asterix_m
Регулатор
- Член од
- 19 април 2006
- Мислења
- 2.765
- Поени од реакции
- 33
Нови видови бензини по европски стандарди
Беозоловниот моторен бензин од 90 октани ќе биде заменет со беозоловно гориво од 91 октан, кој е стандарден вид бензин, кој се наоѓа во промет во европските земји. Ќе се воведе нов вид безоловен бензин од 98 октани. А, покрај постојното дизел-гориво ќе се воведе и ново со понизок процент на сулфур (до 350 милиграми на килограм).
Ова се измените на пазарот на нафтени деривати предвидени во Правилникот за изменување и дополнување за квалитет на течните горива, кој Владата го усвои на вчерашната седница. Правилникот го изработи Министерството за економија по барање на потрошувачите, увозниците на возила, еколошки здруженија, дистрибутерите на горива и на производителот на горива, рафинеријата ОКТА. Целта на измените е на пазарот да бидат присутни горива со квалитет потребен за современите автомобили и близок до квалитетот на нафтените деривати што се користат во земјите од Европската Унија.
Од Владата соопштуваат дека за евентуалните манипулации при продажбата на новиот тип дизел (да се декларира дека се продава нов, а да се продава стар тип дизел) се предвидени ригорозни казни.