kpbKENGUR напиша:
...на тие медиуми не се промовира педофилијата како добра работа, туку спротивно, како некој го фатиле и пие затворска казна. бар од таму тие би требале да извлечат поука...
Тачно, не би требало да учат од медиумите како да прават болни работи, туку да воочат дека е тоа погрешно и ненормално. Не само за педофилите, не се само деца силувани, има многу случаеви и на млади девојки, возрасни жени...
Не верувам дека медиумите имаат некаква посебна врска. Тоа не се учи, не се гледа. Јас можам да гледам амерички гето филм и да сакам да пробам трева после тоа. Ама за силување требаат повеќе „предиспозиции“ да имаш... Не можам да
научам да имам сексуални (ментални) пореметувања, прекршена слика за нештата, погрешни перцепции за тоа што е нормално. Ако имам здрава психа, било каков акт на силување, педофилија, би ми створил одвратност, а не желба „да го имитирам“.
Јас би рекол дека телевизијата и списанијата имаат огромно влијание. Но, најголемо има домашното воспитување. Детето може да гледа телевизија или да листа списанија колку сака. Злоставувањето на малолетници е веќе озбилна работа. Тоа треба да се објасни од дома уште од кога детето почнува да се интересира за секс... А не после од кога ке се направи нештото да се труби по телевизии и вести.
Не сфаќам,
детето го нарекуваш уствари идниот силувач/педофил? Демек уште од мали нозе некој треба да го научи што е добро? Или мислиш на детето-жртва?
Ако е првото- не верувам дека некој родител во процесот на воспитување го седнал своето дете и му рекол „Слушај сине, да силуваш е лошо, во затвор ќе идеш.“ Тоа не е нешто што треба некој да ти го објасни за да ти биде јасно бре, секоја здрава личност, дури и додека е дете, е свесна за некои основни работи што никако не смее да ги прави, знае да разликува основно добро од зло. Не верувам дека треба детето да си го учиш да не убива дур е мало, мислам. :icon_roll
Ако е второто- нема што детето жртва од дома да му биде објаснувано, нема него што да му се зборува, освен да биде предупредено како да се пази и чува од таквите болни манијаци.
Абе свашта тежи на земјава.