubivaat Alex. Protuger, po sto familijata od Sofija mu bega vo togasna Kraljevina Jugoslavija.
Istoto se slucilo vo istite godini i so familiite na poveke makedonski dejci, kako Gorce Petrov itn.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Треба многу посуштински да навлезеш во Македонската историја, пред се на ВМРО ( не партијата).
Неможеш да бираш што ти се допаѓа, па да го присвоиш само тоа. НО, неможеш ни да ги гледаш одделно настаните и личностите.

Наместо да ние да ја вршиме работата на платените историчари, по блогови и слично, би требало тие нам да ни објаснат.

Од она што човек може да го најде и прочита, ќе најде многу контроверзни податоци и контрадикторности.

Голем број Македонски револуционери наоѓале на поддршка во Бугарија, и сходно на тоа некои од нив врбувала и Бугарската држава за своите интереси.

Дури и Димо Хаџи Димов бил бугарски офицер и бугарски државен службеник, живеел, работел, убиен и погребан во Софија.

Голем број тоа го правеле од лична корист, за пари и статус. Како генерал, Протогеров тоа и го добил.
Затоа постои сета негова контроверзност, декаработел за Бугарските интереси.

Од другата страна е потпишувањето на Мајскиот манифест од страна на Протогеров, Александров и Чаулев кој беше објавен во Виена на 6 мај 1924 година.
За што Александров добива и смртна пресуда од Бугарскиот двор.

Објективно, останува да важи дволичноста на Протогеров, Александров, кои несомнено го потпишале овој Манифест, меѓутоа во неколку наврати ги штителе и Бугарските интереси.

Најверојатна причина поради која Протогеров е насликан со црна боја во македонската историја: од 1918 година, по завршетокот на Првата Светска Војна, ја зема должноста на организирање четничка дејност - отпор против српската власт во Вардарска Македонија. Во суштина, бил државен непријател на Кралството Југославија, а сликата на бугарски злосторник е пренесена во современата македонска историја по инерција, и е нецелосна.
Во контекст на српско-бугарскиот судир околу Македонија и државните обврски на Бугарија како празена страна во војната е и неговото убиство во 1928. Согласно со мировниот договор во Neuilly, Франција од 1918, Бугарија е обврзана да го сопре македонското движење и да не дозволи нејзината територија да биде база за терористички акции на ВМРО против Србија (Дел од пазарот кој сосила и бил наметнат на Бугарија во 1918 е и купопродажниот договор со кој Егзархијата и ги продава вардарските епархии на СПЦ).
Бугарија доследно си ги извршува обврските преку својот агент Михајлов, така да однадвор гледано, чистките во ВМРО личат на братоубиствена војна и борба за превласт.

Александар Протогеров никогаш не се женел и немал деца, па така не е можно Мартин Протуѓер да е негов директен потомок од прва линија.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не го изјавувам јас ова туку го пишува во историјата на вистинското ВМРО т.е. нашето де а незнам кај гледаш комунисти во редовите на тогашно ВМРО.
Rasprostranuvas bugarska propaganda literatura od bugarski propagandni sajtovi napraveni od Sofija na makedonski jazik, za podobro sirenje na bugarskata lazliva propaganda megju Makedoncite.
Abe komunal, komunal...
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Александар Протогеров никогаш не се женел и немал деца, па така не е можно Мартин Протуѓер да е негов директен потомок од прва линија.
А зошто се спомнува дека Александар Протогеров му е дедо на Протуѓер по 3то колено ете тоа не ми е јасно.
 

SuicideMessiah

Советник
Член од
7 јули 2008
Мислења
5.562
Поени од реакции
281
Инаку благодарност до информациите...
Респект за обајцата без оглед дали сте вмро или сдсм.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
А зошто се спомнува дека Александар Протогеров му е дедо на Протуѓер по 3то колено ете тоа не ми е јасно.
Прашај го оној кој го напишал тоа. Очигледно така му одговарало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom