Контактни леќи

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
А годишни колку пари се ?
Не верувам дека годишни има.
Освен два по 6 месеци ако ги рачунаш :D
Инаку јас колку што знам има за една употреба, месечни, три месечни и шест месечни.
 
W

Werther

Гостин
Не верувам дека годишни има.
Освен два по 6 месеци ако ги рачунаш :D
Инаку јас колку што знам има за една употреба, месечни, три месечни и шест месечни.
Moже цени да ми кажеш за сите, и за месечни, три месечи, за пола година ? По колку пара одат месечни за 2500-3000 денари? Тие три месечните колку се ?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Јас можам да ви кажам за тие што јас ги користам. Bausch & lomb, три месечни, еден пар, 1000 ден., оптика Диоптра ГТЦ (ми одговара зошто ги имаат сите диоптри на лагер, не мора да чекаш ден-два да ги нарачат)
Цената можеби варира во другите оптики, но тука се некаде. За годишни (4 пара по 3 месеци) би ви излегло околку 4000 ден., за 6 месечни (2 пара по 3 месеци) би било 2000 ден. и т.н. :)
 
Џ

ЏинЏер

Долго време користиш од тие?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Долго време користиш од тие?
Па да, од кога почнав да носам леќи, некаде прва година средно. Bausch & Lomb беше единствената компанија која котираше одлично меѓу компаниите за производство на леќи и течности за одржување на леќи, од тогаш еве веќе 15 години пак истите ги купувам. Течноста е некаде 800 ден. за 500 мл. и има рок на траење 6 месеци.
 
Ако е така доста исплатлива инвестиција се, споредено со цените на леќите мене што ми ги препорача докторот... Затоа прашав, да не се истрчам да земам од овие поскапиве ако можам да поминам дупло поефтино.
Фала на инфо :)
 
Види вака, јас не сум ги пробала сите видови на меки леќи. Знам дека има милион други видови кои се квалитетни и да кажеме „поздрави“, во однос на изработката и можноста која ја имаат за окото да дише. Јас знам дека тие што ги користам мене ми се добри, и во границите на мојот буџет. Се разбира дека технологијата напредува, и дека сигурно има поквалитетни леќи сега на пазарот, но не треба да го занемариме и фактот дека нашите лекари сакаат да профитираат на грбот на народот на кој му треба медицинска помош. Доколку мислиш дека лекарот сака да те прелаже, посети друга оптика. Ми кажуваа за некоја кај железничка, супер лекар/ка, па дури ќе ти дале и пар месечни леќи без пари само да видиш и да пробаш дали би ти одговарале. Ќе се распрашам подетално како се вика клиниката, па ќе ти пишам.
 
Член од
23 октомври 2010
Мислења
243
Поени од реакции
86
Колку пара леќи за тие пари?
3 пара
--- надополнето: 1 јуни 2013 во 19:46 ---
Ако е така доста исплатлива инвестиција се, споредено со цените на леќите мене што ми ги препорача докторот... Затоа прашав, да не се истрчам да земам од овие поскапиве ако можам да поминам дупло поефтино.
Фала на инфо :)
Немој само да идеш во поликлиниката Букурешт...
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Значи по 1000 ден. месечно ти излегува. Ги земав еднаш за проба, но дали окото не ми е навикнато на нив, не ми се допаднаа, после првата недела користење, почна очите да ми се сушат додека ги носам и да чувствувам непријатност. Затоа пак си се вратив на Бауш и ломб. Плус годишно би ми излегло 12000 ден, а со моите 4000 ден, што не е мала разлика.
Инаку клиниката била Медика Плус, не знам дали се уште даваат леќи за проба.
А и да напоменам, и во Диоптра има очен лекар, кој може да ве прегледа. На секое купување леќи правам рутинска проверка зошто последните 4 години од кога почнав да работам (пред компјутер) диоптерот ми скокна од -2.50 на -4.50 во првите две години, и бев загрижена зошто се уште расте.
 
Ама јас не спијам со нив затоа што не се наменети за спиење! Мојот очен лекар ми рече дека може максимум 7 дена од еден месец со нив да се спие, но јас никогаш не спијам со нив и ми трајат 7 недели еден пар. Но затоа малку повеќе трошам течност, но споредбено, трошоците се сепак помали. Мене околу 4500 на пола година ми излегува.
Дали ти скокна диоптерот додека носеше леќи или пред да почнеш? Јас откако носам ми стагнира, а до тогаш имаше континуиран пораст во рок од неколку години од -0.75 на -3.75.
А ти твоите колку ги земаш?
 
И јас не спијам со нив, иако моите (од Bausch & Lomb) се наменети и за спиење, но повеќе од хигиенски причини не сакам да легнувам со леќи и сакам да ги одморам очите од нив додека спијам. Погоре напишав, 3 месечни за 1000 денари + течност 800 ден за 6 месеци користење.
Мојот диоптер почна од -0.5 во седмо одделение, па порасна на -1.75 во средно, а на факс имав -2.50. Тој диоптер го имав се до моментот кога се вработив. Работам како програмер, значи 8 часа дневно сум пред компјутер на работа, и плус дома кога ќе си дојдеш па филмче, па форум, па фб... :) Втората година на систематски од фирма, веќе беше качен на -4.50. Да, носев леќи и тогаш. Ми рекоа дека можно е поради работата (цел ден пред компјутер) да ми расте уште се до 27та година. Последно што направив преглед, ми беше пораснато само едното око на -4.75. И совет од лекар, кога си на работа носи очила, зошто со леќи не ја добиваш таа заштита како со очила. Зошто додека седиме пред компјутер и сме сконцентирирани на работата, не трепкаме многу, т.е. трепкаме помалце од колку што треба, па затоа очилата ја дават потребната заштита од зрачењата на екранот, која леќите не можат да ја обезбедат.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Moже цени да ми кажеш за сите, и за месечни, три месечи, за пола година ? По колку пара одат месечни за 2500-3000 денари? Тие три месечните колку се ?
Па еве ќе ти кажам јас тие што сум ги користел.
Имам користено леќи безбојни со диоптар Bauch & Lomb ми се чини 4500 беа три пара имаш се фрлаат на еден месец(инаку можеш и докај два месеца да носиш еден пар)
На силиконска база се некоја и немаш гајле дури и да спиеш со нив и цела недела да ги носиш немаш гајле може и повеќе иако не верувам дека препорачливо е.

Исто сега користам од истите ама во боја за овие сигурен сум цената е 3600 само разликата е што еден пар ги користиш три месеци.
Понатаму пошто се во боја мора да ги вадиш секоја вечер пред спиење па малце треба повеќе напор.(Не е страшно и да преспиеш со нив само утредента одма се осеќа очите исушени па не би препорачал да спиеш со леќи во боја за разлика од оние безбојните со кои можеш слободно цела недела да не ги вадиш и ич да не му ја мислиш)

Овие се цените на јас што сум ги користел.
За оние за една употреба и шест месеци немам прашано.
Ама колку што сеќавам(а и логично е)
Цената се движи вака:
За една употреба најскапи
месечни
тримесечни
шестмесечни

Мој совет ти е ако не си носел леќи почни со безбојни па после експериментирај ако имаш желба за во боја.

П.С Дали и колку диоптарот влијае на цената не знам
П.С 2 Овие им е малце посолена цената барем според оптичарката најдобар им бил квалитетот

Инаку имаш за 3000 ми се чини Air Optix и за нив има слушнато дека се добри иако ги немам користено.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom