Колку се луѓето во Македонија апатични?

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Претежно владее мислењето дека луѓето во Македонија се прилично апатични, не се замараат со ништо, некако не им е крената свеста, неправди им се случуваат пред нос не се замараат, кога ќе се случи нешто лошо, се жалат сите, но никој не превзима actually нешто во врска со тоа. Сите ќе плукаат, на зборови се јаки, или барем свесни се дека нешто не штима, ама никој не се труди да направи некоја промена.

На што се должи апатичноста?
Како вие ја разбирате апатичноста?
Дали се согласувате со тоа дека луѓето во Македонија се завладеани со апатија и во колкава мера е тоа изразено?

Околу вас што гледате?
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Апатичноста кај нас е „транзициона придобивка“, која на почетокот намерно се форсираше, за транзиционите профитери полесно да пливаат во криминалното престројување на општеството од социјализам во капитализам, а сега да е составен дел од големиот број на проблеми што го мачат нашето општество и на листата од најголемите рак- рани на денешницата го заземаат првото место.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Фактот дека скоро секој постанува себичен и егоцентричен е доволен показател на апатичноста на луѓето. Додека на мене не ми се среди животот ќе кукам и ќе сочувствувам со оние повредените... Откако медот и млекото ќе ми станат секојдневие, се оттргнувам од реалноста која е болна и заборавам на тоа колку на другите им е тешко.

Интересното овде е што апатот себеси не се пронаоѓа во заедницата во која живее туку во сопствените мисли. Од тука следува да тој не е свесен за оние околу него, туку едноставно живее и постои за самиот себе.
Според овие луѓе, она што не е директно поврзано со нив е и непостоечко.

Апатијата, лично јас, ја разбирам како страв од она што може да стане наша реалност и пребегнување во еден изолиран свет на егоцентризам. Мислејќи дека ако го игнорираме остатокот од светот ќе си создадеме совршен живот, апатите завлегуваат толку длабоко во незаинтересираноста за она околу нив што ненормалното и неморалното за нив ги имаат истите вредности на нормалното и моралното.

За луѓето во Македонија се согласувам дека се апатични. Развојот на општеството и себичноста на човекот си го направиле своето.
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Не сме биле од секогаш апатични.
Порано кога ни било убаво,кога сме верувале и сме биле цврсто убедени дека не чека топ иднина не ни сме знаеле што значи апатијата како поим.
Арно ама пројде тоа време а од топ иднината ни “т“ и си се залажуваме така некое време ајде денес,ајде утре ќе биде подобро,се трудиш,се мачиш да створиш нешто од себе си ама не бива и доаѓа моментот кога си викаш:нека иде све по ѓаволите ОД УТРЕ НЕ СЕ ЗАМАРАМ СО НИКОЈ И НИШТО и доаѓаш тука на форум и читаш АПАТИЈА....чудно...позната ми е таа состојба.

Тоа е реалноста,луѓето се повеќе стануваат рамнодушни и имаат желба само да преживеат,но не и да живеат-ни на живо се смеат ни на мртво плачат.

Зошто да се биде апатичен? А зошто да се губат нервите кога и вака и така ништо не може да се реши,па најдобро воопшто да не се размислува за ништо.
Подобро ќе се замарам и барем ќе се насмеам ако и кажам на другарка ми дека сум ја видела комшивката со друг маж како тајно го испраќа во “ситните“ часови отколку да размислувам дали ќе се запишам на пост-дипломски,па дали ќе најдам работа,па каков маж ќе земам,па деца,ехееее....I JUST DON'T CARE !:сисвирка:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не сме биле од секогаш апатични.
Порано кога ни било убаво,кога сме верувале и сме биле цврсто убедени дека не чека топ иднина не ни сме знаеле што значи апатијата како поим.
Арно ама пројде тоа време а од топ иднината ни “т“ и си се залажуваме така некое време ајде денес,ајде утре ќе биде подобро,се трудиш,се мачиш да створиш нешто од себе си ама не бива и доаѓа моментот кога си викаш:нека иде све по ѓаволите ОД УТРЕ НЕ СЕ ЗАМАРАМ СО НИКОЈ И НИШТО и доаѓаш тука на форум и читаш АПАТИЈА....чудно...позната ми е таа состојба.
Хм... Не сме биле порано апатично, затоа што ни било убаво, тоа да, имаш право. Но, ете се промениле времињата, еве на некој начин има многу работи кои ни пречат и во животот и во секојдневието и за кои сме свесни дека ни пречат. Кога нешто ти пречи да живееш убаво или ти смета, зошто да не се потрудиш да го смениш тоа, зошто човек да каже не се замарам, ќе ми смета тоа, ама нека продолжи да ми смета, јас нема да направам ништо околу тоа. Затоа што која е логиката ние да зборуваме и да се жалиме за околу одредена работа, а во исто време да не се замараме во однос на тоа да направиме нешто околу тоа? Преголемата апатичност или во случајот ми смета нешто, ама не се замарам да го сменам тоа веќе се граничи и со чист мазохизам.

Зошто да се биде апатичен? А зошто да се губат нервите кога и вака и така ништо не може да се реши,па најдобро воопшто да не се размислува за ништо.
А зошто да се тргнува со мислењето дека не може ништо да се реши? Зошто да биде колективната свест на толку ниско ниво и сите да размислуваат на тој начин? Ако секој човек почне да верува во одредена кауза и почне да се бори за промена на она што му смета и пречи, може да има промена. Што би било кога во светот сите си викале, дај бе нема да се замараме, зошто кога тоа ништо не би сменило? Никогаш не би стигнале до никаков напредок и прогрес во човештвото општо доколку никој не рекол доста е, ќе се потрудам на направам промена.
Кога секој би рекол доста ми е, би почнал да наоѓа и истомисленици кои секако дека ги има, бидејќи повеќе луѓе се жалат за една работа. Ако мнозинството се жали на нешто, истото тоа кога би го дигнало својот глас би можело и да направи промена.


Зошто да ќутиме, кога можеме да бидеме гласни? Зошто нешто да ми смета и да сум свесна за тоа, кога можам и нешто да направам во врска со тоа?

Зошто да почнеме да си ги поставуваме тие прашања и да престанеме сите само да се жалиме и да почнеме да делуваме и менуваме?
 

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Кога нешто ти пречи да живееш убаво или ти смета, зошто да не се потрудиш да го смениш тоа, зошто човек да каже не се замарам, ќе ми смета тоа, ама нека продолжи да ми смета, јас нема да направам ништо околу тоа. Затоа што која е логиката ние да зборуваме и да се жалиме за околу одредена работа, а во исто време да не се замараме во однос на тоа да направиме нешто околу тоа? Преголемата апатичност или во случајот ми смета нешто, ама не се замарам да го сменам тоа веќе се граничи и со чист мазохизам.
Затоа што ВЕЌЕ си се потрудил еден мал милион пати ама не успеало(секако ова не се однесува за секоја ситуација).И нормално е на човек да му дојде преку глава од се,а во тој случај полесно е да се откажеш отколку да се трудиш уште.Ептен кукавички делува-точно е тоа.
Верувај дека сите сакаат да продолжат понатаму и да се борат,да бидат силни и гласни ама од толку разочарувања немаат веќе никаква мотивација луѓево за да направат нешто па дури и нешто што се однесува на нивниот живот.

 
M

marsovka

Гостин
Е, душеваднику мој!

Душата ни ја извадија, драги мои. А оној кој ја вади душата се вика душевадник. Ете ја мојата колумна: секоја среда ќе му пишувам едно писмо на тој анонимен душевадник (кој во стварноста се јавува со стотици јавни лица и туѓи гласни жици), кој нé доведе до ова промискуитетно дереџе во емотивна, душевна и интелектуална смисла. Нему ќе му пишувам, а вие проценете: трескам ли глупости или останала уште малку душа во мене за некоја паметна мисла

- Манифест за нов тип колумна
Драги мои! Она што ќе го читате на оваа страница во следниве месеци, секоја среда, ќе се разликува од она што имавте можност да го читате во „Утрински“, точно до февруари оваа година, под насловот „Кич митологии“. Тогаш заминав „на одмор“, видно разочаран од состојбата со новинската колумна и новинарството воопшто, затоа што сфатив дека колумни веќе пишуваат сите, а најмногу политичарите и ситните политикантчиња, мегафончиња на власта или опозицијата, полтрончиња а неретко и шпиончиња, рекетарчиња и интелектуални комарчиња. Овој мој наниз се римува, а сепак кажува вистина: тоа само значи дека навистина, што и да набројам во него (според звучност) – фигурира како можен колумнист.

Некогаш сé беше потешко. Денес сé е на копче и со шорткат: максимум успех со минимум движења. Кога стартував во новинарството најпрвин ме пратија во тогашна „Скопска“ да бројам колку шахти немаат капаци на „Партизанска“. Јас упорно тврдев дека сум „печен“ за културната рубрика, а тие мене – статистика на шахти. Денес новинарите стартуваат како коментатори, колумнисти, специјалисти по разни подрачја, а не како бројачи на дупки по градските улици. Стартуваат од највисокото, иако природен закон е: она што било највисоко може само да падне; она што било најниско може само да се искачува. Тоа се вистини толку едноставни што денес и не се гледаат. Загледани во боговите и полубоговите од политиката, ги заборавивме наједноставните човечки работи: дека човековиот живот има смисла само ако се движи од ниското кон повисокото.

Во последната моја колумна во „Утрински“ напишав дека одбивам да бидам колумнист чија тема е само и само политичкото. Мене, и кога сум реагирал „политички“, на актуелна тема, многу повеќе ме интересирало несвесното политичко, одошто површината, за која сите се фаќаат. Ќе се случи нешто во понеделник (на пример, некоја јавна државна личност ќе кивне) и веќе во вторник имате целосна политичко-инфективна анализа на кивањето. Ама несвесното политичко го нема. До среда сте депласиран ако пишувате на иста тема. Не велам дека меѓу тие колумнисти нема умни и разумни, школувани и натшколувани луѓе: повеќето од нив и ги почитувам. Но мој впечаток е дека сите нас нé носи еден невидлив бран и дека тој нас нé носи, вршејќи ни силен политички притисок во изборот на темата, како и дека не можевме да се движиме надвор од однапред зададените координати на политичката синусоида. Бидејќи политичка, таа синусоида беше редукционистичка по однос на сето богатство на животот.

За мене колумната треба да биде животна. Да се сврти кон животот и кон навидум маргиналното, а не кон видливото и наметливото. Таа треба да се спушти во длабочината на егзистенцијата, да ги отфрли агресивните дречливи бои на самомаркетингот, да пронајде херои таму, а не во семиотичката фабрика на идоли – политиката и реалити шоуто. Таа редукција, на која и јас и подлегнував од број во број, беше пресудното нешто што ме оддалечи еве, речиси цела година од поривот наречен колумна.

Сега се враќам. Не знам дали ќе успеам да ја остварам колумнистичката формула за која се залагам, но барем ќе пробам. Човековиот живот, впрочем, е обид. Без обидот сé е бесмислено. Денес сите се жалат на некоја општа апатија и бесмисленост, а никој не гледа дека тоа е така затоа што ги правиме само нештата што можеме да ги направиме, и тоа по правило – само оние за кои сме сигурни дека успешно ќе ги направиме. А обратно треба да биде: треба да се стремиме кон она што е тешко и помалку веројатно. Тоа е смислата на идеалот. Живееме во време во кое пречката на идеалот е ставена премногу ниско: секој може да ја прескокне, та така секој може да стане ТВ фаца, водител на емисија, продуцент на реалити шоу, лидер на политичка партија, опонент, владетел, музичка ѕвезда, филозоф и стручњак за најспецијалистички подрачја од нашиот живот – политиката.

Да, за жал: политиката стана знак кој целосно го покрива нашиот живот. Таа редуцираше, скри, затемни цела низа други важни, клучни полиња и извори од кои човековото суштество се напојувало од памтивек. На пример: нашето семејство. Што знаеме за него? Какви промени претрпе? За него слушаме само во рубриките од црна хроника, ако некој сопруг убие сопруга или ако брат убие брат. Или, нашата професија: има ли некој одговор колку млади луѓе не можат спокојно и на мир да се занимаваат со својата професија, да бидат нејзини монаси? Денес сите професии станаа политички мотивирани. Сиот цивилизиран свет се занимава само со професијата и професионалното (добра е онаа политика која ти дава да се занимаваш со твојата професија), а ние никако да сфатиме дека нашата судбина постојано зависи од двајца играчи кои играат шах; дури и кога ќе ги сменат фигурите (гарнитурите), тоа сепак останува партија шах, во која ние сме само пиони.

И, бидејќи политиката е прагматична, нашиот живот стана гола прагматика (ќе студирам не она што сакам, туку она за што има работа). Бидејќи политиката е неестетична, нашите животи станаа грди и ниски (извади му ја душата на поспособниот од тебе, за да има леб за тебе). Убавината е прогонета од она што ние преку медиумите го добиваме како готов, исфабрикуван поим за „успешен живот“. Бидејќи политиката е нееротска (еротизмот не може да биде прагматика), ние сме денес целосно политички хуманоиди, без долен дел на телото, со отстрането срце, гениталии и сензори. И кога ги покажуваме, калкулираме со нив (со срцето и гениталиите) за да ги продадеме, како во квизовите од типот „Момент на вистината“ или реалити- шоуто од типот на Орвеловиот „Голем брат“. Сето тоа говори дека денес ние се претвораме во луѓе без својства.

Тоа значи: луѓе без душа. Душата ни ја извадија, драги мои. А оној кој ја вади душата се вика душевадник. Ете ја мојата колумна: секоја среда ќе му пишувам едно писмо на тој анонимен душевадник (кој во стварноста се јавува со стотици јавни лица и туѓи гласни жици) кој нé доведе до ова промискуитетно дереџе во емотивна, душевна и интелектуална смисла. Нему ќе му пишувам, а вие проценете: трескам ли глупости или останала уште малку душа во мене за некоја паметна мисла. Почнувам од следната среда!

Авторот е универзитетски професор и писател


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12291035349&id=13&prilog=0&setIzdanie=21852

не знаев каде да ја го ставам ова ама ми висат на глава а утре ќе ја нема колумната
 

Justice for All

Tempus fugit
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.372
Поени од реакции
85
Дефинитивно се. Јас тоа го гледам по мојата фамилија. Секогаш кога јас ќе забележам нешто што не е во ред посакувам да се смени, а ако се најдам во муабет со татко ми во тој момент, тој ќе рече: Абе остај тоа глеај пред тебе. Ништо не можеш да смениш.
Луѓево се разочарани. Ама ок ако тоа се воглавно постарите. Најголемата штета е кога и младиве го немаат оној младешки, идеалистички, бунтовен дух. Е тоа е најголемата трагедија. Тука се крши кичмата на нацијата и стануваме една безживотна мрцина што може секој да ја гази како сака.
Студентите се по дефиниција радикални. Тие треба да захтеваат промена. Сме виделе што може да направи студентот во другите држави.
Тоа кај нас ми се чини сега е во зародиш. Вчера бев на состанок на една неформална студентска организација (каде не дојдоа одредени членови - срам да им е :icon_lol:) и гледам дека имаме потенцијал.

Можеме да ја уништиме апатијата е да го вратиме ентузијазмот, ама потребна е верба во самите себе и потребно е да се почне од некаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom