Сосема нормално е тренер да ти даде и посоветува некоја фармаколошка подржка и од прво вежбање, дури и мора да ти препорача да земеш мултивитамини + витамин Ц, омега3, ЗМА некој.
Човек што никогош не вежбал ке има доста јак стрес за цел организам, во зглобови, ке осека мускулна болка и сосема нормално е да земе нешто да се напие да си помогне.
Не е задолжително ама препорачано да си земе и протеин, и ако има вишок на килограми л-карнитин. БЦА за повесело да поминуваат тренинзи и ако се фурат интезивни да имаш повеке енергија да ги потрошиш калориите.
.
Е сеа креатин може да се почне да се зема после полагодина - година на тренинзи, а на втора-трета година може и да проба од некој шеми со полесни орални анаболички стероиди ако евентуално сака да има повеке резултати и да вежба по професионално.
Значи ова се е тотално нормално нема смисла да се избегнува или да не се користат можностите што нуди фармакологија.
Иако малку оф-топик, нема студии кои ја потврдуваат ефикасноста на најголем дел од суплементите, а особено мултивитамини и витамин Ц .
Чак што више, најголем дел од придобивките се поврзани со фитохемикалиите кои се врзуваат со самите витамини во нивната природна форма (во склоп на овошје/зеленчук) повеќе отколку витаминот изолиран сам по себе, како што се нуди во аптеките.
Л-карнитин па е една од нај hype-натите супстанци во фитнес индустријата. Доколку ги разгледаш студиите на темата, ќе видиш дека иако дел потврдуваат зголемено губење на килажата, процентите за кој што станува збор у никој случај не ја оправдуваат фамата за л-карнитинот како суплемент.
За ЗМА викам дека е супер како комбинација, цинк, магнезиум и б6 ретко кога можеме да ги внесеме преку храна. Меѓутоа одвоено купени се поевтини него под генеричкото име. Ама тоа нормално дека нема да ти го кажат.
Туку не ми беше тоа муабетот уопште, зборев за нудење на гејнери/протеини во првичен план за исхрана.
Не е проблемот во користење на придобивките од фармакологијата колку што е до неедукација на клиентот. Треба клиентот да е свесен што е протеин, што е аминокиселина, и дека внесување на протеинот/аминокиселината не е секогаш потребна доколку има среден план за исхрана.
Вака со препорачување на протеин/гејнер кај почетници, најголем дел од клиентите не сфаќаат дека досегашната храна им била срање, и дека не внесувале доволно протеини јадејќи лиснато за доручек. Мислат дека магично сега кога земаат 30 грама протеин во прав, не мора да пазат дали и колку протеини внесуваат преку регуларните оброци.
БЦАА па, првите 7-8 месеци до 2 години од тренинарањето воопшто нема потреба. Секој кој што планира да е озбилен вежбач ќе се едуцира постепено на темата, а тоа ќе го натера да стигне до аминокиселински статус. Ама од старт да се замара за внесот на леуцин, изолеуцин и валин у момент кога едноставно додавање на 100 грама повеќе пилешко дневно ќе доведе до мускулен раст, нема поента,
Јасна ми е употребата кај вежбачи со километража, скратува куп време. Користам суплементи, ама знам како, зашто и кога.
Меѓутоа едуцирањето на тема нутриција е многу поважно од продавање суплементи на почетници, ама од тоа не се зема процент.