N
n/a
Гостин
Холандија предлага поделба на Босна
Во Холандското МНР се размислува за поделба на Босна и Херцеговина, а ова може да се заклучи од доверливи преписки на Амбасадата на БХ во Хаг и претседателството на Босна, објави весникот „Вечерње новости“.
- Амбасадорката на БиХ во Хаг, Миранда Сидран-Камишалиќ, го информирала државниот врв во Сараево за ставовите на директорот за политички прашања во МНР на Холандија, Питер де Хоер, кој како сериозна опција ја зема можноста за распаѓање на БиХ - објавува весникот.
Де Хоер, кој е опишан како добар познавач на југословенската приказна уште од 1991 година, вели дека Холандија инсистира на брзо затворање на Канцеларијата на високиот претставник во БиХ, односно нејзино реформирање во канцеларија на специјален претставник на ЕУ, кој би имал советодавна улога.
Весникот потсетува на ставот на Де Хоер за Република Српска дека никој не може сосила да биде натеран да гради и негува чувства за припадност кон држава. Тој тврди дека меѓу Србите се' уште живее идејата за „Голема Србија“, но оти во случај на распад на БиХ веќе не би било важно дали РС би останала како независна држава или би се приклучила кон Србија. Според него, Косово нема шанси да напредува.
- Од рудни богатства има само лигнит, што не му треба никому и кој е штетен за здравјето и околината. Се очекува Косово да живее од меѓународна помош и криминал - вели холандскиот дипломат.
п.с. Дали на некои луди глави полека им станува појасно кога јас зборам дека сме у групата на држави за одстрел ???