- Член од
- 30 јули 2014
- Мислења
- 4.658
- Поени од реакции
- 14.507
Пишав дека Израел се однесува како лешинар, т.е. ги менаџира работите во своја корист додека неговите конкуренти војуваат помеѓу себе, со што ослабуваат, а Израел го искористува сето тоа. Впрочем и Биби еднаш изјави дека им одговара таквата ситуација на Блискиот Исток. Инаку, да, се согласувам со тоа дека Израел е респектабилна воена сила, а Израелците се доста мудри и прагматични затоа што во даден контекст знаат со кого можат и требаат да формираат сојуз за да извлечат најголема корист. Тоа што пред 50 години беа сојузници со Иран, а денес Иран, пред се Хезболах им е трн во око и на некој начин коалицираат со Арапите, со кои водеа неколку војни последниве 60 години, го потврдува тоа дека само интересот е вечен, а Израел тоа најдобро го знае.Израел не е лешинар Израел е сериозна воена сила. Делумно горе долу и за Турција мислам дека е така. А Иран е гола вода. Обама кога ќе биде сменет во САД со Иран ќе има голема разрешница.Како и да е Израел и Турција се убедливите единствени суперсили во Блискиот Исток.
Инаку, ова другово, упорно мантрање дека Турција е супер сила и дека Иран е гола вода немам намера дополнително да го коментирам, затоа што се заснова на твојата тврдоглавост, што не значи дека всушност во реалноста е така. Тоа што треба да ви стане вам јасно, е дека денешните нации, поточно држави кои имаат позади себе империјално минато не можат да бидат гола вода и тукутака да бидат исклучени како опции. А Иран и Русија биле империи, биле отсекогаш големи играчи, Иран повеќе од 2000 години, за сега ти тука да пишуваш глупости како Иран е гола вода и како ќе падне. Иран допрва ќе доживее експанзија.