Колку сте задоволни од македонските електронски медиуми?

V

Vollstandig

Гостин
Откако имав прв допир со интернетот а и секој при прв контакт или поим на интернетот бил - огромна база на информации, или во превод Електронски Медиум.
Е сеа она што посебно ме иритира денес, станува збор за Македонските интернет портали. Во суштина, веб сајтот е еден вид на електронски медиум, кој исто така би требало да има и свои новинари кои ќе придонесуваат за објавувањето на проверени, точни содржини кои би ја заинтересирале јавноста и на некој начин би биле корисни.
Е сега, можеби ова време и беше навистна така, се до периодот на додавањето на флеш банерите на веб сајтовите и правењето добар кеш од нив. Од тогаш секоја поента на отворање на веб сајт, ја исклучува можноста тоа да биде електронски медиум, туку електронска фирма за правење пари.
На македонскиот интернет простор, забележуваме еден тон сваштарници, во превод, сајтови со слични или скоро иста содржина т.е намена. Предвреме би претпоставил кога се отвора нов сајт или го посетувам за прв пат, дека содржините се од стилот: Живот,Забава, Здравје Љубов и секс...итн.
Тука не станува збор за истакнување на креативноста, на желбата да се донесе информацијата до читателите точна и проверена, туку станува збор за КЕШ. Поради истото тоа, се отвораат веќе-видени сајтови, без мала капка на креативност, со мал или малку поголем влог, преку реклами да се извадат добри пари. Во случајот потиснати се оние вистинските медиуми кои сакаат да допринесат за интернет просторот да биде една огромна база на информации, наместо една огромна база на лајнарии и глупости, на кои некој прави пари, но во погрешно време и место.
Ме иритира, крајно ме иритира нашата македонска раја која си отворила сајтче, го крстила по случаен избор и добиваме буквално копи пејст содржини.
Интернесото е што ако денес, прв објави еден медиум, како по обичај небитна вест во стилот: Анџелина Џоли ја скрши штиклата,со што истата вест па да речам и во скоро исто издание, т.е со истиот текст, ќе ја сретнеме на втор, па трет и така со ред на скоро сите медиуми.
Што значи, која ми е потребата да го отворам www.NEKOJ-PORTAL.COM кога веќе www.PRETHODNIOT-PORTAL.com ја објави истата вест, која ни најмалку не ме засега мене а верувам и поголемиот дел од нормалната раја во нашава земја.
Што всушност значи ова?
Ова значи дека медиумите, ја имаат гадно зацапо во гомна, или во превод веќе не се ни медиуми.
Весниците станаа една печатена тоалетна хартија, телевизијата стана поголемо шоу и од големиот брат, а додека интернет порталите станаа поголеми трачари и од бабите пред порта и старците пред коперација.
Денес, во време кога скоро секој може да има веб сајт, и кому му е битно да пренесува информации? И онака е битно да има сообраќај, да се вртаат колку толку посетители за повеќе реклами останатото ако му треба нека си го најдат.

Да не ги набројувам медиумите, али од прво отворање фејсбук, еве ја мојата статистика на ѕидот од веб сајтовите што објавуваат (пошто не ги следам редовно на линк)


Mnogoo Zabava MK
Што бара Марк кај своите конкуренти?!


Марк Цукерберг со профил на конкурентската социјална мрежа
fun.mnogoo.mk
Основачот и актуелен извршен директор на „Фејсбук“Марк Цукерберг, направи свој профил на новата социјална мрежа „Пинтерест“.

Mnogoo Stil MK
Си се испофали сама :)))


Како Џенифер Лопез го поминала Св. Валентин? (фото)
style.mnogoo.mk
Џенифер Лопез сè почесто може да се види со нејзиното младо момче Каспер Смарт. Воедно, таа се фотографирала за Свети Валентин и ја објавила...

Mnogoo Zabava MK
Е ова ќе направи проблеми во бракот на Џоли и Пит!


Поранешниот сопруг на Џоли ја открива вистината за неа
fun.mnogoo.mk
Били Боб Тортон, поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, ја открива вистината за нивниот бурен брак и тоа во филм...

Бркај работа
Девојки, нешто за вас :)

Mnogoo Stil MK
Што е безобразнаааа :))))


Викторија јавно „го зграпчи Дејвид за половиот орган“ (фото)
style.mnogoo.mk
Викторија Бекам ја ставила раката во позиција во која изгледа како да го „зграпчила“ славниот фудбалер за неговиот полов орган

Бркај работа
Кој сакаше розева боја?


Девојка на денот (16.02.2012)
brkajrabota.mk
Девојка на денот (16.02.2012)

CRNOBELO.com
Кој се гали, кој посматра... :)


Еве, си се галиме...
www.crnobelo.com
Кој се гали, кој се слика, ама мора да признаете дека дечкото во позадина го има „Погледот за сите пари!“ Кој знае што му се врти во глава...претпоставувате?

CRNOBELO.com
Иако си женско, твоите ти се обраќаат со „Сине“. Мешаш кисела вода со смедеревка. Твоите другари те викаат пеер. :)


Сигурно си Македонец 2 дел
www.crnobelo.com
Што е тоа што не идентификува како Македонци и не прави апсолутно различни од сите останати луѓе на планетава? Доколку сте...


CRNOBELO.com
Музиката, пријателите, саканите, работата...си муабетиме на тема што не прави среќни...


И статијата на која не можам да се изначудам, ај што е дебилна да се објави, туку кој дебил-астролог беше што ја усра току астрологијата со ваква поделба на фејсбук-хороскопи:

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/11010-horoskopot-otkriva-sto-pravite-na-facebook


Еве што просечно, т.н ИНТЕРНЕТ МЕДИУМИ, или во превод електронска машина за пари придонесува и какви статии....

“Што му е на марк ѕукенберг има профил на гугл +?!?!:!:!?!?!?!?!?!

“Екс мажот на некоја си анџелина џоли ја открива вистината за неа„

-Е баш сакавме да го читаме тоа, баш не интересираше некоја америчка цуца шо вистина и шо невистина имало за неа, баш сме ние таа багра покрај малите екрани што ја следи америчката естрада... мислам ајде, интересно му е некому ова да го чита?
Еве ви го текстот:


Анџелина и Бред и понатаму изгледаат вљубено, но дали ќе останат такви и по она што го открива Били Боб Тортон, поранешниот сопруг на Анџелина за деталите околу нивниот брак? Продуцентот Александер Родњански потврдил за „Вариети“ дека Били Боб ќе стави потпис зад сценариото и режијата на филмот што се темели на односот меѓу Били Боб и Анџелина. Филмот, насловен како „А потоа се возевме“, се опишува како уличен филм, а планирано е да се снима оваа година.


„Тоа е филм за маж кој тргнува на пат, за девојката која ќе ја ‘собере’ од улица и нештата што ќе им се случуваат на тој пат. Филмот поставува едно од оние животни прашања - што е тоа и како може да се вклопи“, изјавил Торнтон.


Анџелина и Били Боб се венчале во 2000 година во Лас Вегас, два месеца подоцна откако ја почнале врската. Нивниот брак често ги полнеше насловните страници поради бизарно однесување на брачниот пар, што вклучувал и носење шишенца со крв околу вратот. Додека Били Боб е во потрага по одговорните за неговото бурно минато, Бред и Анџелина гледаат во иднината.

Значи, што разбравме, дека ИЗГЛЕДАЛЕ ВЉУБЕНО, ама не баш многу, пошто ние секој ден ги среќаваме на бит пазар како купуваат алишта, па анџелина троши пари ко луда, а бред упорно се ценка... па не интересираше БАШ, дали изгледале ВЉУБЕНО, НЕРВОЗНО, РАСТРЕВОЖЕНО, МАЛКУ КАКО ПОТРЕСЕНИ, ама битното е “дали ќе останат такви и по он шо го кажал некој си...“

Од толку голема некреативност што се има, се отвораат значи се исти портали и се некој досадни трачарски сајтови за кои сигурен сум дека не ги проверија информациите што било како било туку се ископираа од дневните жолти печати низ америка па сега упорно нас не засега тоа дали тие изгледале сеуште вљубено,невљубено, ко од госпо мавнати...итн.
Истото се случува и со весниците, па и телевизијата од немање инспирација и несакањето да се мрдни со гзот малце, се до моментот кога веќе загарантиран е кешот, се продолжува со тапшање вместо и ширење идиотски информации наоколу кои никого не би го засегале. И сигурен сум дека ниту 1 % од македонската раја, немаше, ниту еден човек, кој два дена не спиеше, мислејќи “Како анџелина џоли и бред пит изгледале...сеуште вљубено ама ко на скарување , дали анџелина менила статус од “Во врска премина во Малку е комплицирано,баму стопанката“ или пореално-никого не го заболе главата за анџелина џоли.

Многу е интересно што понекогаш, да не биде истата статија да не настани кавга меѓу медиумските шеици, ако еден медиум, прв објави статија:

Анџелина Џоли изгледа вљубено...

Вториот ја објавува Вљубена Анџелина џоли?

За третиот да ја објави како:

Дали сте вљубени во Анџелина џоли?

За некој друг сајт да ја објави како:

Carlo Boss вљубен во анџелина џоли?!?!?!?

За на крај да стигни :

Анџелина Џоли ви го честита денот на вљубените...
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
На кратко: Ич.

На широко има многу да се расправа и да се анализира. Веќе на друго место пишав дека поради македонските мас-медиуми ќе почнам да верувам во теории на заговори. Во стилот дека некој моќник се обидува да го отупави народот со глупи турскоиндискошпанскисрање серии, вести кои не убедуваат дека живееме во утопија и last but not least, интернет медиуми кои навистина не можам да ги разликувам.

Ако зборуваме за телевизиите, главната телевизија која треба да претставува репер за сите други ни е никаква. Оваа телевизија треба да одржува некакви високи вредности и стандарди и пред се' треба да биде главен центар за информирање, едуцирање и културно збогатување на народот. За жал, не е и гледаноста и' е на мизерно ниво. Нормално, мислам на МТВ.

Од друга страна се приватните кои се обидуваат да извадат максимален профит со минимален влог. Наместо на пример, да го откупат новиот документарец на BBC - Human Planet, ни фрлаат ѓубриња во стилот на Лале, Џанан, Рашад итн. Веќе споменав дека сите вести се исполитизирани и надвор од секаков тач со реалноста. Останатата сопствена продукција се базира на кичерај емисии каде главни гости се „ѕвездите“ од соседството. И секако, најмногу ги жалам децата денес бидејќи на телевизија нема ништо за нив. Во мое време во 19ч. гледав Мечето Ушко. Во денешно време во 19ч. се гледа Величествениот.

Што се однесува до интернет медиумите, се чудам како некој може да ги чита. Да го оставиме на страна фактот што повеќето се неписмени и не знаат што е тоа лектор. Ама не знам кој е тој уредник кој смета дека е од огромно значење да пренесе вест за тоа како Бред и' се јавил на Анистон пијан во 4 сабајле. Или дека на Карлеуша и' се скинала хулахопката. Или дека ако облеката ви мириса на пот полесно ќе го привлечете спротивниот пол. Понекогаш знаат да се занесат и да пренесат вест од The Onion, како што беше случајот со смртта на Енџи на јахтата.

Да сумирам, како што кажа, медиумите се длабоко зацапани во гомна и не знам како и дали воопшто планираат да излезат. Да не беа странските сајтови и торентите не знам што ќе правевме.
 
V

Vollstandig

Гостин
Да сумирам, како што кажа, медиумите се длабоко зацапани во гомна и не знам како и дали воопшто планираат да излезат. Да не беа странските сајтови и торентите не знам што ќе правевме.
Сигурно ќе верувавме дека кога србин ќе се опијани, може да убие ајкула.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.744
Поени од реакции
4.507
Брате со се што велиш се согласувам ама тоа е тоа денес сме копи-пејст генерација толку знаат,а нема и кај да научат.
На тв 24/7 фрчат турски серии и некои идиотски шоуа за брзи пари.
Цела година немаат пуштено една едукативна програма.
Најверојатно се сеќавате порано „Во светот на бајките“,„Бушавата Азбука“ ,македонските народни приказни со Господ (Легендата Колозов) итн.
Сите овие емисии беа занимливи ,интересни и едукативни ,а башка и од македонска продукција.
За сајтовите што велиш не потребно е да се нервираш пошто тоа не може да се смени секој има право слободно да се изрази,а и можноста да отвори ако не повеќе тогаш бесплатен блог.Што да ти речам капитализам сме денес квантитет>квалитет.
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе за интернет порталите,нема што да прават и тие,тие се вестите кој ќе ги пише со различен наслов,кој порано кој подоцна ќе ги објави.....се знае дека е копи пејст се.

Туку за телевизискиве медиуми е главниот проблем,ние сме телевизиски инвалид држава.

Фалат неколку спортски канали,да имаш кај да гледаш и прмиер,и калчо,и ла лига и македонско првенство ако сакаш. Нормално да не спомнувам преноси за баскет и ракомет.

Фали филмска телевизија,не мора да даваат премиери на филмови ама нека имаат комбинирана квалитетна програма,нека има термини за македонски филмови,мак.серии мак народни приказни,за да видат децата што е квалитет,бушава азбука,дајте музика.....тоа се треба да им се земе на МТВ и да се пре-емитува на ваква телезивија.

Фали телевизија што ќе дава документарни филмови за Македонија и светот,што ќе ја истражува Македонија и ќе ги извади на виделина сите убавини и културата на оваа земја. Храна и вино слободно може да ја сместат овде исто.

Фали МУЗИЧКА ТЕЛЕВИЗИЈА повеќе од се. Јас незнам каде отиде времето од 90-те и раните 2000-ти кога имавме УБЕДЛИВО најдобра музика на балканот. Спијат,Александар Митевски,Копров,Владо Јаневски,Куку Леле? Фалат "анонимуси" како П.С. Ерзана,Тања Царовска,ДСГ,Нови дечки,Угро,Магија што условно кажано имаа 2-3 песни ама тие песни беа чист квалитет. Фали Авалон,да застане позади нашите музичари,се знае какви спотови и песни имаа Тоше,Каролина,Андријана Јаневска на времето. Еве Нокаут се трудат нешто ама една ластовичка пролет не носи.
Слаткар,ДНК,Џеј Џеј.....на што се сведува македонската музичка сцена бе ???
:facepalm:

Е ова треба да се среди за да имаме квалитетни медиуми.

А да ќе заборавев и со закон да се забранат турски серии.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Секогаш кога наоѓам некоја прекрасна содржина за Македонија и нашиот менталитет ми се вти песнава...коколку е иронична...тоше не ни бил свесен дека направил ремек дело :pos:

 
P

PewDiePie

Гостин
Секогаш кога наоѓам некоја прекрасна содржина за Македонија и нашиот менталитет ми се вти песнава...коколку е иронична...тоше не ни бил свесен дека направил ремек дело :pos:
Зошто иронична ?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Загрижувачка е воопшто целата ситуација. Знаете, цело време во прв план ни е да ја критикуваме власта или опозицијата, но всушност народот е тој кој треба да се линчува. Замислете, од 400 пријатели на фејсбук само 20-30 можам да ги сметам за "критична маса" - луѓе од кој можеш да научиш нешто или со кои можеш да дебатираш на едно друго ниво. Тоа е очај.

Електронските медиуми, но воедно и телевизиските медиуми се еден уште поголем ОЧАЈ.

Кога бев седмо одделение (основно училиште) бев многу заинтересирана за читање списанија, ги доживував како нешто свето и се разбира No1 ми беше "ТАА". Сега после толку време (цели 10 години) кога ги читам македонските "забавни" портали имам чувство како повторно да читам "ТАА", и не- не ме загрижува фактот што наголемо се чита и пишува за илјадатото посвоено дете на Џоли и Пит туку ме загрижуваат коментарите под текстот поради што неколкупати се имам фатено себеси како се запрашувам "what's wrong with you people?", "Зошто луѓето прифаќаат се што ќе им се сервира, дали воопшто размислуваат или не?"
Навистина сум заинтересирана за одговорите на прашањава. Можеби и немаше да обрнам внимание доколку ваквите коментари (под текстот) ги прочитав од тинејџери, но жалосен е фактот што тие се напишани од возрасни луѓе, вистински возрасни луѓе. Жалосно навистина. Наместо да се надградуваме ние се уназадуваме.

Мислам дека откако пропадна МРТВ пропадна и се останато. Од толку печатени дневни весници читам само "Нова Македонија" и чат-пат "Утрински Весник", од телевизиите Телма или Алфа, радио само 103-ка. Ова е застрашувачки мала бројка за 21-век.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Овие Mnoogo ми се ептен заталкани, пишуваат добар наслов а содржината им е срање, вајда само за да привлечат повеќе луѓе.:unsure:
 
V

Vollstandig

Гостин
Најталентирано се со тоа што , ако на фан страницата, или на сајтот пишиш коментар со негативна конотација, дека статијата е глупа, или не е точна, го бришат коментарот, или ќе те банираат од фејсбук фан страната. Лудила:))
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Аиииј, ми наби трн во око со темава :eek: .
Ја и без тоа бев свесна колку се глупи нашите портали ама сега постојано несакајќи ги забележувам ( до сега ако смеам да именувам crnobelo води во глупавост).
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Овие Mnoogo ми се ептен заталкани, пишуваат добар наслов а содржината им е срање, вајда само за да привлечат повеќе луѓе.:unsure:
Mnogoo почнаа одлично... и се загубија. Доста се популарни, ама како им се зголемува популарноста, така содржините им оглупавуваат. Не знам што се случи со нив. Забавната редакција им е за смеење.
 
M

Moon Child

Гостин
Изреволтирана поради неколкуте веб сајтови што ги имам лајкнато на фб ја отварам темава. Можеби не е за тука, вие одлучете.
Значи, што по ѓаволите се случува? Какви се тие квази новинари кои објавуваат по сајтовите, секоја втора вест е за Ким Кардашиан, со кој се ебела, што носела и каде била видена. Искрено ми е преку половиов орган од такви прости работи.
Им пишав на Многоо и добив повратен одговор од нив, дека Македонската публика била заинтересирана за такви вести. Епа тогаш зошто тие како сајт не се погрижат Македонската публика да се интересира за други по паметни и по поучни работи? Јас незнаев која е Ким Кардашиан, (ја земам како пример) се додека не почнав да ја посетувам Фемина.мк и забележав дека секоја втора вест е поврзана со неа, со Ријана и други слични Холивуд курвичиња.

Ако не чини темава, слободно нека иде во канта, јас лично мислам дека има доста за дискусија овде. :coffee:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не дај боже Северина да сними нов порнич, пак ќе го дрват со години..

ЕДИТ: Северина се породила.. ЛЕЛЕЕЕЕ:facepalm:
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Па изгледа ако пишат за Спирко Темелкоски и неговиот сексуален живот никој нема да им го прочита.
It's simple
--- надополнето: 21 февруари 2012 во 18:09 ---
ЕДИТ: Северина се породила..
Лајк:vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom