Комплетни фитнес центри во Скопје?

Член од
27 август 2015
Мислења
73
Поени од реакции
22
Темава ја отварам бидејќи моментално сум во потрага кон некој добар фитнес центар во Скопје.

Но до сега единствено што успеав да најдам е само теретани кои имаат вработено еден двајца на 1000 луѓе кои се моментално внатре, не е тоа јас што барам.

Јас барам комплетен фитнес центар, каде што би имал тренер кој би водел целата моја програма, од исхрана до вежби. Бидејќи сум труп и веќе ми е преку глава од рандом совети, еден вика едно, друг вика друго и сакам некој кој комплетно ќе ме води низ мојата фитнес "авантура" заедно во професионален неоптоварен фитнес центар.

Финансии не се проблем.

Совет некој?
 
Член од
3 септември 2013
Мислења
380
Поени од реакции
195
Project Fit го рекламираат како таков, кај беверли чинам беше. Инаку во било која теретана ако се договориш со тренер имаш лични тренинзи. Само финтата е да го погодиш тренерот.

Арно ама, пошто не ме боли срце само кога јас давам пари на (според мене) непотребни работи, туку и други, ќе ти го оставам линкот доле и совет од кога ќе избереш нешто да го тераш до крај. Нека збори некој набилдан дека неговото е подобро, ти терај, биди сигурен дека се што е пишано доле е проверено и работи од многу. Парите дај ги на храна/книги.

https://www.reddit.com/r/Fitness/wiki/index
 
Ф

Флеш

Гостин
Стеф, Атлетикс студио.
Те зеза .....:sneaky:[DOUBLEPOST=1465148955][/DOUBLEPOST]Нагоми Фитнес во Хром,Ѓорче се одлични.Нема многу гужва и има добра опрема и простор за вежбање со тренери.
 
Последно уредено:

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Реално, зависи што бараш од теретаната/тренерот.

Кај нас голем избор на теретани има, во дел и лично сум работел и вежбал, така да не е дека е мала понудата. Ако неќеш гужви избери помала теретана. Ако не ти изгледа најнашминкано не значи дека е лоша теретана.
Генерално, добар тренер барај. Ако е добар тренерот и со прачка ќе те направи сол.

Така да, не сум ти многу од помош со одговоров ама што и да избереш - кажи им што ти е целта и ако првата реакција им е „треба да си купиш креатин, бета аланин, БЦАА, пумпачи, гејнер и овие витаминиве“ - бегај.

Стеф, Атлетикс студио.
Шала на страна, natural дечки боље резултати таму би имале луѓе отколку у фенсерициве кај шо те пуштаат на сајли и ти праат диететски план кој ги вклучува сите од горе наведениве суплементи.
Не за друго, ретко кој почетник на своја рака се замара со compounds, а ретко кој од тренериве му се исплати да се замара со објаснување на истите.
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Темава ја отварам бидејќи моментално сум во потрага кон некој добар фитнес центар во Скопје.

Но до сега единствено што успеав да најдам е само теретани кои имаат вработено еден двајца на 1000 луѓе кои се моментално внатре, не е тоа јас што барам.

Јас барам комплетен фитнес центар, каде што би имал тренер кој би водел целата моја програма, од исхрана до вежби. Бидејќи сум труп и веќе ми е преку глава од рандом совети, еден вика едно, друг вика друго и сакам некој кој комплетно ќе ме води низ мојата фитнес "авантура" заедно во професионален неоптоварен фитнес центар.

Финансии не се проблем.

Совет некој?
Атанасовски фитнес центарот во нас.Кисела Вода ..го фалат.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Мој предлог ти е Атлета. Современо опремен фитнес центар, добри тренери, а што е најбитно, чувството кога вежбаш е баш како да вежбаш во еден современ и професионален фитнес центар:)
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Цел театар си, еј... :icon_lol:

Здраво дечки се регистрирав на форумов за да прашам во врска со ова.

Јас до сега имам работено за странски фирми но во Македонија (немам мрднато од тука), па сакам истата моја работа да ја вршам како редовно вработен некаде во Европа, да видам како е животот таму а и можеби јазик да научам.

Јас живеев во Америка некои си 7 години и ќе ти кажам зошто Trump води и зошто шансите да тепа се големи...

И јас гласав за Македонија/35к
Пред некое време се иселив да работам во Шведска за супер плата, али после некое време ме...

Поздрав од Сингапур.
:pos:
Лотарија за визи за САД:
Јас не знам како можете да проверите кај мене уште е капут страната
UPDATE: NOT SELECTED :)
По 4 години имање тешкотии при мокрење пред еден месец после толку многу тестирања крв, мокрача, брисеви бев дијагностиран од Хламидија. Иако ми е малце чудно бидејќи никогаш не сум имал сексуални односи во животот (20 години имам)

Ми дадоа терапија од азитромоцин и доксиклин така нешто и еве денеска само што ми прекина терапијата, симптомите ми се вратија назад (на секои 6 месеци ми се појавуваат тешкотии)

Ме интересира дали до сега некој имал закачено Хламидија и како сте поминале со терапии итн?

Он топик:

Synergy, Project Fit...
 
E

Epsilon

Гостин
Земи ко секој алфа мажјак оди во теретана каде што ретко стапнува женско и земи изнавежбај се со рачни тегој, пошо сајлите се за пичкици.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Мој предлог ти е Атлета. Современо опремен фитнес центар, добри тренери, а што е најбитно, чувството кога вежбаш е баш како да вежбаш во еден современ и професионален фитнес центар:)
ako fitnes ti e spamanje na kajgana bogami decko si u top forma.
 
