ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 193
Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ вчера остро ги нападна премиерот и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, и "Брима-Галуп" дека ја монтирале анкетата што ја направи агенцијата. Според резултатите, се случил пресврт во расположението на граѓаните во прилог на СДСМ во однос на претходното истражување на "Брима-Галуп".
Александар Бичиклиски, партискиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, анкетата според која за СДСМ сега би гласале 14,2 отсто, а за ВМРО-ДПМНЕ 8,6 отсто од граѓаните смета дека е нарачана и оти значи "срам и потценување на граѓаните".
- Веројатно оваа е анкетата што ја најави и ја нарача Бучковски кон крајот на минатата година во која најави спектакуларни резултати за неговиот СДСМ. Експертот за анкети Владо Бучковски очигледно се надмина себеси, по онаа анкета на "Чуму". Изборите ќе покажат како реално стојат работите, но и каков е кредибилитетот на одредени куќи кои спроведуваат вакви истражувања. Кога прават анкети за респектабилни меѓународни организации одбираат стандарден репрезентативен примерок и доаѓаат до сосема поинакви резултати.
- A кога го прават тоа за Бучковски одбираат 660 граѓани и доаѓаат до резултати до какви што доаѓаат - потенцира Бичиклиски.
Тој предупреди дека ова е најдобриот начин македонскиот "Брима - Галуп" да го загрози угледот на целиот Галупов синџир. Партијата за ова ќе ја извести централата на агенцијата и сите поголеми клиенти кои ги користат нивните услуги.
Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа кусо време откако УНДП објави истражување според кое за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,2 од анкетираните граѓани, а за СДСМ 10,7 отсто. Анкетата на УНДП е направена од 16 до 24 ноември минатата година врз 1.057 анкетирани граѓани, додека последната анкета од 20 до 22 декември врз 660 испитаници.
Во СДСМ вчера категорично ги отфрлија обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Во владејачката партија тврдат дека "немаат никаква врска со анкетата, ниту, пак, ја нарачале".
- Ние како сериозна политичка партија секој месец правиме свои анкети, а последната изјава на Бучковски за промена на рејтингот на партиите се должи на анкетата на "Брима-Галуп" направена во декември. Таму, како резултат на евроинтеграциите и зголемениот оптимизам кај граѓаните имаше промена на рејтингот и водство на СДСМ. Неразбирлив е различниот аршин на ВМРО-ДПМНЕ кон анкети од иста агенција, но разбирлива е нервозата на опозициската партија со оглед на слабиот рејтинг што го ужива кај граѓаните на Македонија - велат во СДСМ
Ѓорѓи Кимов, директорот на "Брима-Галуп", тврди дека резултатите се објективни.
- И оваа и анкетата на УНДП ја правевме ние. Големите разлики во нив се должат на промената на амбиентот во државата, односно на добивањето статус земја-кандидат за ЕУ. Рејтингот на некоја партија не е статична категорија, туку се менува зависно од настаните. Примерокот од 660 испитаници е доволен за да се добијат резултати на кои може да им се верува - потенцира тој.
Сашо Ордановски, кој неодамна ги презентираше резултатите на анкетата на УНДП вели:
- Анкетата на УНДП беше правена пред да се добие кандидатски статус за ЕУ. Тоа е силен фактор кој влијае во пресвртот на расположението. "Брима-Галуп" е агенција која не си дозволува да си игра со вакви бројки.