Немам појма, и мене ми е чудно тоа
Упатство од горе,СЗО.
При здрав памет, вечината се прават удрени ко првпат да работат во здравство.
Кога било тоа во ек на пр. на грип, да се прават тестови на починати по било која основа дали е позитивен на грип.
Како медицинско лице ќе кажам дека секоја болест си има своја патогенеза, патологија и обработката на пациентот започнува со земање на анамнеза која во медицината се вели дека е пола од дијагнозата. Ако пациентот има пример жолта кожа,жолти белки на очите, нормално сумњате на хепатит и се вршат понатаму други испитувања за да се докаже тоа, нема да сумњате дека е до грип работата,ако пациентот моча крв нормално ќе сумњате на друго заболување поврзано со бубрези а не на грип или хепатит.
Ако во анамнезата пациентот има симптоми на грип или во овој случај на корона, како зголемена температура, малаксаност која оди со неа, болки во мускули, исто поврзани со неа, кашлица , зголемени отечени лимфни јазли, дали зголемени и црвени крајници, е тогаш имате пациент со грип или корона, битно вирус, кој ако заврши летално поради некоја секундарна инфекција или компликација се води како смрт од тоа.
И немојте со тоа дека од ова не се знае кај ќе те удри, тоа е толку мизерно што не се опишува, ко приказни за мали деца дека штркот ги носи на свет.