Комерцијалисти - споделете претходни/некакви искуства во врска со работата

Член од
15 февруари 2019
Мислења
1
Поени од реакции
0
Во последно време забележав дека на пазарот се бараат се повеќе комерцијалисти, барем според огласиве на vrabotuvanje.mk, kariera.mk, и слични сајтови. Заинтересиран сум да аплицирам во неколку фирми ама не сакам да се впуштам во нешто што не го разбирам 100%. Веќе неколку години сум во трговија, сум работел во фирма каде што сум бил комерцијалист-дистрибутер меѓутоа без проценти од продажба, без одговорност за рокови на траење на роба, без одговорност за наплата и слично. Од неколку луѓе разбрав дека во повеќето фирми покрај договорот за работа се потпишува и некаква меница што те обрзува самиот да платиш доколку комитентот не плати според договореното, па ако некој има повеќе информации за како сето тоа функционира би бил благодарен.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543

Од тоа што го имам видено, како прво тоа е 90% теренска работа. Ќе треба секој ден да ги посетуваш постоечките клиенти, да ја унапредуваш продажбата и да склучуваш договор за соработка со нови клиенти...Ти требаат силни продажни способности. Ако не ти нудат фиксна плата батали све...
Ако се работи за фирма со добра репутација, ако ти се понуди фиксна солидна плата тогаш се исплати да го работиш тоа. Испитај си која е фирмата па аплицирај. А тоа дека вработениот треба да плати ако комитентот не платил е чиста глупост - не би потпишала таков договор па и 100 000 да ми нудат плата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom