Конечно и во МКД европски нафтени деривати

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Нови видови бензини по европски стандарди
Беозоловниот моторен бензин од 90 октани ќе биде заменет со беозоловно гориво од 91 октан, кој е стандарден вид бензин, кој се наоѓа во промет во европските земји. Ќе се воведе нов вид безоловен бензин од 98 октани. А, покрај постојното дизел-гориво ќе се воведе и ново со понизок процент на сулфур (до 350 милиграми на килограм).

Ова се измените на пазарот на нафтени деривати предвидени во Правилникот за изменување и дополнување за квалитет на течните горива, кој Владата го усвои на вчерашната седница. Правилникот го изработи Министерството за економија по барање на потрошувачите, увозниците на возила, еколошки здруженија, дистрибутерите на горива и на производителот на горива, рафинеријата ОКТА. Целта на измените е на пазарот да бидат присутни горива со квалитет потребен за современите автомобили и близок до квалитетот на нафтените деривати што се користат во земјите од Европската Унија.

Од Владата соопштуваат дека за евентуалните манипулации при продажбата на новиот тип дизел (да се декларира дека се продава нов, а да се продава стар тип дизел) се предвидени ригорозни казни.
 

SANCTIMONIOUS

Мејд Ин Мацедониа
Член од
21 март 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
9
Супер, конечно покачија, мислам ке покачат;) квалитетот на горивото, доста само цените ги качуваа
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Јас сум најзадоволен од 98 октанскиот безоловен. Конечно на колата да и акнам гориво како што треба. Во Грција ставав 100 октански и одеше супер. Со 95 октански не е тоа тоа што треба да биде иако распонот на октанажата по фабричките податоци скоро за секое поново возило е од 93-100 октани.

За дизелот мислам дека конечно и во Македонија нема да мораат сопствениците на современи дизели да ставаат адитиви во горивото и (пре)често да менуваат масло и да ставаат додатни филтери за гориво по возилата, а богами, и скапите „оџачарски” сервисирања ке станат минато. Ова е по европски норми пропишано од сите производители.
 

Gorco

WEHADAHFUKDOWAHNODAT
Член од
29 април 2005
Мислења
556
Поени од реакции
35
Каква е состојбата денеска, после цела година од донесената "промена". Дали почуствувавте промени во квалитетот? На кој бренд бензинска најповеќе му верувате и дали досега некој има папано казна за продажба на "лажно" гориво?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom