Користењето на македонскиот литературен јазик во секојдневието

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.270
Револтиран од еден водител на вести конкретно на сител телевизија решив да ја отворам темата и да видам како е општото мислење на форумџиите во врска со тоа.
имено водителот иако е на национална телевизија, а рака на срце истото скоро сите го прават, во коментарите си користи речник или дијалкт како што го научиле дома или како да е пред кооперација.
истото важи и за функционери на јавни функции, пратеници или сите кои спред мене им е должност при обраќање да зборуваат на литературен јазик а не на нивниот дијалект од селото каде се дојдени.
сепак не се дома или неформално зборуваат со некој туку се обраќаат на нацијата или ги гледа поголем дел ако не и сите граѓани.
јас разбирам дека при контактни емисии на пример ке се јави некој со средно вечерно кој толку му е знаењето , но сепак водителот при комуникација со него треба да го користи литературниот јазик, а не дијалкектот од каде е растен. дали треба да се воведат некои казни или така нешто со цел сите јавни личности кои имаат пристап до поголема група на граѓани да бидат обврзани да зборуваат литературно. незнам што е вашето мислење но само погледнете вести на телевизија скопје на пример на времето или некој постар филм и ке забележите како чисто и без ниедна најмала грешка водителите или глумците зборуваат на чист литературен јазик без никакви примеси на жаргон или дијалект. да биде трагедијата поголема и преводот на филмовите, статии во весници и друго е најчесто со грешки на тој што го преведува или пишува. дали намерно го силуваат јазикот или толку им е знаењето и можностите. зарем толку им е тешко да зборуваат или пишуваат на литературен јазик со оглед дека би требало да се високообразовани ако ништо друго, па макар биле и водители на некоја најбезвезна контакта емисија, или пак водител или дописник на главен дневник во ударно време?
 
T

Tetro

Гостин
Во право си друже почитуван форумџија. Во секојдневниот говор, многу често се употребуваат дијалектолошки фрази и изрази. Чарето не се бара вака, мора да се изготват стандарди прво.

Иначе, имаше вакви теми по форумов.
Еве една http://forum.kajgana.com/threads/56736/
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.031
на времето спикер збор да згрешеше, друг пат на вести го немаше, а оној лижач Латас меша србизми....
Нема новинари кај нас бре, сите се лижачи.....
какви кази.....исклучи телевизорот....во овие 14 месеци немам ни 5 сати телевизија гледано. последно гледано ми е финалето на ЛШ. И онака телевизјата пери мозок. и онака сите телевизии се во сопственост на некој олигарх. Тој олигарх има заштитник од политичка партија и мора да му одработува. Ќе вработува новинари или ќе најди некои кои за нарачки ќе го убедуваат народот дека тече мед и млеко
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Кажи де коj водител :D Не дека не знаеме ама да си го потврдам сомнежот. Инаку новинарите се наjголемите загадувачи на македонскиот jазик - покраj глобализациjата. Пред некоj ден на саjтот на канал 5 наjдов толку многу србизми/бугаризми или што и да се што ми се наежи кожата.
...Последните искричења меѓу Софија и Скопје се појавија откако македонскиот Врховен суд пресуди во корист на сопругот на Спаска Митрова и родителството за нивната ќерка му го додели нему.
Вчера бугарскиот премиер Бојко Борисов изричито наведе дека поради овој случај бугарската поддршка за македонското членство во европската унија ќе биде многу построго. Македонија не ги коментира бугарските ставови, но е изненадена од ваквиот однос кој е особено чест во последниот период.
Мирјана Трпческа (КАНАЛ 5)
 

Hedera

Noxious
Член од
20 јуни 2012
Мислења
91
Поени од реакции
84
Сметам дека во денешно време ниту некој се замара што се кажува, ни како се кажува. Со исклучоци, повеќето водители не треба да се на тие позиции-затоа што немаат поминато низ обука за дикција, за литературно изразување и држење пред камери. Најчесто изгледаат и звучат како да седат пред зграда и коментираат со другарите/ките за одредени теми, што е едноставно неприфатливо.
 
S

Sagan

Гостин
:)
Т.н. литературен јазик е микс од неколку југозападни дијалекти.
Северните и источни дијалекти не прават навидум блиски до Србите и Бугарите, а некој безпотребно се чуствува навреден заради тоа.

За мене, секој дијалект кој се зборува на територијата на Македонија е дел од македонскиот јазик и го почитувам.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.193
Јазикот е од народот - народот го создава, народот го менува.
Сепак средствата за јавно информирање, медиумите, јавните личности се тие кои имаат најголемо влијание во промоцијата на јазикот (ги следи широк аудиториум).
Новинарите, водителите звучат на таков начин, кој би го изморил и најзаинтересираниот гледач, половина Парламент кога зборува македонски јазик, тоа личи на се, освен на литературен македонски јазик
Баш би сакала да се појави некој уредник на некоја ТВ (како највлијателен медиум) кој ќе има доблест изјавите на водителите, политичарите да ги титлува на литературен македонски јазик. Баш ме интересира како ќе звучат Ѕинго, Бекстејџ водителките и останатата неписмена раја со титл, веројатно би биле посрамени, исмеани и во иднина би се замислиле пред нешто да кажат.
Македонскиот литературен јазик свесно или несвесно самите си го убиваме:(
 

Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.467
Поени од реакции
6.808
Не само новинарите, посебно оноа турските серии со скопски дијалект....
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.270
Кажи де коj водител :D Не дека не знаеме ама да си го потврдам сомнежот. Инаку новинарите се наjголемите загадувачи на македонскиот jазик - покраj глобализациjата. Пред некоj ден на саjтот на канал 5 наjдов толку многу србизми/бугаризми или што и да се што ми се наежи кожата.
не беше водител туку дописник, а рака на срце не му го знам името. ама она ИСКОЧИЈА кога зборуваше за невремето во скопско ушите ми ги искина.
ја зедов сител за пример само, пошто баш ете тогаш ми пукна филмот. истото се случува ама баш секаде од водител на некоја контактан емисија до носител на јавна функција. ај не очекувам сите граѓани без исклучок да зборуваат чисто литературно ама сепак за овие тоа правило би требало да биде закон. ај сега некој водител од потекло од струмица да си почни на струмички на главен дневник. кој тоа би го разбрал.
па уште и од што им е тешко или толку им е знаењето пробуваат да протнат теза како и дијалектот е македонски јазик. да точно е македонски ама дијалек а не јазик. еден и само е едем е литературниот, се друго е за по дома со најблиските, а сигурно не за на телевизија.
--- надополнето: 26 јуни 2012 во 00:16 ---
:)
Т.н. литературен јазик е микс од неколку југозападни дијалекти.
Северните и источни дијалекти не прават навидум блиски до Србите и Бугарите, а некој безпотребно се чуствува навреден заради тоа.

За мене, секој дијалект кој се зборува на територијата на Македонија е дел од македонскиот јазик и го почитувам.
точно е дека е микс од дијалектите на велес прилеп битола и лерин. но тоа е затоа што тие биле најмалце загадени од примеси од соседните јазици. било како било тој е литературен јазик, тој се изучува на училиште, таа граматика и тн. сепак дијалектите се дијалекти и ништо други. да не мешаме дијалекти со литературен јазик. ајде македонија е мала, што би се случило да бевме колку германија на пример. да не е тој литературен јазик како би се разбрале тие од северот со југот. значи заклучок е дека мора да го научат и да го користат литературниот јазик и точка. ако им е тешко нека си најдат друга занимација.
не ми е за мешање на политика во ова, нема врска со политика. и сдсм и вмро и било кој друг при обраќање во јавен медиум мора да го користи македонскиот литературен јазик и неговото кирилично писмо и точка.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Па кога се прости,секој си има свое мислење.
 
S

Sagan

Гостин
... тоа е затоа што тие биле најмалце загадени од примеси од соседните јазици...
:)
Дијалектот на кој јас зборувам не е загаден. Со оглед на местоположбата, тој е таков каков што е, и по ѓаволите, немам намера да го менувам со други дијалекти само затоа што некој ги прогласил за “стандарден јазик“.

Јазиците се жива материја, за нив не важат вештачки исцртани државни граници.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Литературниот јазик постои со цел луѓето од различни региони поедноставно и поточно да комуницираат меѓу себе. Исто е и со мерките. Доколку не постои организиран и стандардизизарн систем на мерки.....тогаш секој ќе си мери во свои единици мерки и ќе настанат многу недоразбирања, а понекогаш со фатален завршеток.

Како што единицата мерка метар претставува стандард за должина во SI системот, така и литературниот јазик претставува стандард за комуникација во една држава. Во неформален разговор можете да употребувате сленг, да зборувате на дијалект и слично, но во јавни установи (училишта, факултети, болници, администрација, полиција, национални медиуми) литературниот јазик е задолжителен.

Проблемот е што најодговорните за употребата на литературниот јазик ги запоставуваат своите обврски...на пример учителка во Берово наместо да зборува на литературен јазик...зборува беровски (малешевски)....а потоа се очекува од тие деца да зборуваат литературно.

Додека беше жива сопственичката и водителка на Радио Равел, Радица Величковиќ.....радиото беше репер за употреба на литературниот јазик и правилна новинарска дикција. Поголемиот број новинари беа од школата на Радио Скопје каде што се негуваше литературниот јазик и професионалното радио-новинарство.

За крај...случка од штипскиот театар....во подрумот избива пожар...еден од актерите кој бил долу го забележал ....се качил на бината и почнал да вика Луѓе, излевајте, доле горе.
На штипски оваа реченица има едно значење, но за луѓе од другите краишта на Македонија сосема друго. За да не настануваат вакви збрки и недоразбирања....стандардизиран е литературниот јазик.

Пред да вработат било кого во јавна администрација или на јавна функција....потребно е воведување на задолжително тестирање за владеење на литературниот јазик.

Човеци... човеци ...тишина. Ваа путка е немажена.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.873
Поени од реакции
23.270
:)
Дијалектот на кој јас зборувам не е загаден. Со оглед на местоположбата, тој е таков каков што е, и по ѓаволите, немам намера да го менувам со други дијалекти само затоа што некој ги прогласил за “стандарден јазик“.

Јазиците се жива материја, за нив не важат вештачки исцртани државни граници.
се надевам дека ја согледуваш грешката во твојот став.
дијалект и литературен јазик не е едно те исто. дали твојот дијалкет не бил загаден или е чист , можеби е за пофалба но е небитно.
само за пример го носиш твоето дете на училиште да учи граматика и македонски јазик, а авторот на книгата си ја пишел на дијалект кој нема врска со наречјето во кое си ти растен. па после оди на час по математика и таму професорот преселен од незнам каде му зборува на наречје исто така различно од твоето што си зборувате по дома.
па после го носиш на тренинг а тренерот на пример дојден од англија. тој пак на кој дијалект треба да се обраќа. па ајде дојдена е делегација од незнам каде и си носи преведувач, а политичарите или домакините секој си зборува на свој дијалект. па преведувачот треба да се самоубие или ке направи толку грешки во преводот што само еден господ знае што ке им преведи и како тие тоа би го сватиле. па уште и тие ако се водат по твоја логика наместо литературен стандардизиран јазик секој да си користи наречје, замисли каков хаос би настанал.
затоа членот погоре добро образложи.
Во неформален разговор можете да употребувате сленг, да зборувате на дијалект и слично, но во јавни установи (училишта, факултети, болници, администрација, полиција, национални медиуми) литературниот јазик е задолжителен.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.643
Поени од реакции
35.193
Појавата на голем број ТВ-куќи го доведе во опасност македонскиот литературен јазик и неговата чистота, односно културата на говорот. Причината е во ангажирањето луѓе кои без никаква предходна подготовка застануваат пред микрофон. Тоа резултира со погрешно акцентирање, лоша дикција и интонација кај презентерите,новинарите и водителите. Но сепак, вината не треба да се бара во тие луѓе, туку во газдите на телевизиите кои, во трка за рејтинг, поголем број реклами и профит, не избираат кого ќе постават пред микрофоните и телевизиските камери. Веројатно според нив некоја си манекенка или поранешна убавица (мисица) би значело и добра водителка, несоодветна шминка, што поголемо деколте и сл.
Не може да се влегува во домот на гледачите со такви водители, презентери и новинари.
Секој новинар, презентер или водител треба пред настапот да го прочитаат текстот пред говорниот лектор, за да ги согледа грешките и од нив да учи. Во телевизиите можеби има лектори. Но, лекторот јазично го средува текстот, а говорниот лектор ги учи како правилно да го прочитаат. Во ваква ситуација со македонскиот литературен јазик потребно е да реагира и Советот за радиодифузија, да поведе постапки и да им укаже на тие електронски медиуми дека ова што се прави не е добро за македонскиот јазик, па дури и да се воведат казни.
Со една реченица, Медиумите се тие кои вршат атентат врз македонскиот литературен јазик.

P.S. Бранка Станковска, Симон Беличанец, Благоја Крстевски, Ленче Смилевска, Розета Арсова :cuc:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom