Колку вреди човечкиот живот во Македонија?

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Потресен од последните случувања со пожарите во Струмица и секојдневните сообраќајки со трагични последици си го поставив прашањето: „Колку вреди човечкиот живот во Македонија?„
Навистина е фрапантно со колку малку респект кон човечкиот живот се однесуваме, почнувајки од институциите завршувајки со секоја единка во нашето општество.Ќе почнам по ред со она што беше најголем мотив да ја отворам темата.
Случувањата во Струмица само докажуват колку не се внимава и не се почитува човечкиот живот. Со секој нов пожар народот со се институциите е изненаден и неспремен се впушта во борба со овој елемент. Сеуште ми минуват низ глава сликите кога видов дека цивли буквално со голи раце се пуштени да гасат пожар со кој тешко би се справиле и професионалци,. Уште повеќе низ глава ми минува кога видов како ги транспортираа повредените. Импровизирање до коска транспорт во багажник од лада нива покриени со ќебе и без никаква прва помош.
Истото е и со поплавите истото и со земјотресите. Степен на човечка свест 0, степен на образование на народот за превенција и борба против природни катастрофи 0, степен на опременост на институциите 0, степен на обучен кадар за справување со катастрофи минималел.
Ај да се само природните катастрофи.
Само денес имаше 3, 4 или повеќе загинати во сообраќајни несреќи. И покрај лошата инфраструктура најчесто е човечкиот фактор предизвикувач на несреќите. Преголема брзина, технички неисправни возила, некористење на безбедносна опрема. Неосветлени велосипеди, деца од по 14 години на скутери без заштитни кациги, врзувањето во автомобил табу за многу возачи.
И не застанува овде во Македонија според мене има најмногу сообаќајќи во железничкиот сообраќај ако се земе соодносот на несреќи со поминатите километри на нашите возови. Во проесек скоро секој месец има несреќа.
Продолжуваме со честите несреќи на работно место. Колку работници во последно време паднаа од скелиња, колку загинаа од струен удар, колку од друг вид на невнимание и незаштита?
Ако на сето ова се додат буквално секојдневните убиства, излегува на крај дека животот во Македонија невреди ништо.
И кај нас најлошото е тоа што работодавецот не подлежи на никаков ризик и одговорност ако пример, неговиот работник си искрши нога на работа. Само си добива отказ или неплатено боледување и одмара дур не закрепне, плус тоа нема никаква оштета да ти даде фирмата. А на запад е друга прича.
Овде сите зборат (влади, по форуми, по фирми и тн.) како треба да се прилагодиме на европски закони и прописи, регулативи а никој не збори дека треба да добиеме европски плати и европски бенефиции од работењето.Тоа кога ке им го спомнеме на работодавците, бегаат како изгорени, како тоа да е нешто најлошо на светот.
Некој од градежните работници да му каже на газдата дека сака неговата плата од наредниот месец да биде 1000 евра,што мислите како ке изреагира газдава?
А реално на таа работа вреди и таква плата да добијат.
Кога на пример некој добил 13 та плата кај нас или платен одмор од 30 дена?
Грцине за тоа што им укинуваат 14та плата ја запалија атина а замислете и 13та да ја немаат што ке направат?
Е само за тоа рака им давам, што кога ке речат дека протестираат, сложи се и идат на се или ништо. Не викам дека спрема нас се однесуваат коректно но факт е дека се многу побунтовни и поорганизирани од нас.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Настрана институциите, корумпираноста и неорганизираноста.

Каде се седиштата за кола за деца, деца со појас на задно, и само на задно седиште и појаси на предно? Возење велосипед по велосипедска патека, а тоа шоферите да паркираат на паркинг а не на тротоари ко каубојци небаре сме на див запад, па да го оставам коњот да се одмори..