Член од
10 февруари 2010
Мислења
819
Поени од реакции
290
Атанасовски фитнес центарот во нас.Кисела Вода ..го фалат.
не е баш целосен, нема туш, мали соблекувални
ја не сум видел (кога идев порано) дека некој вежба со тренер и баш да посветуваат многу внимание
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
783
Поени од реакции
261
Дефинитивно "Legion". Новоотворен е, денес почнав со вежбање, и сум презадоволен како од справите, така од хигиената, условите и сл. Исто така има и тушеви, соблекувалните се големи (со посебно шкавче со клуч и број). Се наоѓа во Тафталиџе до средното училиште "Георги Димитров".
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
Реално, зависи што бараш од теретаната/тренерот.

Кај нас голем избор на теретани има, во дел и лично сум работел и вежбал, така да не е дека е мала понудата. Ако неќеш гужви избери помала теретана. Ако не ти изгледа најнашминкано не значи дека е лоша теретана.
Генерално, добар тренер барај. Ако е добар тренерот и со прачка ќе те направи сол.

Така да, не сум ти многу од помош со одговоров ама што и да избереш - кажи им што ти е целта и ако првата реакција им е „треба да си купиш креатин, бета аланин, БЦАА, пумпачи, гејнер и овие витаминиве“ - бегај.

Шала на страна, natural дечки боље резултати таму би имале луѓе отколку у фенсерициве кај шо те пуштаат на сајли и ти праат диететски план кој ги вклучува сите од горе наведениве суплементи.
Не за друго, ретко кој почетник на своја рака се замара со compounds, а ретко кој од тренериве му се исплати да се замара со објаснување на истите.
Сосема нормално е тренер да ти даде и посоветува некоја фармаколошка подржка и од прво вежбање, дури и мора да ти препорача да земеш мултивитамини + витамин Ц, омега3, ЗМА некој.
Човек што никогош не вежбал ке има доста јак стрес за цел организам, во зглобови, ке осека мускулна болка и сосема нормално е да земе нешто да се напие да си помогне.
Не е задолжително ама препорачано да си земе и протеин, и ако има вишок на килограми л-карнитин. БЦА за повесело да поминуваат тренинзи и ако се фурат интезивни да имаш повеке енергија да ги потрошиш калориите.
.
Е сеа креатин може да се почне да се зема после полагодина - година на тренинзи, а на втора-трета година може и да проба од некој шеми со полесни орални анаболички стероиди ако евентуално сака да има повеке резултати и да вежба по професионално.

Значи ова се е тотално нормално нема смисла да се избегнува или да не се користат можностите што нуди фармакологија.
 
Иако малку оф-топик, нема студии кои ја потврдуваат ефикасноста на најголем дел од суплементите, а особено мултивитамини и витамин Ц .
Чак што више, најголем дел од придобивките се поврзани со фитохемикалиите кои се врзуваат со самите витамини во нивната природна форма (во склоп на овошје/зеленчук) повеќе отколку витаминот изолиран сам по себе, како што се нуди во аптеките.

Л-карнитин па е една од нај hype-натите супстанци во фитнес индустријата. Доколку ги разгледаш студиите на темата, ќе видиш дека иако дел потврдуваат зголемено губење на килажата, процентите за кој што станува збор у никој случај не ја оправдуваат фамата за л-карнитинот како суплемент.

За ЗМА викам дека е супер како комбинација, цинк, магнезиум и б6 ретко кога можеме да ги внесеме преку храна. Меѓутоа одвоено купени се поевтини него под генеричкото име. Ама тоа нормално дека нема да ти го кажат.

Туку не ми беше тоа муабетот уопште, зборев за нудење на гејнери/протеини во првичен план за исхрана.

Не е проблемот во користење на придобивките од фармакологијата колку што е до неедукација на клиентот. Треба клиентот да е свесен што е протеин, што е аминокиселина, и дека внесување на протеинот/аминокиселината не е секогаш потребна доколку има среден план за исхрана.

Вака со препорачување на протеин/гејнер кај почетници, најголем дел од клиентите не сфаќаат дека досегашната храна им била срање, и дека не внесувале доволно протеини јадејќи лиснато за доручек. Мислат дека магично сега кога земаат 30 грама протеин во прав, не мора да пазат дали и колку протеини внесуваат преку регуларните оброци.

БЦАА па, првите 7-8 месеци до 2 години од тренинарањето воопшто нема потреба. Секој кој што планира да е озбилен вежбач ќе се едуцира постепено на темата, а тоа ќе го натера да стигне до аминокиселински статус. Ама од старт да се замара за внесот на леуцин, изолеуцин и валин у момент кога едноставно додавање на 100 грама повеќе пилешко дневно ќе доведе до мускулен раст, нема поента,

Јасна ми е употребата кај вежбачи со километража, скратува куп време. Користам суплементи, ама знам како, зашто и кога.
Меѓутоа едуцирањето на тема нутриција е многу поважно од продавање суплементи на почетници, ама од тоа не се зема процент.
 
па гледам сите сте сеа "едуцирани" од се по нешто на интернет што сте нашли, доагате во теретана магистри по нутрологија, специалисти за суплементи и од јутуб повеке знаете за вежби од колку некој кој што повеке години вежба во теретана
 
Kajgana Shop

На врв Bottom