Една работа е да велиш к*р ме заболе за државата, да живееш во апатија и тотална незаинтересираност за финансискиот грабеж што ти се случува пред очи, а сосема друга е да бидеш тотално игнорантен и незаинтересиран за сопственото здравје и здравјето на твоите најблиски. Мислам дека ова со коронава ни беше еден вид на ултимативен тест на нашата колективна свест како народ и мислам дека до сега дебело паѓаме на истиот.
Богатите и развиени земји наспроти потешкотиите, на крај мнозинството од нив ќе ги воочат пропустите во нивното функционирање и колку толку ќе ги санираат штетите. Швеѓанецот, Германецот и.т.н ќе си останат повторно во врвот на глобалниот синџир на богатство и просперитет во секое поле. Ќе се регенерираат економски, и до максимум ќе го амортизираат ударот од кризата. Што ќе правиме ние е прашање. Немаме ни ресурси ниту пак грам општествена свест. Читам денес во градов вирусот почнал да се шири локално, што значи дека не се почитуваат никакви мерки, што е евидентно. Некои дегени па дури и ѕвонеле по телефониве што се оставени за консултации околу коронава со лажни дојави.
Во услови кога постојат еден тон уреди за пристап до податоци, доволно мали да ти ги собере в џеб а ти да си толку незаинтересиран за случувањата околу тебе е навистина одраз на културолошката инфантилност и неписменост која што го еродира општеството и креира килави материјалистички генерации. М*тер му е*ам излегле надвор, иди новинаркава ги прашува шо к*р се собрале пет души, оваа и враќа - држиме растојание од метар, а пред тоа во кадар надвиснати ко канти една над друга се кикотат, ги заболе пи*ната жила за се. Битно опнала цвикера, песот се мота околу неа, се шетаат ко татко му градот да го ослободил.
На крај ние дома што седиме во изолација и виновни, па и глупи ќе излеземе шо не излегуваме.
Виновен е и народот, виновни се и институциите за спроведување ред, кои што самите низ годините си го поткопаа кредибилитетот, па сега повеќе служат за потсмев отколку како авторитети кои што треба да бидат лицето на една функционална држава каде што владеат и се почитуваат законите.