Природни катастрофи можеби не можат да се избегнат, ама за многу други сами сме си криви...
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Проблемите си го прават своето бе луѓе.. нема логика плата да биде 10.000 а само сметките 4-5 илјади.. што сме ние ебате кучиња.. како после да нема алкохоличари,дрогераши итн.. во секој крај ама баш во секој мора да има барем по 10-20 души наркомани.. се кладам ако не и поише.. све споменици се гради све убаво али каде е стандардот наш со овие ебани плати..
 

Mr.Bear

"The prince of darkness is a gentleman!"
Член од
14 декември 2010
Мислења
128
Поени од реакции
118
Вчера се сретнав со пријател кој го немав видено некое време заради одмориве и видов дека боледува од некаква инфекција која започнала на лицето малку над образот , а сега се проширува кон слузницата на окото. Е сега , страшното - бил на преглед и му рекле да чека резултати и да не прави ништо (му препорачале да пие витамини). Во меѓувреме , него инфекцијата му се шири понатамошно кон окото и ако го зафати очниот нерв - отиде јабана. Има уште , моите родители се специјалисти лекари во свои области , но сепак , ги прашав отприлика да ми кажат како што би можело да биде со другаров и зошто се чека на резултати толку долго кога е приоритет кога е инфекција бргу да се реагира , а добив одговор кој ме запрепасти - кај нас на микробиологија не се испитувале вируси! Ај да е само тоа , ама има уште. Најверојатно , се работи за кламидија (помала веројатност е херпес) и сега работата е во тоа што кламидијата се пренесува полово , а другаров немал никакви односи со никого за да ја добие. Начинот на кој ја добил инфекцијата е уште поморбиден од се досега наведено. Бил на воен и најверојатно некоја гнасна се измочала во водата. Та-дам! Значи не само што сме неорганизирани и неинформирани во случај на сообраќајот и пр.катастрофи , туку и во областите на хигиената и медицината. Цареви!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
Мојот живот живот вреди најмногу а за вашите вие си одлучувате.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Колку вреди? Ич...
Истовремено има само 5 екипи за брза помош:
http://www.vest.com.mk/default.asp?ItemID=81276B4B4E62544E9CF6D878E82DA6AA
Комшијата пред умирање е, доаѓа Брза Помош вика набавете си лекови, ние со нас ништо не носиме?! Па да го е*ам што по ѓаолот тогаш да ве викаме, кој знае колку луѓе имаат испратено така..Синоќа тоа домашната посета му ја ставило погрешно инфузијата и му се подула раката, викале пак Брза Помош и им рекле сами ставете тоа иглата во венан ние не доаѓаме?!!! Најтрагично две недели го лечат по грешна дијагноза!

Вчера па слушнав во Охрид некој доктор поради неговата нестручност оставил едно младо момче инвалидизирано, со напукнат пршлен и сеа веројатно количка до крај на живот.. :S

Повеќе вредни им се споменците, ма дај што зборам. Се е во ред, пуштете Шител и уживајте!
 

Rale

Crno Beli Svet
Член од
14 април 2012
Мислења
809
Поени од реакции
723
Проблемите си го прават своето бе луѓе.. нема логика плата да биде 10.000 а само сметките 4-5 илјади.. што сме ние ебате кучиња.. како после да нема алкохоличари,дрогераши итн.. во секој крај ама баш во секој мора да има барем по 10-20 души наркомани.. се кладам ако не и поише.. све споменици се гради све убаво али каде е стандардот наш со овие ебани плати..
Za nekoj ne si ni kuce be druze,nekoi so tie 4-5k sto gi spomna, si go hrani kuceto za tie pari.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Темава ја чита некое Грујовче и фино си се смее.
 
B

Bonux

Гостин
мојот живот можда не вреди ни пет пари во оваа мадафакинг-land...но затоа на Брејвик вреди многу повеќе,го сместија во ВИП затвор А категорија,секој ден е на тв,последно што слушнав во Норвешка немало смртна казна...бисери на кило,за некое време како тргнала работата очекувајте да биде кандидат за претседател на Норвешка
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
мојот живот можда не вреди ни пет пари во оваа мадафакинг-land...но затоа на Брејвик вреди многу повеќе,го сместија во ВИП затвор А категорија,секој ден е на тв,последно што слушнав во Норвешка немало смртна казна...бисери на кило,за некое време како тргнала работата очекувајте да биде кандидат за претседател на Норвешка
Искрено, мислам дека животот на Брејвик вреди повеќе од твојот.

Сериозно.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.120
Тркните до Африка , некои делови од Азија и Мексико. Ќе сфаните колку вреди човечкиот живот.

Африка - 1 леб
Азија - 1 Нокиа/Најк патика/Адидас маичка
Мексико - 1 г кока


А за Македонија , шо се бунете со голи раци гасиле пожар. Важно има споменици кои ќе се финансират со кратење на пензиите.
1 ајфон во Америка
 
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Какво прашање.Па наравно дека ништо не вреди!Како и да е смрт е природан процес дали е намерно ненамерно свакодневно слушамо како завршиле животи на људи,дали е тој природна непогода некоја сообраќај или нешто..Факт е дека никога за ништо не га е гајле.Доктори само гледав некако да те пројдев како само да се каже да му пројде радно време умрев си људи док да откриев што им е...Бш пред некое време една баба тоолко време беше болна едни прегледи ово оно само измислуев нешто дека ву е..отиде у приватну болницу за 2 сата ву најдева што ву е.Ако си платиш све има.А имаше и случај едн дедо плати операцију све фино лепо дојде дома-умре.
Сакам да кажу конкретно за здравје ако немаш паре недај боже ке си умреш како ништо.А свакодневно умирав људи природна ствар.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Какво прашање.Па наравно дека ништо не вреди!Како и да е смрт е природан процес дали е намерно ненамерно свакодневно слушамо како завршиле животи на људи,дали е тој природна непогода некоја сообраќај или нешто..Факт е дека никога за ништо не га е гајле.Доктори само гледав некако да те пројдев како само да се каже да му пројде радно време умрев си људи док да откриев што им е...Бш пред некое време една баба тоолко време беше болна едни прегледи ово оно само измислуев нешто дека ву е..отиде у приватну болницу за 2 сата ву најдева што ву е.Ако си платиш све има.А имаше и случај едн дедо плати операцију све фино лепо дојде дома-умре.
Сакам да кажу конкретно за здравје ако немаш паре недај боже ке си умреш како ништо.А свакодневно умирав људи природна ствар.
Дали и ова е природна ствар:

Четворица загинати во 104 сообраќајни несреќи овој месецов во тетовско

Четири лица загинаа во 104 сообраќајни несреќи кои се случија овој месец во тетовско. Бројот на потешко повредени лица во сообрќајни несреќи е двојно зголемен, овој месец имало 14, а во јули минатата година седум, информираат од тетовската полиција.


http://kurir.mk/republika/opstini/79681-Cetvorica-zaginati-vo-104-soobrakajni-nesreki-ovoj-mesecov-vo-tetovsko

Дали е природна ствар тоа што со голи раце се гасат пожари? Дали е природна ствар што во Македонија има безброј „Црни Точки„ и пази на никој не му текнува да најде чајре туку само се бројат жртвите? Дали е природна ствар тоа што го зборуваш за здравството?
Умират луѓе секаде во светот тоа е точно но кога ќе се случи несреќа луѓето работат на тоа да се спречат тие несреќи. Зошто инаку се 1000 сигурносни системи во автомобилите, авионите, бродовите? Ако е така како што пишуват дел од членовите навистина нема потреба од сигурносни системи , обуки за превенција од несреќи, стручни служби и слично. Проблемот во Македонија е што навистина се нема свест и совест за вредноста на човечкиот живот па така на тоа поле сме веројатно на ниво на арабските и афричките држави каде што животот навистина невреди ништо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom