Кога и најдоброто не е доволно

Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.226
Поени од реакции
954
Ova kaj naas na fakultet e cesto: ke se preucis za nekoj ispit i pak ke dobies 6-ka. Vo takvi slucai retko koj odi da prepolaga za povisoka ocenka bidejki ima uste kup ispiti koi sledat ponataka. Jas konkretno dobiv angliski 9-ka i sakav da prepolagam za 10-ka ama nemase nikoj isto sto sakase da prepolaga so mene pa se otkazav i ucev drugi ispiti. Posle toa, se naviknuvas pa ti se prefrluva i vo sekojdneven zivot da se zadovolis so rezultatot.
 

Птичји Грип

Без влакна на јазикот!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
770
Поени од реакции
9
Кога мојот максимум за некој е минимум нека иде у 3 п.м.
Значи ја сум слеп.
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
sakam lugeto da mi kazat kakov efekt sum postignal kaj niv so toa so sum go srabotil!tie so me poznavaat znaat deka za malku raboti se vlozuvam celosno i go davam maksimumot!ako kazam deka mozam podobro toa e zatoa so navistina toa go mozam mnogu podobro!no dokolku sum svesen deka ne moze povece od mene(a na drugite ne im e dovolno)togas nema so da se bunat!toa sum jas i mojot maksimum!
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
има баш сеа брзо имав таков случај .. мн се трудев дадов се шо можев да дам и на крајот испадна ништо :toe: ... криво ми е , мн ми е криво , сеа малце ќе одморам па после најверојатно од почеток :toe:
 

Black Night

Galvanize
Член од
25 септември 2008
Мислења
327
Поени од реакции
20
Таа македонската приказна ја знаете со паланѕата. Каква е оваа палаѕа неправдини што дели. ХАХАХА. Човечкото око ненаситно. :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Што кога за тоа што го работите се трудите максимално и на крај излегува дека е најдобро сработено од вас, а сепак за другите тоа не е доволно?
Ја земате во раце уште еднаш истата работа за да им удоволите уште повеќе или се откажувате и продолжувате понатаму сигурни во себе дека тоа е најдоброто од вас? Дали коментарите на другите (на кои поточно?) се пресудни во оцената за вашата работа или само вашите мислења?
А што за вас лично ако на крај испадне дека и најдоброто направено сепак не е доволно? Би се поправиле и усовршиле или би кренале раце од конкретната работа и би се фатиле веднаш за некоја друга?

п.с. Темава не се однесува само на работата како работа ... може да биде тоа и одговарање на училиште по некој предмет, исчистената ваша соба, вашиот труд околу одржување на едно другарство или врска итн итн итн ...
Значи секогаш, колку и да сме сработиле, колку и да сме го дале најдоброто од себе, ненаситното човеково око (посебно на оној кој го дава коментарот), секогаш е спремно да побара повеќе, и секогаш е способно да каже дека може подобро. Па ако ги погледнеме сите факти, можеме да се осврнеме на една стара поговорка: Секогаш може подобро...
Значи без разлика дали самите за себе сметаме дека сме го постигнале максимумот и оставаме онака како што е, или продолжуваме да се трудиме, едно мора да сфатиме. Секогаш ќе има шанса за подобро, без разлика колку и да сме сврсто уверени во себе.
Јас лично, никогаш не сметам дека нешто што сум направил е мојот триумф и дека неможам повеќе од тоа. Секогаш сум бил, сум и ќе бидам свесен дека и да се задоволам сепак морам да постигнам повеќе и од тоа за кое другите можеби ќе мислат дека е врв.
Обожавам предизивци и секој пат се обидувам да се надминам сам себеси. Раце не кревам од ништо. Ако нешто почнам го терам до крај, без разлика дали исходот ќе им се допадне на другите или ќе биде лична моја сатисфакција...
Не живеам како што живеам за да им се допадне на другите или пак за да ми речат дека можам да живеам и подобро. Живеам онака како што јас сакам, се трудам да живеам колку подобро можам, но секогаш ми останува една мисла во глава која веќе ја кажав. Секогаш можам повеќе...Не само јас...Сите секогаш можат повеќе...:toe:
И она што го правам јас, го правам прво за себе а потоа за другите. Како што кажав и на почетокот: За другите секој подвиг ќе биде мал и недоволен.
 
Член од
18 ноември 2007
Мислења
609
Поени од реакции
41
Ако во тоа што сум го сработила сум внела максимум од себе ,нема да го гледам крајниот резултат ,секогаш ќе има некој кој можеби ќе го сработи подобро, мојот максим ќе биде тој што сум го дала.
 

Црвено

Am I pissin' u off-fa-fa?
Член од
12 септември 2007
Мислења
1.227
Поени од реакции
81
убава тема :)
Кај мене ова е проблем (во првиот пост вели дека не морам да зборувам генерално, туку и за одредена работа). Зашто проблем? - Затоа што кај мене дома сите биле секогаш одлични во училиште, сите дипломирани, го барааат истото и од мене (нормално и јас го сакам тоа и го имам, до сега). Ова е проблем затоа што скоро никогаш не се задоволни од моите резултати, ако е четворка, зашто не било петка, ако е петка, пак зашто не е со можни, се нешто им смета, да, јас учам за мене, го знам тоа, но нормално дека сакам да чујам пофални зборови од моите дома (од кого, ако не од нив). Мајка ми е подобра, па со неа си правам муабет за во училиште, а на татко ми само сведителството му го покажувам, а пак не е задоволен (и ако се сите петки), тогаш ми замера за неоправдани :tapp: ама научив да не се замарам :)
 

Smile=)

културно-вулгарна
Член од
13 октомври 2008
Мислења
510
Поени од реакции
27
Хм..ова се случува речиси секојдневно.. кога за сите околу мене мојот максимум не е доволен.. Честопати поради ова ми се расипува денот.. Се трудам да ги игнорирам тие критики. Се што правам, го правам најпрво лично заради себе не заради некој друг. И се додека знам дека ЈАС сум го дала својот максимум сум задоволна од себе..

Сепак.. ЈАС најдобро си ги знам своите можности..:toe:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Не се замарам... Се што правам, доколку го правам со кеиф, ке го дадам максимумот од мене. Доколку на некој тоа не му е доволно....... Нека најде некој подобар од мене. Толку. Едноставно си ги знам можностите и знам што можам да направам.
 
Член од
6 ноември 2007
Мислења
848
Поени од реакции
44
Па не вложувам секогаш максимум во работите што ги правам,не знам едноставно не сакам да се внесувам до крај,затоа што ако не успеам во тоа,се разочарувам,па затоа не сакам да ризикувам..И иако не го внесувам својот максимум задоволна сум секогаш од мојот труд,а и најчесто и другите се задоволни...Знам да си ценам нешто што правам,и ако другите ми речат не е доволно или не се задоволни од било што,мене не ми е битно ако јас сум задоволна и ми е убаво...
 
Член од
24 август 2008
Мислења
1.120
Поени од реакции
163
Што кога за тоа што го работите се трудите максимално и на крај излегува дека е најдобро сработено од вас, а сепак за другите тоа не е доволно?
Ја земате во раце уште еднаш истата работа за да им удоволите уште повеќе или се откажувате и продолжувате понатаму сигурни во себе дека тоа е најдоброто од вас?
Епа сега зависит од околностите и пошо јас ќе зборвам за училиште, сметам дека и не е толку битно шо сум добила 4 место 5 а сум учела премногу.Шо е мое ќе си дојт.Сум учела шо е најбитно и секако дека ќе ми е криво ама ако е до професорот се навикнав дека колку и да се бунам ништо не бидвит а чим е то мојот максимум немат шо да се борам понатака.Можда да би било за ншето поважно би, ама вака...ноуп

Дали коментарите на другите (на кои поточно?) се пресудни во оцената за вашата работа или само вашите мислења?
Пошо во мојов случај се то професориве сметам дека да, се пресудни пошо сепак не можам против нив.Колку и да мислам јас дека сум била за 5 тие кажвет шо и како.А да е само моето мислење немојт пошо нормално јас сум пристрасна со то мислење и можда па и не сум учела доволно а мене ми изгледало премногу во моментот.

А што за вас лично ако на крај испадне дека и најдоброто направено сепак не е доволно? Би се поправиле и усовршиле или би кренале раце од конкретната работа и би се фатиле веднаш за некоја друга?
Па доколку е драстична разлика меѓу моето мислење и мислењето на професорот, на пример јас сметам дека требит 4/5 а тој ми пишит 1/2 нормално дек ќе пробам да попрам и да му покажам дека не сум за 1 а ако е упорен во својата одлука или јас нешо многу сум згрешила или тој е нешо со нервите пореметен и ќе се прајт муабет со класнава и слични гомненици.А измеѓу би се фатила и за друга работа како следна опција ако ова скроз пропаднит да иам бар на нешо друго да се извам а не да се разочарам па сиве оценки лом да ги напрам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom