Кој е вашиот тениски фаворит?

Кој е вашиот омилен тенисер?


  • Вкупно гласачи
    87

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670


Тенис гледав уште од детенце, некаде од 7-8 годинки и како фаворити, или тенисери за кои секогаш навивав кога ќе им начекам меч на телевизија беа Хјуит, Федерер и Родик. Нормално, нема што да се лажеме, немаше интернет и слични работи тие времиња, па не знаев што се игра и кога се игра, ама кога ќе начекам тениски натпревар, посебно кога играше еден од овие тројца не испуштав. :) И така дојде една зима, 2005 година. Австралија Опен, тука веќе малце поголем почнав да разбирам повеќе, ем и татко ми гледа тенис, па и од него нешто да учам. И знаев дека турнирот е Гренд Слем, дека е еден од најважните и слично. Хјуит играше со еден од Федерер и Родик, Сафин играше со другиот. И јас се фалев на татко ми демек моите тројца тенисери се во 1/2 финале. :D И Хјуит и Сафин победуваат и одат во финале. И јас станувам, Хјуит веќе води 1-0 ако не се лажам, арно ама од кога станав Сафин кога го затепа, Хјуит не освои ни сет. И ептен ми беше мака што го изгуби Финалето, посебно што знаев дека тој е австралијанец и игра на домашен терен. И така во тој момент Хјуит ми се издвои од овие 2цата толку што овие тотално ги заборавив. :) И од тогаш наредните години навивав само за Хјуит, а за Федерер и Родик едноставно не ми беше гајле. Ама ете почнаа повредите да го кинат полека полека. Па најдобар резултат последните 2-3 сезони му е победата во Хале 2010 мислам дека беше, кога го победи Федерер во финале и 1/4 финалето на Вимблдон 2009 или 2010 кога загуби 3-2 од Родик, а водеше 2-1. :) И нормално кога веќе мојот омилен тенисер не игра во завршниците на големите турнири, јас почнав да развивам симпатии кон други тенисери. Па сега на секој турнир каде што не игра Хјуит или е вон конкуренција јас навивам за Џоковиќ и Дел Потро првенствено, Делпо ме купи со настапот на ЈуЕс Опен 2009. Ама ако еден од овие двајца игра против Хјуит, јас ќе навивам за Хјуит, нормално, без разлика што шансите да победи му се минимални. :)

Ај се занесов во раскажувањето, доста беше. :D
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
На почетокот кога почнав редовно да пратам тенис омилен ми беше Хјуит а некаде од 2007 па наваму Федерер.
 

OmarSpears

Stelar
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.372
Поени од реакции
3.132
Ради Федерер ко мал одев на курсеви за тенис скоро 2 години. Тој ми е фаворит.
Додека Ѓокович органски неможам да го сварам.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Не ми се верува дека сум единствениот што гласал за Дел Потро...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.663
Поени од реакции
38.846
чилич ми е омилен и го пратам кога можам, пошто ми е премногу мејнстрим и глупо да навивам за некој што нон стоп победува и да се палам како млад мајмун кога освојува некое турнирче. Не сум глорихантер, како за фудбал што навивам за ливерпул така и за тенис
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Ѓоковиќ, затој што е Србин...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom