Колку чини приватен настап на познатите?

Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Како и ние обичните смртници, така и супер богатите сакаат да играат и да ја слушаат музиката на познатите. Разликата е во тоа што богатите можат да си дозволат познатите да им играат "во скут" во приватни цели.



Без оглед на тоа колку се зафатени и стари, сите пејачи имаат своја цена.

На врвот на листата се The Eagles.

Старите рокери заработиле нешто помалку од 4 милиони фунти пеејќи ја Хотел Калифорнија на една приватна забава во New York во 2003 година.

На второто место се Ролинг Стоунс кои заработиле 3,5 милиони фунти за само еден час работа на роденденската забавата на Дејвид Бондерман кој тогаш полнел 60 години. Роденденот бил одржан во Лас Вегас.

Селин Дион за 2,5 милиони фунти, колку што ги наплаќа приватните настапи ги организира три пати годишно, е на третото место.

Четврт е Елтон Џон кој заработил 2 милиони фунти кога пеел на венчавката на Питер Шалсон, 2002 година.

На петото место е Кристина Агилера која заработиле 1,8 милиони фунти кога пеела на венчавката на рускиот банкар и индустријалец Андреј Мелниченко кој тогаш бил заедно со бившата Мис на Југославија - Александра Кокотовиќ.

Мелниченко го платил настапот на Џенифер Лопез по цена од 700.000 фунти на роденденот на неговата жена.

Тој не е единствениот Русин кој со дебелината на својата сметка сака да поканува познати личности во својот дом.

Владимир Потанин, рускиот банкар го платил Џорџ Мајкл 1,75 милиони фунти за настап на приватна прослава за Нова Година.


Реални цени се ова? Или претеризам?
 
U

UnholY

Гостин
Па според мене стварно е претеризам...Не може бе за еден настап колку и да е познат изведувачот да бара милионски цени..ама ете тоа е богатите не се засегаат со овој проблем за нив и не преставува некој поголем проблем да им дадат толку пари за еден настап...познатите музички имиња си имаат поставено цени за свој приватен настап и тука другите не можат ништо...цената е поставена,ако сакаат таа музичка ѕвезда да им изведе настап на некоја приватна забава или било шо ќе си платат и готово ако не никому ништо....
 

Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Почит за Пол Меккартни, пошо му пишува дека ги донира во хуминатрни цели.
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Претеризам е, многу се тоа пари.
 
Z

ZeroStyle

Гостин
Да претеризам е...Ама Гижо убаво забележа,почит бидејќи хумано ги донира...:)
 

Litle Man

.::The Rocker::.
Член од
9 јануари 2008
Мислења
21
Поени од реакции
0
Да да многу пари е тоа по добро ќе одам некаде на одмор или ќе прошетам светот отклку на нив да им ги дадам.:pos2:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.046
Поени од реакции
5.689
Па според мене стварно е претеризам...Не може бе за еден настап колку и да е познат изведувачот да бара милионски цени..ама ете тоа е богатите не се засегаат со овој проблем за нив и не преставува некој поголем проблем да им дадат толку пари за еден настап...познатите музички имиња си имаат поставено цени за свој приватен настап и тука другите не можат ништо...цената е поставена,ако сакаат таа музичка ѕвезда да им изведе настап на некоја приватна забава или било шо ќе си платат и готово ако не никому ништо....
Претеризам да!!Ама парите можат да се употребат во хуманитарни цели, така да тоа многу го оправдувам!!!Почит,Пол Макартни
 
U

UnholY

Гостин
Претеризам да!!Ама парите можат да се употребат во хуманитарни цели, така да тоа многу го оправдувам!!!Почит,Пол Макартни
Да ама можат...не се употребуваат...јас зборував во глобала шо мислиш сите се како Пол Макартни и ги даваат во хуманитарни цели...ја стварно исто така го почитувам него за тоа ама он веќе се има докажано на сцената е повеќе децении и има пари дури и повеќе од колку шо му е потребно за најлуксузен живот,а помладите музички ѕвезди сеуште не дошле до тоа односно да имаат еден тон пари па да ги даваат во хуманитарни цели...стварно се ретки тие шо го прават тоа и ги почитувам многу...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.815
Поени од реакции
49.987
За Селин Дион Џорџ Мајкл и Елтон факин Џон не би дал мислам ни 20 денара да ги гледам
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10
abe na lugjevo im e skapoceno vremeto, pa sakaat da im go kupish...kako demek oni za toj 1 saat so ke ti peat tebe mozat tie pari na drugo mesto da gi zarabotat. gluposti...a ustvari idat i pejat 3-4 pesni, i si odat
a kaj nas honorarot na eden pejac ako stigne do 1000 evra i uspeh e...obicno za po 100 evra igraat ko kafanski peacki..ck ck
 

Kajgana Shop

На врв Bottom