Предноста на Бугарија е во тоа што таа ја доби својата независност во 1878 година, додека Македонија ја стекна во 1991 година. Во тој огромен временски период од 123 години, Бугарија имаше можност да воспостави дипломатски врски со земјите ширум светот, како и да заземе позиции каде што слободно си ги препиуваше сите борби на македонскиот народ за слобода како свои. За време на СФРЈ, поради политиката на братство и единство, настаните од борбата за независност на Македонија во периодот меѓу двете светски војни не се учеле, и биле цензурирани и забранети, најверојатно со цел да се избегне развој на негативни чувства кон Србите.
Таков е и случајот и со Мара Бунева. Оваа цензура во Македонија и СФРЈ и овозможија на Бугарија слободно да ја фалсификува и присвојува македонската историја како своја. Бугарија не ни помислувала, ниту се надевала дека во блиска иднина Македонците ќе успеат да добијат своја држава и ќе бидат признати како народ. Затоа денеска се наоѓа во таква позиција, каде што единствениот напад и одбрана со која се служи е дека Македонците се творевина на Тито.
Бугарите викаат Македонците ја фалсификуваат историјата, а Македонците дека Бугарија ја краде македонската историја. Затоа најдобро е трет и неутрален извор: Американските и западните медиуми за настанот известувале дека Мара Бунева била млада Македонка.
Од ЏОН ГАНТЕР. Специјален кабел (авторско право) до BUFFALO EVENING NEWS и Chicago Daily News.
НЕКАДЕ ВО МАКЕДОНИЈА, 27 јануари 1928 -
На 5 октомври, генерал Ковачевиќ од југословенската армија беше застрелан од комити во Штип. На 16 октомври, беше направен обид да се разнесе Симплон-Ориент Експрес во близина на Скопје. На 31 октомври, српската полиција ги застрела таткото и братот на Михајлов.
На 20 ноември, експлодираше бомба во близина на Александрово. На 23 ноември, двајца комити, Нанов и Нулелиќ, беа осудени на смрт во Солун. Рано во декември, започна судењето на македонските студенти во Скопје. На 3 декември, српски офицер беше убиен од експлозија на бомба во Струмица.
На 12 јануари, уште едно убиство беше додадено на оваа листа, кога Велимир Прелиќ беше смртно ранет од Мара Бунева, млада македонска жена. Прелиќ беше одговорен за осудата на неколку македонски студенти обвинети за предавство.
Ова е видот на случувања кои се одвиваат речиси непрекинато пет години, што ги заморува југословенската и сите соседни влади. Секој ја обвинува другата страна. Подобриот дел од Македонците и самите го осудуваат тоа, но досега никој не успеал да го искорени. Ова е исто така вид на случувања што доведоа до тешка и опасна меѓународна ситуација, во која можат да се најдат семките на идната војна.

Последно уредено: