Кога треба да се креира потомство?

Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Kreiraaa??? haha so e ova be mozebi softversko reshenie pa da kreirame programi :D
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Браво, не престануваш да ме изненадуваш. Добро значи заклучивме дека би имал дете по секоjа цена но барем задржи си ги ретардираните демагогии за себе и не им ги наметнуваj на другите. Jас само знам дека на моето дете нема ништо да му недостасува, додека не бидам сигурен дека можам да го издржувам нема да го напраам. Можда ти и crtkantia мислите дека тоа е егоизам но всушност вашето е егоизам. На Македониjа и требаат среќни деца кои ќе се образуваат, кои ќе можат да се пофалат дека биле на море и дека нивниот татко им купил квалитетни играчки и кои ќе имаат среќно и нормално детство а не дека нивниот татко им донел нова кокошка или овца и немал пари да им jа купи играчката коjа jа имале нивните другарчиња. Дали ми jа сфати поентата или уште ќе се инаетиш?
Не дека не можел татко ми да ми обезбеди одмор на море,туку посреќен сум бил кога двапати сум одел во Охрид,еднаш со моите,втор пат со друштво.Имало години кога сум одел и на скијање.Квалитетна храна секогаш сме имале а и играчки сум имал и имало деца што имале поубави играчки од моите и алишта сме пренесувале од брат на брат или бретучед па пак сме имале среќно и нормално детство
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Според тебе, половината од нас не би требало да постојат денес ако нашите родители размислувале така.
Да, за мене семејството е највисок приоритет, ако гледам дека некој се одлучува на таков чекор со леб и сол на трпеза, и со исклучена струја во 1/2 од годината за мене тој не е човек кој размислува трезвено, и неможе да согледа што значи живот во буквална смисла на едно дете, и како тој влијае во неговиот развој, тоа е крајно себично.

Реков, тестови, и ситуации што биде нека биде кај мене не проаѓаат, кој сака нека си тера по негово, секој си има свои гледишта и приоритети во животот.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ок, за работа ќе се наjде нешто, дури и чистење улици само да има примања. Но, повторно, трошоците за дете (и наjосновните) се многу поголеми од самата плата. Да не збориме дека трошоците за храна, струjа, интернет се исто така на високо ниво а истите континуирано растат, не е доволно со работа со ниски примања да се изгледа едно дете - башка збориме за денес а коjзнае што ќе биде во иднина кога ќе треба сериозно да ги разгледаме овие прашања.
Во денешни услови, за едно дете потребно е ти и партнерката да имате заеднички примања од вкупно 3500/4000 евра месечно и тоа под претпоставка дека веќе имате ваш дом (2000 евра еднократно одат за облека, креветче, реновирање на собата, молераj, играчки итн итн, 1000 евра одат за сметки за струjа, вода, бензин, интернет и минимум 400 евра за храна месечно) за да обезбедите нормален живот за детето.
Но.. просечната плата во Македониjа е само 300 евра..
Ова америчкиве сапуници со богаташи лошо влијаеле на луѓето.
Па еден период со 12.000 денари живеевме пет члено семејство па денес ништо не ни фали
 

l33tz

Macedonian Security Crew
Член од
9 септември 2007
Мислења
84
Поени од реакции
34
E Материјалисти бе на Бахамите сакате да одат вашите деца а вие до припор сте биле... После државава пропаѓа, па како да не пропаѓа...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.088

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Да, за мене семејството е највисок приоритет, ако гледам дека некој се одлучува на таков чекор со леб и сол на трпеза, и со исклучена струја во 1/2 од годината за мене тој не е човек кој размислува трезвено, и неможе да согледа што значи живот во буквална смисла на едно дете, и како тој влијае во неговиот развој, тоа е крајно себично.
За мене пак е себично да се изнајадеш и изнапиеш по кафеани, да ги прошеташ сите мориња од околината, да се изнавозиш коли, да се изнакупуваш телефони и компјутери па после да мислиш на дете.
И за мене семејството е со највисок приоритет. Но тоа не значи дека треба да чекам да купам сопствен стан и да имам најмалку 20 000 евра на банкарска сметка за да ми тече камата па после да размислувам на деца. Тие работи се развиваат паралаелно. Како ќе си ја градиш кариерата така ќе ги одгледуваш и децата. Ниту деца па богатство, ниту сол и леб па деца.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
E Материјалисти бе на Бахамите сакате да одат вашите деца а вие до припор сте биле... После државава пропаѓа, па како да не пропаѓа...
Па кај ќе идеме со едната коза? На терен со поголем наклон, ко Припор. Сигурно дедо ти тука ординирал со козата. Ќе пробам и јас, може златна трева има низ Припоров.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Ова америчкиве сапуници со богаташи лошо влијаеле на луѓето.
Па еден период со 12.000 денари живеевме пет члено семејство па денес ништо не ни фали
Прочитаj ми го постот аман! Не ти зборам за ЕДЕН ПЕРИОД туку за ДЕНЕС. Одгледаj дете со 300 евра ДЕНЕС да те видам.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Прво, не ми се допаѓа формулацијата „креирање“ на семејство...

Второ, секој е господар на својата лична привилегија да живее (иако никој не се родил по своја желба). Одлуките кои ги носи во животот се негови/нејзини, следствено и одговорностите кои произлегуваат од тие одлуки...

Трето, што се однесува до мене, туѓа ми е појавата на „материјализирање“ на животот до таа мера што, не знам, редовна плата и низа удобности се ставаат како предуслов за раѓање деца... се праиме ко да ја знаеме иднината - ако имам удобност и материјална сигурност денес, не значи дека така ќе биде и утре... затоа, кога се создава семејство, мислам дека една најважно е на децата да им се понуди љубов.... а тоа го нема како „состојка“ во листата за плата...

Ама, ова зборувам напамет, сепак, тука има членови кои знаат од искуство, што можеби е единствено релевантно за да се даде издржано и искуствено поткрепено мислење на темата....
 

Altair

Шмеќер
Член од
30 јуни 2008
Мислења
306
Поени од реакции
192
Чим имате компјутер да штракате и доволно џепарлац да си платите интернет пристап - имате и услови. ајде сега доста паламудење сите на клепање деца сместа!
 
Член од
30 јули 2012
Мислења
22
Поени од реакции
18
Од лаички социо-економски муабети, на лаички филозофски муабети. Ме интересира каква е таа „себичност“ на неоставање потомство? Себичност во однос на кого? Недетето? Партнерот? Општеството? ВМРО?
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
За мене пак е себично да се изнајадеш и изнапиеш по кафеани, да ги прошеташ сите мориња од околината, да се изнавозиш коли, да се изнакупуваш телефони и компјутери па после да мислиш на дете.
И за мене семејството е со највисок приоритет. Но тоа не значи дека треба да чекам да купам сопствен стан и да имам најмалку 20 000 евра на банкарска сметка за да ми тече камата па после да размислувам на деца. Тие работи се развиваат паралаелно. Како ќе си ја градиш кариерата така ќе ги одгледуваш и децата. Ниту деца па богатство, ниту сол и леб па деца.
Всушност тоа е и целиот проблем,бидејќи од нивните родители не им било овозможено тоа.Сега работат имаат солидни примања и ќе уживаат во животот,апокасно ќе му ја мислат на деца,кога детето нема да знае дали тоа му се мајка и татко или баба и дедо.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.187
Поени од реакции
14.460
Во денешни услови, за едно дете потребно е ти и партнерката да имате заеднички примања од вкупно 3500/4000 евра месечно и тоа под претпоставка дека веќе имате ваш дом (2000 евра еднократно одат за облека, креветче, реновирање на собата, молераj, играчки итн итн, 1000 евра одат за сметки за струjа, вода, бензин, интернет и минимум 400 евра за храна месечно) за да обезбедите нормален живот за детето.
Ти бе се заебаваш? 4000 евра месечно примања за двајцата (и тоа да имаш и стан) за да можеш да му обезбедиш нормален живот?
1000 евра на сметки?
У кој свет живееш бе дечко?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom