Кристифор Колумбо не ја открил и не стапнал прв на Американска почва, со неговото дело само започнува ерата на масовните колонизирања на таа т.н. нова земја од страна на повеќето западно-европски кралства ........ В.Британија, Франција, Холандија, Шпанија, Португалија... !
Всушност кога европските доселеници почнале да го колонизираат тоа ново копно, таму веќе имало домородно/староседелско население т.е. нативни Американци или погрешно наречени од Колумбо како Индијанци, бидејќи он мислел дека всушност стапнува на Индиска почва, но подоцна Америго Веспучи всушност докажува дека тоа не е Индија, туку сосема новооткриено копно(нова земја) и според неговото име новиот континент се нарекува Америка т.е. Северен континент(Сев.Америка) и јужен континент(Јужна Америка) !
Значи први кои стапнале и се населиле на тоа копно биле всушност Азијатски племиња .......... нативните Американци се доселени таму преку Беринговиот проток(Сибир/Аљаска) од Азија, дури и по самиот изглед наликуваат на Источни Азијати/Монголоиди и таму се населени уште многу поодамна пред таму да стапне Колумбо, а исто така и Викинзите(Викиншките морнари) имаат стапнато на тоа копно уште пред Колумбо и тоа на северно-американскиот џиновски остров Гренланд(Зелена земја) !
А еве сега дознаваме дека и Кинезите со нивните бродови(Кинески џунки) таму стапнале пред Колумбо, но сепак не ја колонизирале новата земја и целосно се повлекле од понатамошни активности на новооткриеното копно !